Naslovna Zivot Лозано уште чува нејзина слика на Фејс, а еве што прави неговата...

Лозано уште чува нејзина слика на Фејс, а еве што прави неговата бивша, згодната Савка – со вакво деколте не може да се пофали секој (ФОТО)

Во 2013 година, Сава Грачанин беше втора придружничка на изборот за Мис на Македонија.

Во тоа време,таа беше во врска со пејачот Влатко Лозаноски- Лозано, кој во тоа време изјави дека е горд на својата девојка и нејзината титула за убавица.

Тој избор за убавина го има искритикувано порталот Мак мода кој даде свој коментар за тоа како се одржа Мис на Македонија и во него имаше само лоши коментари, но тоа не ја засени убавината на Сава.

-Од несреќно избраната тоалета и простор за движење до само едно појавување на девојките во костими за капење преку грешките во „крунисувањето“ до лентите на кои со фломастер беа испишани титулите…

21-годишната Кристина Спасеновска од Кичево е новата Мис на Македонија која ќе ја претставува Македонија на Мис на светот, настан што ќе се одржи во Индонезија.

Прва придружничка е Михаела Иванова од Скопје, а втора придружничка е Сава Грачанин од Валандово.

На сведоците на настанот на кој потфрли организацијата сега им е јасно зошто од дузина преубави девојки кои ги гледаме низ нашите улици ниту една нема желба да се пријави на ваков натпревар“, пишуваше тогаш Мак мода.

Кога се пријави на овој избор, Сава имала 22 години, а сега има 32 и работи во Топ шоп. Савка, како што ја викаат пријателите и Лозано беа долго во љубов, па се верија, но потоа ја раскинаа веридбата.

Моделот Савка Грачанин, која што му беше свршеница на поп пејачот Влатко Лозаноски – Лозано, и по раскинот на свршувачката не го заборавила неговиот роденден, па му упати интересна порака на социјалните мрежи, објави Фокус во 2018 година.

-Ти честитам затоа што си поискусен. Не сум сигурна што си научил оваа година, но секое искуство не трансформира во личноста која сме денес.

Среќен роденден на еден од ретките луѓе чиј роденден го паметам без дури и да ме потсети Фејсбук – објави Грачанин.

Савка и Лозано биле во врска цели девет години. Во 2016 година на своите социјални профили ја објавија веста за запросувањето.

Потоа пејачот изјави дека во нивниот однос нема да се менуваат многу работи, бидејќи долги години биле во врска, живееле заедно, и прстенот на раката на Савка не значи промена во нивниот начин на функционирање.

Исто така, тој тогаш најави дека планира свадбата да се случи во неговото родно Кичево.

На изненадување на целата јавност, Лозано за ,,Фокус’’ потврди дека ја раскинале свршувачката, не откривајќи ги причините за одлуката.

Савка и понатаму работи во Топ шоп. Таа на Фејсбук ја сподели веста за заминувањето на менаџерот – основополжник на брендот, Стојан Јовчевски во јули, во 2021 година.

Голема чест и задоволство ми е што ве познавав и работев со вас…поч -ивај во мир Господин Стојан! (камо секој еден човек да искуси работа со менаџер како вас).

Тој ваш насмеан лик,задоволен и позитивен останува во моите сеќавања“, напиша таа.

Савка неодамна била во Гермнаија и во Турција, и сподели слики на кои изглда топ, а на други слики некој ѝ коментирал дека таа ја надополнува таа убавина на местата каде што патува.

Она што е интересно за убавата девојка од Валандово е дека таа е во врска, како што впрочем пишува на нејзиниот Фејсбук профил.

На крајот од декември минатата година, Сава или Савка, го прославила својот роденден и облекла навистина впечатлив фустан.

На него е истакнато нејзиниото деколте, а на сите слики кои ги објавува се гледа дека таа топ изгледа, што е право, право е.

Лозано пак во една прилика Женски магазин дал интервју и зборувал на многу теми, а раскажал и за неговиот карактер и начин на размислување во одредени ситуации.

Потоа дошло на ред прашањето- тоест она што девојките ги интересира, поточно неговите обожавателки:

Сè уште е енигма за јавноста твојот љубовен живот. Дали си вљубен и емотивно исполнет?

Лозано кратко одговорил, но признал дека има девојка и е вљубен, а тој инаку откако раскина со Савка не зборувал за љубовта.

-Да, сум, благодарам на прашањето, сега засега одлично се чустувувам“, изјавил Лозано.

Но, и покрај овој одговор, на неговиот профил се уште може да се забележи дека има слика со Савка, и покрај нивното раскинување, тој не ги бришел сликите со неа.