Naslovna Zivot Ѝ се насмеа на оваа убавица во краток фустан, а не е...

Ѝ се насмеа на оваа убавица во краток фустан, а не е жена му- водителот Ненад во несекојдневно издание (ФОТО)

Ненад Ѓорѓиевски е еден од нашите најпознати радио и ТВ водители. Го гледавме на разни телевизии во многу проекти како „Во сабота попладне“, потоа „Нешто се крчка“, Македонски Идол, а сега е водител на Утринската програма на ТВ Телма.

Неговиот глас им е познат на слушателите на радио Фортуна, на Македонското радио и на Хит радио каде штп има пречекано разни гости од светоот на естрадата.

Ненад Ѓорѓиевски и неговата сопруга Горана по седум ипол години во брак, се остварија во улогата на родители, и тоа на близнаци, машко и девојче.

Нивниот свет сега се врти околу близнаците Љупка и Иво. Токму тие им беа инспирација да ја реализираат детската емисија „Мини вести“, каде што децата одлично се снаоѓаат во улога на професионални презентери и репортери.

Во една прилика, Ненад раскажа како тој и Горана се организираат околу грижата за близнаците без никаква помош и покрај многуте дневни и ноќни работни обврски.

Во 7 часот сме сите на „нога“ без оглед дали е работен ден или викенд. Училиштем прошетка доколку временските прилики и воздухот надвор го дозволуваат тоа, и мнооогу играње во нашиот дом.

Кога сакаме спортуваме а кога сме мрзеливи имаме креативни минути во цртање или со пластелин. Каде и да сме што и да правиме во 20 часот сме дома во кревет“, изјави водителот.

Тој додаде дека отсекогаш им се восхитувал на оние кои имаат близнаци и оти потајно се надевал дека и тој и неговата сопруга ќе имаат близнаци.

Отекогаш сум им се восхитувал на близнаците а во детството имав и близначки другарки. Секогаш потајно сакав да бидам татко на близнаци и иако кога ја дознавме веста дека Горана е бремена со две во првите две минути ни беше ш ок.

Сепак, од првиот момент сме благословени родители на близнаци“, рече водителот.

-Бидејќи немаме помош, одговорноста и обврските кон нив од првиот ден се само наши. Во првата година имавме среќа едната баба да ни е жива па првите месеци да ја имаме и нејзината поддршка“, рече Ненад.

Тој сега често на Инстаграм објавува слики од своите наследници, а најчесто сликите се од моментите кога уживаат во природа. Така може да се забекежи дека близнаците се многу вредни деца, па му помагаат на својот татко во домашните работи.

Ни, она што „од авион се гледа“ е дека децата на Ненад и на Горана се копи-пејст на татко им, и двајцата многу личат на Ненад.

Познатиот водител, искрено раскажа дека имал сериозни проблеми со здравето, појавувајќи се во една ТВ реклама.

– До пред една-две години, мојот живот беше многу активен. Секојдневно уживав во храна, имав многу енергија и добар имунитет. Но, во текот на последниве неколку години, почнав да се чувствувам послабо.

Ми се јавија проблеми со некои видови храна, интолерантности, и други состојби кои како да почнаа да ми црпат енергијата и концентрацијата. Почнав да се чувствувам како да стареам пред време. Така беше се додека не почнав да го користам..“, вели Ненад мислејќи на производот што го рекламира.

-Со него сега повторно си ги вратив имунутетот и здравјето на вистински пат.

Имам добра енергија и се чувствувам витално како пред десетина години“, рече Ненад.

Во една прилика сторињата на Инстаграм, тој славеше роденден, а најубави желби му посака сопругата Горана која напиша: Среќен роденден љубов моја. Познатиот македонски радио и ТВ-водител во септември минатата година со сопругата Горана славеше 12 години успешен брак.

Сега, Ненад е сликан со друга убавица, а тоа не е неговата жена. Во краток фустан е облечена неговата колешка Цеце, а тоа е всушност една слика од стдуио која ја објави ТВ Телма, на која и двајцата водители се ептен насмеани по сабајле во Утринската програма.