Нашата позната пејачка, борец за лицата со ретки болести и хуманитарец Ребека Јанковска-Ристески, во едно интервју за Репортер отворено говореше за нејзиниот син Маркијан.
Тоа е најстариот син на Ребека и нејзиниот сопруг кој е лекар, Милан Ристески, а кој е дете со ретка болест – тубер озна скл ероза. Таа зборува за тоа колку нерви и трпение им требаат и неа и на нејзиниот опруг за да се прифати фактот и да се носи човек со сето тоа.
„Со Маркијан секој ден е нова прикзна, искушение, одговорност. Но, јас веројатно сега се носам добро со сето тоа.
Кога решив јавно да проговорам, значи сум завршила со моите проблеми и прифаќањето на фактот дека Маркијан е дете со посебни потреби.
И ние имаме дома со Мики кризи, затоа што на Маркијан состојбата е променлива. Нам секој ден ни е искушение, затоа што самата болест е таква. Постојано бараме светски мислења, разговараме, читаме“, вели Ребека.
Зборувала и за близнаците Доротеј и Макариј за кои вели дека се плаши да не ги разгали.
„Ми е криво што некогаш не можам повеќе време да минам со нив. Сакам со нив да сум сегде, да им се радувам, се да правам, секој момент да го вкусам. Но, тоа го направи Маркијан.
Неговата состојба беше лоша и не можев да уживам во неговите игри.
Влегов во продавница за играчки и плачев кога тој беше мал, не реагираше на ништо. Со близнаците е поинаку, се плашам дека ќе ги разгалам,“ искрена беше Ребека кога близнаците ѝ беа помали.
Сега, тие имаат 9 години, а Маркијан има 16 и се едно поголемо и среќно семејство и покрај сите предизвици и препреки кои стојат пред нив. Ребека е убава и негувана жена која внимава на својот изглед.
Ребека, што се однесува до здравиот живот, си дала предизвик самата на себеси дека ќе ослабе и ќе се врати во форма и на својот Фејсбук профил, таа објави и на кој начин ќе го стори тоа, но кажа и за една своја болна повреда: Денес започнува мојот фитнес предизвик!
10 дена дома со 3цата мускетари додека се на распуст,а потоа теретена! Целта е да се вратам во форма и ослабам 8 кг.за 3 месеци. Бавно,но здраво.
Пред 2 год.и 9 месеци го ски нав мускулот на потколеницата на две места поради пад на скали, на десната нога и бев скоро 3 месеци на штаки, а поради ко видот и децата кои беа дома онлајн не можев да одам на физикална.
Процесот на заздравување одеше бавно и единствено што можев да правам е да пешачам многу бавно и 10 дена да сум на море!
Прв пат во животот толку време сум без вежбање. И трудна вежбав. Посакајте ми среќа!“, напиша Ребека.
Ребека сега сподели како и колку на дебн таа вежба и слабее, и откри на кој начин тоа го прави и со што се храни за да дојде до својата сакана цел и добра форма.
-Вчера вечерта го земав моето прво термички не третирано дневно мени! 11 ти ден како вежбам и дневно трошам помеѓу 500 и 700 калории со вежбање.
Бистро Здраво Живо ме поддржаа во предизвикот кој самата си го зададов за следните 2 месеци и 20 дена. Ви благодарам“, напишала Ребека.