Naslovna Zivot Се натажи обожавател на Елена Велевска, откако од плажа во Америка, таа...

Се натажи обожавател на Елена Велевска, откако од плажа во Америка, таа објави ваква нејзина слика (ФОТО)

Елена Велевска, познатата пејачка од фолк естрадата која плени со својата појава, глас и настап на сцената е секогаш интересна во медиумите и на социјалните мрежи.

Таа во интервју за Слободен печат го изјави следново за нејзиниот приватен живот откако се раздели со Маријан со кого има три деца:

-Сама на себе си станав досадна кога е таа тема во прашање и си ветив дека за прашањата поврзани со она кое што се случи изминатиот период, ќе молчам.

Кажав сè што имав да кажам и повеќе од доволно е. Во мојот живот не се случува ништо поинакво од она на секој кој го чита ова.

Како и во секоја професија така и во оваа има луѓе кои сакаат да ти наштетат, љубоморни се… Во оваа професија ако немаш расчистено со егото ќе си имаш проблем.

Не можеш ти секогаш да си најдобар, не можеш секогаш ти да имаш полни концерти, кога и на „поголемите“ им се има случено да имаат промашено песна, турнеја и во тоа нема ништо страшно.

Отсекогаш сум се трудела да бидам најдобра верзија од себе и единствен „натпревар“ што го водам е со самата себе.

Кој што си прави, за себе си прави. Никогаш не сум сакала да престанам да се занимавам со оваа професија, себично би било од моја страна доколку помислам на такво нешто, а имам публика и кариера која трае повеќе од 20 години.

Постојат моменти кога се заситувам и правам пауза и повторно нов почеток. Со секој нов проект, песна за мене е нов почеток. Често ме прашуваат како успевам да изгледам како што изгледам и секогаш го одговарам истото.

Работам на себе, вежбам и внимавам на исхрана. Нема ништо спектакуларно тука. Обврските околу децата придонесуваат плус да сум во кондиција…

Мојот најголем успех се децата, па кариерата, се справувам со сите предизвици да можам на нив да им пружам пристојно детство.

Не се разгалени воопшто, не одат во приватни училишта и немаат ништо повеќе од тоа што има секој нивни врсник. Кога го работиш она кое те исполнува можеш сè.“

– Да бев само јас во прашање знаев ова како да го направам многу безболно, но во прашање се трите мои деца кои што не сакам да читаат разни глупости, да подлегнуваат под стапиците што ги создава нивниот татко – вели Велевска.

Елена во една перилика време снимаше спот и тоа на убава и екслузивна локација, во хотелот „Изгрев спа“ во Струга, од кој се пружа прекрасен поглед на Охридското еззеро.

Слики од снимањето со Елена објави продукцијата „Томато“. Она што е карактеристично на сликата е стајлингот на пејачката.

Велевска носи високи чизми, џемпер, но не носи ниту панталони ниту сукња, што на оваа фотографија, а и на видеото му дава дополнителна провокација. Таа на Фејбук неодамна имаше емотивно обраќање:

Драги мои, Сите знаеме дека добрата песна нема рок на трање, секоја песна има творци и кога е презентирана на широката јавност, но дали истата ќе остане да живее и ќе остави трага- нема правила.

На многу песни им е посветено вниамие, но не станале хитови. Добар дел неправедно биле недоволно промовирани, но и после долги години се пеени, препејувани и обновувани.

„Говорот на телото” од првиот ден го имаше внинамието, ама секогаш имав впечаток дека песната не го добила тоа што го заслужува секоја добра песна во ова модерно време на екранизација.

Можеби и подобро е токму сега кога видео-записите кои, иако се направени од вистинските мајстори на својот занет, знаат да ја пренесат душата на песната низ подвижни слики.

Не го следевме трендот на повторно снимање на песната бидејќи оргиналната верзија ја има душата која и после 17 години, ќе речат нескромно е, но навистина парира на денешната продукција“, кажа Велевска тогаш.

Елена во една прилика на Фејсбук најави нов спот, кој има скококтлива приказна. Во една сцена таа поминува во мини фустан, а две комшкики ја гледаат чудно и ја озборуваат. Со тоа, пејачката сака да му порача на народот да престанат да ја озборуваат.“

Песната се вика „Овој живот убав е“, и Елена на Фејсбук ја најави екипата со која работи Текстот за песната го напиша Орце Зафировски.

НАСКОРО/ ”Овој живот убав е „ /нова песна, видео НАСКОРО / Музика- Артан Кастрати Текст: Орце Зафировски“, напиша Велевска на Фејсбук, а оваа песна е сега веќе доста позната и слушана.

Елена Велевска сподели еден интересн витат на својот Инста профил на стори, во кој тааа го дава звопето мислење за машко-женските односи.

„Не сакам мажите да имаат власт над жените, туку над себеси“, е мислењето на нашата фолк-пејачка.

На новата слика се гледа дека Елена Велевска која е сега на турнеја низ Америка баш живот си живее. Нашата пејачка позираше во хеланки, на плажа на Флорида и доби доста интересни коментари под оваа слика.

Убава, најубава, те сакам убава, прекрасна сирена, се само дел од коментарите кои обожавателите на Велевска ги постирале под оваа слика.

Но, еден од коментарите е со жално човеќе, и очигледно е дека овој обожавател на Велевска се натажил кога видел сликата, а очекувал сосема поинаква: „На плажа без бикини“, стои во коментарот.