На 3 февруари, маестро Александар Џамбазов ќе наполнеше 87 години. По тој повод, Игор Џамбазов од Дојран, рано утрото минатата година, ја испеа неговата песна „Довидување“, која му ја посвети на својот татко.
– Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години. Ова е еден од неговите најубави рефрени… Довидување, маестро мој…“, напиша Џамбазов до ова видео.
На 25 јануари, точно пред една година маестро Александар амбазов си замина во веченоста. За упкојувањето на својот татко, Игор прв објави на својот Инстаграм профил.
-Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче… вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој…“, напиша Игор Џамбазов ја Инстаграм за својот татко.
Игор Џамбазов објави црно-бела слика од неговите родители, Александар и Анче Џамбазови од нивната венчавка, и напиша: „За некои луѓе, с мр тта е само ваучер за во вечноста…„ За жал, маестро Џамбазов не го дочека својот 86. роденден.
Александар Џамбазов е роден село Стапар, Војводина. Тој беше македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го мина во Македонската радио-телевизија, како диригент на танцовиот и ревискиот оркестар.
Џамбазов е втемелувач на македонската детска и популарна музика со голем број на изведени, снимени и печатени и наградени дела во земјата и странство, истакнат општествен деец во целокупната музичка култура, за што е добитник над 40 стручни и општествени награди и признанија во Македонија и во поранешна СФР Југославија.
Добитник е и на Државната награда „11 Октомври“, Наградата на град Скопје „13 Ноември” и др.
Маестро Александар Џамбазов е еден од основоположниците на Танцовиот и Ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија, на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ и на најпознатиот, најафирмиран и еден од најстарите музичко-детски фестивали во Европа „Златно славејче“.
Неговиот исклучителен придонес е и во музичкото исполнителство како диригент со над 40-годишен непрекинат и континуиран работен стаж, и како несебичен пропагатор на опусот на македонските композитори од овој жанр.
Во неговиот богат творечки и интерпретавен опус се обединети сите негови животни и креативни настојувања на взаемно преточување на „сериозниот” и „популарниот” жанр врз кои базира целото негово творештво што опфаќа оркестарски, хорски, камерни дела, забавни мелодии, песни за деца, музика за филм и за театарски претстави.
Денеска, Игор по повод годишнината од загубата на татко му, го објави ова на својот Фејсбук и Инстаграм профил:
-Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си ја напишал. Сигурен сум дека си добар таму горе. И нека не ти е мака што не си овде долу, со нас.
Да ти кажам искрено стари, ништо не си пропуштил. Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш.
Она што вредеше во годинава што летна се љубовта и почитта од луѓето за тебе, изразена во малку солзи и уште повеќе насмевки.
Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот“, напиша Игор.
Кога наполни 85 години, Џамбазов раскажа приказна за ММС, а од таму го прашаа како го слави роденденот, а тоа беше во времето на пандемијата.
– А, како славам. Па јас сум зат вор- еник, не излегувам од дома или тоа е многу ретко. А, што ќе славам. Мојот живот без Анче е тр агикомедија. Јас сум медицински феномен.
Имам шеќер 25 години и за овие години на контрола не сум отишол. Не сум бил на контрола 24 години, а 22 години не сум го мерел шеќерот“, изјавил лани за ММС композиторот.
Ме држи љубовта кон Игор и Тања. Тоа ме одржа во живот. Инаку, без Анче немаше да преживеам“, изјави Александар Џамбазов.
Тој додал дека пие по една чаша црно вино за ручек и за вечера и дека излегува до пазар еднаш во две недели.