Naslovna Zivot Растеле разделени со брат му откако им се развеле родителите, се сретнале...

Растеле разделени со брат му откако им се развеле родителите, се сретнале дури кога имал 17 години- приказна за братот на маестро Џамбазов

Пишувам блуз што се вика „Стариот мој“, кој набргу ќе го промовирам. На концертите за мае строто, а и за сите оние кои не напуштија во последните две години, ќе ја изведеме блуз верзијата на легендарната „Ако умр ам или загинам“.

Ова го изјави нашиот познат актер Игор Џамабзов во едно интервју за Женски магазин, неколку месеци откако неговиот татко, познатиот композитор Александар Џамбазов го напушти овој свет.

Пресреќен сум што татко ми Џамбаз навистина се гордееше со мене, и со се она што успеав да го направам.

Но најмногу се радуваше на мојата одлука да го променам стилот на животот, повеќе да се сакам себе си од другите, и така да ги фрлам на буниште сите лоши филмови од приватниот живот во кои ја играв главнта улога.

Ми недостасува маестрото. Многу.. Неговиот дух, и неговата неверојатна љубов кон мене и сестра ми Тања, кон мајка ми Анче, кон музиката, и воопшто кон животот“, рекол Игор.

На денот кога си замина маестро Џамбазов, 25 јануари пред една година, Игор Џамбазов објави порака од неговиот чичко, кој ја раскажа нивната приказна од детството која малкумина ја знаеле.

– Од чичко ми Ѓоке од Штип. На 25. 01. 2022, во 08:00 часот, мојот роден брат („Бато Ацо”) си замина од овоj свет. Растевме разделени, тоj каj таткото Методи, jас кај мајката Цветанка.

Првиот наш братски контакт беше кога бевме одраснати. Jас на 13, а тој на 17години. На 19.12.1953 ми испрати роденденска честитка, пенкало, музичка книга со желби да го следам неговиот музички пат.

Во тие години паралелно со гимназијата jac го посетував и музичкото училиште под раководство на легендардниот музиколот Серге Михалов кај кого и бате Ацо ги имаше неговите почетоци до неговото заминување во Скопје 1948.

Мојата желба да бидам со бате Ацо ми се оствари бидејќи по завршувањето на гимназијата заминав на студии во Београд, каде брат ми беше при крај со студиите. Jас започнав започнав технологија, а со музиката (Свирев виолина во Окуд Ило Лола Рибар, во народниот оркестар).

Од тогаш, до неговата разделба на овој ден минатата година останавме неразделни, и ќе се сеќавам додека сум жив на неговата мисла својствена за голем брат и уште поголем хуманист.

„Брат, ако имаше што да делиме од нашите родители, ќе се скаравме кој да го земе помалиот дел“, кажал чичкото на Џамбазов во пораката која Игор ја објави. Минатата година, оваа приказна за разделените браќа за објави Сакам да кажам.

-Нашиот татко Методи заедно со нашата мајка Цветанка во 1930 година се преселиле најпрвин во Ниш, а потоа во селото Стапар во близина на Сомбор и границата со Унгарија.

По шест години се раѓа брат ми Ацо. Пред Втората светска вој на нашите родители се враќаат во Македонија и се преселуваат во Кочани.

Во 1943, родителите се развеле. Судот донел одлука помладиот брат Ѓорѓи да припадне на мајката Цветанка, а постариот Александар на таткото Методи.

„Досега сите прашуваат како тоа двајца браќа од иста мајка и ист татко да имаат различни презимиња.

Разводот на нашите родители придонел подоцна брат ми Ацо да го добие презимето Џамбазов, по името на прадедо ми од татко Сане Џамбаз, а јас презимето Гиров по името на дедо Гиро од мајка ми“, вели Гиров.

„Разделбата направи бате Ацо скришум да доаѓа во моето маало кај црквата ‘Св. Никола’ да си играме по цел ден, а приквечерина да оди во неговиот дом во близина на сегашниот театар во Штип.

Кога бате Ацо одеше на одмор во Охрид и ги подготвуваше фестивалите Златно славејче и други, јас одев да го чувам Игор во нивниот дом во Скопје. Ги хранев неговите мачки“, рекол Ѓорѓи Гиров за СДК.мк.