Naslovna Magazin Теа Таировиќ му фрли око на фудбалер – пејачката проговори колку е...

Теа Таировиќ му фрли око на фудбалер – пејачката проговори колку е тој помлад од неа

Познатата фолкерка Теа Таировиќ редовно носи кратки фустани, тесни топови и здолништа кои едвај го покриваат нејзиното тело.

Пејачката, позната и како „кралица на бакшишите“, често е во центарот на вниманието на јавноста по својот настап бидејќи обично покажува премногу.

За време на настапите ја загрева атмосферата со провокативно играње, а во една прилика се надмина себеси.

Додека таа провокативно си играше во тесен фустан, во еден момент и се видоа градите.

Теа не внимавала на фустанот, туку продолжила непречено да игра и да собира бакшиш.

Теа Таировиќ е пример за пејачка која привлекува големо внимание во јавноста. Многумина го оспоруваа нејзиниот талент и вештини за пеење, но таа го поби сето тоа и покажа дека навистина има талент, па направи вистински БУМ на сцената со песната Хајде -,,Нек ночас гори Балкан”!

Познато е дека нејзиниот изглед предизвикува голема бура, бидејќи е исклучително убава и згодна, а пејачката честопати ги истакнува своето заобленото тело и совршените облини во преден план.

Очигледно, Теа Таировиќ, стана новата кралица на сцената. Атрактивната бринета, која ја започна својата кариера во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, собра 126.000 евра за само два месеци минатото лето.

Имено, во текот на јули и август таа имаше закажано дури 36 гостувања во клубови лоцирани на различни локации во земјата, регионот, на крајбрежјето и во странство.

Почетната цена беше 2.000 евра, но благодарение на песната која лани ја објави, „Хајде“, која стана голем хит и сите пејачи ја вклучија на своите репертоари, Таировиќ успеа да ја зголеми цената, но и стана една на најангажираните пејачки јавува „Курир“.

Кога ќе се повлече линијата, просекот што го зема по изведба е 3.500 евра. Дека новата песна и донесе одлична заработка, сведочи и фактот дека заработи околу 5.000 евра на една прослава на таа песна, за помалку од три минути.

Имено, на Фејсбук се појави видео во кое Теа пее додека околу неа летаат банкноти, а во еден момент парите не можеше повеќе да ги држи во рацете.

Отпрвин, еден човек ѝ дава пари во рацете, а потоа тој започна да ги фрла над неа, на подиумот, додека Таировиќ цело време игра и пее.

Интересно е што меѓу банкнотите не можеше да се види друга валута освен евро, и тоа по 50, 100, 200, 500 евра. Поради огромната сума пари што ја доби пејачката, беше невозможно да се избројат, но според слободна проценка, изгледа како да добила 5.000 евра само за рефренот.

– Не е сè во парите. Не ја предвидувам судбината, не знам колку ќе се заработи – рече во смеа Теа.

Теа е горда што песната стана хит за кратко време, а особено што нејзините колеги почнаа да ја пеат на своите настапи.

Пејачката Теа Таировиќ за српски Курир откри дека покрај моќните настапи, успева да се грижи и за исхраната и тренинзите.

Имено, пејачката откри дека и покрај забрзаното темпо успева да се посвети на теретаната.

– Стигнувам да тренирам, физичката активност е клучот за добриот изглед. Пејачката потоа истакна како поминала претходната година.

– Многу убаво, презадоволна сум. Она што го сакав, го постигнав. Не беше лесно, беше главно психолошко – рече Теа и додаде:

– Немам челични нерви. Посакувам да бев пофлегматична. Не е секогаш убаво да се покажуваат емоции во јавноста.

Таа не сакаше многу да зборува за својот љубовен живот, но откри дека има љубов кон еден фудбалер, ни помалку ни повеќе.

– Јас сум соло. Мора да сретнете некого некаде за да избегнете да бидете сами. Јас немам време. Имам љубов од телевизија. Еден спортист е во прашање, фудбалер.

Не се знаеме, тој е многу помлад од мене. Има 20 години – откри Теа во емисијата „City hype“.