Naslovna Zivot За ова нешто ѝ е на Маја Гроздановска многу криво, жали што...

За ова нешто ѝ е на Маја Гроздановска многу криво, жали што не било поинаку во животот

Маја Гроздановска- Панчева и нејзиниот сопруг Дарко Панчев се среќни што во Новата година, сите се живи и здрави и се на број. Таа во една прилика се присети на една интереснаНова година која ја имала.

– Кога бев помала славев во кругот на семејството во Влае, каде што живеев, и многу се радував на тие моменти посебно кога паричката за Бадник ќе ми паднеше на мене.

Можеби најинтересна Нова Година на која се сеќавам беше кога со Дарко ја прославивме во еден клуб во Милано а јас бев во шести месец бременост со Надица“, вели Маја за Женски магазин, и додава дека во нивниот дом се купуваат подароци за Нова година.

-Тука сум јас, и ме има толку, можеби колку има и естрада во Македонија и тоа со години. Некако исчезна се. Постојано се прашувам зошто не ги пуштаат моите песни а секогаш ги носам цд-ата по радиа и спотовите по телевизии?

Навистина не ми е јасно“, кажала Маја во едно интервју за Куларт а потоа во истото интервју раскажала за уште неколку интересни нешта:

–Мислам дека не води никој сметка. Јас немам менаџер, никогаш во животот сум немала, се сама правам и се трудам навреме мојот матерјал да стигне до медиумите. Но, за жал не ги пуштаат.

Се случува на пример еве песната „ Остави ме да горам“ од Калиопи, со спот од Александар Ристовски-Принц, која е направена пред години, да ја слушнат на некоја свирка посебно на свирките во Кафе 9-ка кои ги правиме заедно со Ѓорѓи, и да ме прашаат „Маја, нова песна ти е„ ?

Среќа што постојат интернет портали, фејсбук, социјални медиуми, па имаш можност да ја ставаш песната и допира до народот т. е. до слушателите. И дефинитивно, да така е, нема кој да се грижи како што беше случај во одминатите години.

Тогаш се знаеше дека има новинари, емисии, медиуми кои сакаат да знаат кога нешто има ново, кои доаѓаа, те прашуваа, снимаа, ги пласираа песните. Можеби пак, се сменија времињата.

Порано музиката беше поедноставна и послушлива за луѓето. Мислам дека новиве генерации, еве на моите ќерки сакаат на пример по цел ден рап да слушаат, нешто ново ….

Не знам, се прашувам често зошто дојде до оваа состојба? Но, сепак сметам дека нема критериум, нема медиуми, нема емисии, топ листи, активни слушатели и гледачи…

Најголемо разочарување ми е МТВ, никаков однос кон емисиите на музиката. Се на се една емисија, без соодветна реклама, кој слушнал, кој видел“, рече Маја и потоа додаде за нејзината работа во операта:

– Јас го доживувам како нешто најубаво што ми се случува последниве пет години. Јас сум таму со музиката, со колегите, Елена, Марјан … јас имам можност да сум на сцена..некако сум своја.

Криво ми е што и порано не се одлучив на тој чекор. Едноставно Операта ми дава можност, музиката да биде дел од моето секојдневие, односно да го правам она што најубаво знам да го правам и најмногу го сакам, а тоа е пеењето.

Музиката со Операта и во неа стана дел од мене, нешто што во еден период многу ми недостасуваше. Среќните години, кои веднаш штом ќе се сетам на било што од нив се годините кога почнував со групата „Бумеранг “.

Тогаш студирав, одев секоја вечер на свирка, го правев тоа што најмногу го сакав и навистина тој период ми е најсреќен. Среќна бев што и дома на моите родители можев да ги почастам од заработените пари а тоа ме правеше многу горда.

Тоа беше за мене во мојата професија најсреќниот дел“, рекла Панчева.

Во интервју пак за Женски магазин, таа искрено кажала за што ѝ е криво, нешто што можеби требала да го направи, а не го направила.

-Можеби ми е малку криво што не направив поинтензивна кариера, но се посветив на фамилијата и децата. Секогаш сум правела онака како чуствувам и мислам дека е подобро за мене, ако решам да се повлечам од нешто, тоа ќе го сторам дури да е и на моја штета.

Музиката е безвременска и никогаш не е доцна за песни“, раскажала Маја Гроздановска- Панчева со оптимизам.