Со секој искачен врв се повеќе се згрозувам од насоката во која се движи човештвото, рече во една прилика Илина Арсова.
Особено, во урбаните средини со наметнат прекумерен конзумеризам, вели Арсова.
Се воодушевувам на едноставноста на животот на локалното население кое живее во пазувите на планините.
Исто како оние рурални средини кај нас, каде вистинските вредности сеуште се донекаде зачувани.
Секојпат сум среќна кога сум на планина, иако тоа не е синоним на „пријатно“.
Секојпат е студено и напорно, но токму тоа ме потхранува во мисијата за поместување на сопствените граници“.
Илина е позната македонска алпинистка, која со успех го заврши исклучителниот алпинистички подвиг „Седум врвови“.
Се искачи на сите седум највисоки врвови на седумте континенти, и стана првата Македонка која успеа да ја комплетира оваа листа.
Но, тоа не е нејзиниот единствен успех – таа листа е многу подолга и се протега во разни сфери од животот.
Таа е дипломиран ликовен уметник (во класата на Рубенс Корубин и Јован Шумковски).
Потоа, таа е магистер по јазици (Филолошки факултет „Блаже Конески“), магистер по бизнис и меѓународна трговија (Универзитет Орлеан, Франција),
дипломиран туристички работник (Факултет за туризам Охрид), туристички водич, ски-инструктор, планинарски спасител, објави Слободен печат во една прилика.
-Би рекла тоа е комбинација од повеќе спортови, вештини и практични искуства.
На пример во совладување на стрмен терен на голема височина, планинарот, алпинистот, се организира во експедициска група каде задачите се делат во тимот.
Секој член треба да биде психофизички подготвен за поминување на таков терен и да биде изложен на екстремни температури и ризик.
Треба да владее техники за качување карпа и мраз, работа со јажиња и извлекување од глечер.
Укажување на прва помош за себеси, партнерот или опремата, но да има познаваања и од метерологија, геоморфологија, топографија и ориентација.
Секојпат сум среќна кога сум на планина, иако тоа не е синоним на „пријатно“.
Секојпат е студено и напорно, но токму тоа ме потхранува во мисијата за поместување на сопствените граници.
Сепак, ако треба да издвојам чувството беше незаборавно на Еверест, Денали и на Антарктикот.
Секако и планината Ама Даблам, која ми е една од омилените, но и вулканите во јужна Америка, …, всушност ги има многу …
-Мајка ми е во душата голем авантурист, слично и татко ми. Тие не одгледале во духот на природата и авантурите.
Јас уште како многу мала сум пројавувала желба да патувам низ светот и колку што се сеќавам, тоа го искажував во сите есеи на слободна тема по македонски и англиски јазик.
Ме воодушевуваше волонтерската работа во подрачја зафатени од природни ка тастр офи.
Адреналинот би рекла од секогаш бил мој сопатник, а спортовите беа најздравиот начин за да го насочам и канализирам“; рекла таа во Слободен печат.

Инаку, Илина Арсова е на докторски студии во Тенеси, во Америка.
Таа вели дека од нејзиниот партнер Игор Џамбазов добила голема поддршка пред да замине на дообразување.
– Зависно од моето темпо програмата може да трае три до четири години.
Најнапред мислев дека ќе може барем дел од тоа да оди он-лајн и да не морам да бидам физички присутна.
Но, со позицијата како професор со полу работно време, по сè изгледа дека целото време ќе треба да сум овде.

Тоа се само неколку позиции на нашиот оддел и Универзитетот навистина многу вложува во нас.
Сега сме на крајот на првиот семестар што е добар знак, бидејќи сите велат дека првиот семестар е најтежок.
Инаку јас сум докторант на одделот за Кинезиологија и Спортски Студии.
Ме интересираат родови науки во спортот како и социо – културниот аспек на спортот.
Тука некаде успевам да го поврзам спортот со уметноста- моите две досега најмногу изучувани области“, рекла Илина за нејзиниот претсој во Америка во Женски магазин.
Илина Арсова објави една нејзина слика на која изгледа топ, со фармерки и кратка маичка, нашминкана и со топ фризура.
Таа на оваа слика рекламира моден дизајнер, кој ја дотерал во издание во какво што досега не сме ја виделе, како профи модел.
