Naslovna Zivot Водителката Mилена го смени имиџот: Снеже Велков најдобро ѝ одговори на што...

Водителката Mилена го смени имиџот: Снеже Велков најдобро ѝ одговори на што изгледа (ФОТО)

Една од најубавите наши ТВ-водителки, Милена Антовска-Станковска стана препознатлива по утринската програма на Канал 5.

Милена неодамна за Женски Магазин зборуваше за една непријатна случка која ѝ се случула со извесен обожавател.

-Има од сѐ по нешто. Има интересни ликови кои најчесто кажуваат или пишуваат позитивни коментари, но има и такви што се опседнуваат.

Имаше еден гледач кој постојано ми праќаше писма, со песни и исечоци од весници, не ги ни читав искрено.

Но, работата отиде до таму што почна да ме мал третира по телефон. И на работа, и кај нас дома, и дома кај моите. Многу беше упорен, праќаше и некои пакети.

Морав да пријавам во пол иција, во две пол ициски станици, и во Карпош и во Ѓорче Петров. Тоа заврши откако интервенираше поли цијата, ете до таму отиде работата.

За среќа заврши позитивно, се надевам дека нема да имам веќе непријатни случки“, изјавила Милена за споменатиот магазин.

Tаа зборувала и за својот сопруг Гордан, како тој реагира на нејзината работа и за тоа како тргнала нивната љубов. Денеска, имаат две ќерки, Лана Марија и Јоана.

-Сопругот во принцип е лабав и опуштен по тие прашања (за среќа). Ако побарам од него да интервенира во некоја ситуација тогаш ќе се вмеша, во спротивно не. Знае што работам и свесен е дека ќе има секакви ситуации.

Немавме некое необично запознавање за да раскажувам. Социјалните мрежи дополнително помогнаа како и кај повеќе парови во денешно време.

Најмногу сакам што знае да ме насмее, одличен татко е и многу добро готви“, изјавила Милена.

Потоа, ја прашале: На која своја особина си најгорда, а што би сменила кај тебе, и ако би требала да ја смениш професијата, со што би се занимавала? Таа на ова одговорила вака:

– Што би сменила? Порано на ова прашање одговарав со тоа дека ми променила тоа што брзо избувнувам, но сега искрено од оваа гледна точка мислам дека ништо не би променила.

Со сите доблести и маани тоа сум јас. Затоа ме сакаат и почитуваат најблиските и затоа имам публика која што ме сака.

Чесноста и нерасипаноста се мои карактеристики за кои другите луѓе велат дека ги поседувам. Пред некое време на една слика напишав „Ако не бев водителка ќе бев пејачка“.

-Скоро секогаш сакам да знам што ќе ми се случува и што ќе биде. Животот сам по себе ми е возбудлив, тоа што ја имам улогата на мајка исто така, затоа што секој ден учам нешто ново и менувам навики на подобро.

Јас сум човек што подобро функционира наутро, навечер веќе снемувам енергија и си легнувам доста рано“, рекла Милена.

-Се обидувам секој слободен момент да го поминам во природа, а во последен период одам на Водно.

Искрено најубаво ми е сама, затоа што тогаш се поврзувам на некој начин со себе, а доле во градот не можам да го постигнам тоа, најчесто заради технологијата која меѓу другото ми треба и за работа…

Пешачејќи имам време да си размислам што сакам, што имам, што ми недостасува, итн… Не брзам никаде, тој час, час и половина е само за мене.

И додека сонцето ме печеше така убаво си размислував што е она што во животот го земам здраво за готово?!

Малку се подисплашив кога сфатив кои работи не сум ги ценела доволно, а на што се’ сум давала непотребно време, внимание и значење.

Но, човек учи додека е жив нели“, напиша Милена која исто така изјавила дека се бо ри со анксиозно ст веќе долго време.

Милена постојано изненадува со нејзините модни креации, па на последната фотографија која ја објави на Инстаграм изгледаше многу интересно, а воедно и сензуално.

Mилена облекла кратка сукња, која ја надополнила со џемпер и чизми на висока потпетица, а во описот прашала дали изгледа како тенисерка или средношколка, што навистина водителката многу потсетува и е нешто во средина.

Но, Снеже Велков одговорила најпрецизно и во коментарот напишала:

„Средношколка запишана на тенис“, а Милена одговорила дека тоа е најдобра опција. Погледнете ја сликата како изгледа водителката и како се држи, навистина е како средношколка.