Макеедонката Добрила Ивановска Чабриќ, најстарата учесничка во регионалното шоу „Никогаш не е доцна“, зад себе има тешко минато. За време на во јната нејзината мајка морала да ја продаде куќата и да заминат од Македонија.
Добрила остана запаметена како феномен, во музичкото шоу “Никогаш не е доцна“ откако целиот регион го освои на своката 90 – годишната возраст, оваа шарматна дама од Дојран.
Уште првото појавување на музичката сцена на „Гранд“, таа ги освои присутните и беше наречна “чудо од баба“. Секогаш се чекаше нејзиниот настап и да го наполни студиото со позитивна енергија.
На снимањата на „Гранд“ од Дојран до Белград пристигнуваше со нејзиниот автомобил, а неколку пати има изјавено дека среде ноќе оди и во казино за да ги масира жените.
Со нејзината ведрина и волја за живот таа стана фаворит во шоуто, а многумина ја обажаваат и „завидуваат“ на нејзината енергија.
За нејзиниот изглед и виталност зборува целиот регион, а со своите изведби успеа да расплаче многу музички ѕвезди меѓу кои и Цеца Ражњатовиќ, Маја Оџаклиеска…
Добрила некогаш беше голема ѕвезда во Русија и Кипар, а денес ја нарекуваат „чудото од баба“ од Македонија.
„Потекнувам од мешовит брак, со татко Македонец и мајка Србинка. Некое време живеевме во Гевгелија, но поради Втората светска во јна моравме да го напуштиме домот.
Во рок од 15 дена мораше да ја продаде куќата и да ја напушти Македонија. Беше сама, бидејќи татко ми цело време беше на работа во Србија. Тогаш се преселивме во куќата на дедо ми во Пожаревац, вели Ивановска.
Добрила не сакаше да се пријави на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ затоа што на нејзиниот син не му се допаѓаат вакви емисии, но на инсистирања на пријателите таа се пријави и ја помина аудицијата.
Добрила е една од победнците на овагодинешното издание на музичкото шоу. Таа вели дека е среќна поради тоа, но не планира да застане.
„Среќна сум поради победата и ова е круна на се што работев досега. Не сакам да застанам, се надевам на некој ангажман во Белград и дека ќе добијам некоја монодрама.
Мислам дека ќе живеам 100 години и имам време да направам уште многу работи. Не сакам по оваа победа да исчезнам како комета, вели Добрила.
Инаку, Добрила живее во Дојран, па секогаш кога треба да оди на снимање во Белград, таа патува со сопствен автомобил кој таа го вози. Со нејзината харизма, енергија и волја за живот ја освои публиката во регионот.
Добрила живее во Дојран и раскажа зошто ѝ е таму поубаво. „Воздухот е почист, секаде можам да стасам, никаде не се брзам“, рече Чабриќ. Таа сега има 95 години и изгледа одично и витално.
-Самото Дојранско езеро е чудно, има многу јод. Кога ќе дојде лето едвај чекам да му се пружам, оти тоа ме држи како морска вода, ќе си легнам и ме носи. И ќе пливам и ќе се одморам, и ќе медитирам, прекрасна вода“, рече Добрила.
– Најголема поддршка ми даде Општина Дојран и многу му се заблагодарувам на градоначаникот Ангов, затоа што тој многу направи и за Дојран и за мене. Еве, сега треба да ја печатам книгата, тие ми дадоа финансиска помош.
Потоа, имав проблем со очите, имав една непријатна ситуација.., не су -дар, ама момент да не удрам еден возач на пат од Белград за Скопје.
Кога дојде оној момент кога морав до 8 часот навечер да бидам во Скопје зошто се затвораа границите, а јас во 4 часот бев во центарот на Белград, а моите ми јавуваат: „Бе -гај од Србија зашто се затвора границата.“
Јас набивам 130-140, и кај Лесковац, една кола беше пред мене, а беше веќе пред стемнување, и нагло застана, и јас за да не го у-драм, нагло на лево, бам во банкина, одзади ми ја удри колата тој, па на десно, па на лево, и отидов во трева.
Застанав, и почнав да се тре -сам. Значи, толква рефлекс и таа брзина, да не го удрам човекот. Кога гледам иде:
„Абе, сестро, дали си заспала ти?“ Абе, како заспала, ти застана. Абе, на мене ми се дупна гумата- вика тој.
Мене ми заиграа живците. Под ст -рес сум. Сакаш ли нешто, ништо не сакам, бегај да не те гледам. И, си тргнав полека, и оттогаш јас повеќе од 80-90 не возам“, рече Добрила во една прилика во интервју за Сител.
Добрила сега изгледа одлично, ништо не е променета од времето кога пееше на „Никогаш не е доцна“. Нејзиниот Фејсбук профил е полн со среќни и позитивни слики од дружбите со нејзините пријатели.
Една од сликите е од нејзината кујна, за која пријателка рекла дека таа е секогаш средена и покрај нејзината возраст.