За оваа наша позната фолк пејачка, минатата 2022-ра и беше една од најсреќните години зашто кон крајот на септември го ожени синот Даниел, кој е исто така пејачк како и мајка му.
На убавата Даниела Темелковска новата 2023-та година не можеше поубаво да и започне, а на 4 јануари на својот Фејсбук профил објави и зошто е тоа така и каква радост ѝ се случи.
Имено, пејачката стана баба и го доби своето прво внуче… Или поточно внука, а малечката принцеза веднаш го доби и своето име. И тоа вистинско македонско, прекрасно име – Јана, објави Вистина.
На среќата на гордата баба и нема крај, па таа веднаш ја обзнани радосната вест и на социјалните мрежи, обидувајќи се да го раскаже неописивото чувство на радост кога една жена за прв пат станува баба:
„Колку е убаво чувството кога прв пат стануваш баба, а тоа чувство не се опишува само се доживува, нека ми е жива здрава и среќна внуката Јана, а јас како баба секогаш ке ја милувам и посипувам со љубов од срце и од душа.
А, на моите деца им благодарам за најубавиот дар и Бог да ми ги чува!“ – споделила пејачката на својот Фејсбук веднаш по раѓањето на малечката.
По ова, блиските, пријателите, познаниците, но и нејзините обожаватели и следбеници веднаш и возвратија, опсипувајќи ја со стотици честитки, благослови и емотикони.
Даниела Темелковска е една од омилените и најатрактивните пејачки меѓу народот која секогаш знае да направи убава атмосфера, која изгледа одлично и се грижи за својот имиџ.
За нејзиниот изглед е главно задолжена сестра ѝ, а пејачката во една прилика изјави во што се чувствува најудобно. „Дома по пижами обожавам да седам, а надвор повеќето сакам по спортски да бидам облечена“, рече Даниела за убава.мк.
За Даниела оддамна е познато дека годините се се само бројка, па иако е веќе зрела жена, изгледа како млада девојка, или што би рекле младите во жаргон таа е „авион“!
Иако Емилија не толку позната, сепак не е непозната, зашто јавноста најмногу ја знае од дует песните и видеата токму со сестра и Емилија.
Особено атрактивна е онаа од пред неколку години со наслов: „Нема дилема“, објави поглед.мк.
-Нема жена што не е убава, за мене убавината доаѓа од внатре, здрава храна, малку спорт, секојдневна грижа за себе и сето тоа зачинето со љубов“, изјави Темелковска.
Таа додаде дека она што најмногу сака да го пее се старите македонски песни, и рече што би сакала да биде ако не беше пејачка:
„Бидејки сакам да им помагам на луѓето, би сакала да бидам доктор.“
А младиот татко, Даниел, откако стана татко скоро а неговата убава половина Ема мама, не седи со скрстени раце.
За фамилијата мора да се печали, а тука секако помага и младата и згодна баба Даниела.
Па така, Даниел и Даниела со здружени сили настапуваат овој викенд. Малата Јана е уште многу малечка.
Но очекуваме наскоро среќната баба да се пофали со нејзина фотографија, а ова е згодната снаа на Даниела, Ема.