Медиумите секогаш објавуваат интересни приказни за нашиот познат водител Ване Маркоски, а тој е следен од доста луѓе и на социјалните мрежи.
По шест години поминати во комплексот „Џевахир Скај сити“, од каде што редовно објавуваше фотографии, водителот Ване Маркоски реши да го смени местото на живеење.
Маркоски се пресели во Сопиште, и вели дека ужива во мирот и во тишината на своето ново маало, а објави Женски магазин пред неколку месеци.
„Многу ми беше лесно да се одлучам на ваков чекор. Ако пред 6 години сакав град, гужви, бука, раздвиженост, сега веќе сум во некоја друга фаза од животот. Ми беа потребни мир и тишина.
Долго размислував да направам куќичка некаде уште подалеку од центарот на Скопје, дури и гледав плацеви во Маркова Сушица.
Во последен момент, по препорака на мојата колешка од МТВ, сега веќе и сосетка Јована, решив да го видам станот во Сопиште.
Доволно беше само една посета таму. Мирот и спокојот ме освоија од прво гледање и знаев дека е тоа тоа“, ни раскажа Ване. Секое утро, го гледаме на фреквенцијата на МРТ во Утринската програма, а за викендите, ги развеселува слушателите на Македонското радио, Радио 2.
Ако зборуваме од аспект на тоа што ми беше потребно за мир во душата, да, помирно е, иако не велам дека секој сака да е понастрана од градот. Почист воздух, планина, тишина, тоа знам дека ми треба.
За останатите материјални аспекти, секаде може да биде исто или различно, во зависност од тоа каков живот живееш“, вели Ване.
– Сум бил директно и индиректно вклучен во многу акции, но една ќе ми остане најдрага, затоа што беше одамна и е всушност првата голема работа која ја направив. Чинам беше 2008 или 200 година, не можам точно да се сетам.
Желбата да се помогне на две мали девојчиња, кои имаа различни здравствени проблеми, ме инспирираше да организирам голем хуманитарен концерт во Тетово, во домот на културата.
Со оглед на бројот на места за публика, бевме свесни дека од билети нема да добиеме голем број на средства, но целта беше да се разбуди Фондот за здравство кој тогаш молчеше за тие случаи.
Имаше над 40 пејачи, актуелно од нашата естрада, многу волонтери, публика, луѓе кои подадоа рака.
Жал ми е што тогаш социјалните мрежи не беа во екот на популарноста, па спомените се малку, но ете, и тие што останаа, кога денеска ќе се сетам на нив, ме мотивираат за нешто повеќe“, изјави водителот во Женски магазин претходно.
Тој сепак смета дека нашиот народ има голем свест. „Имаме, и тоа многу голема свест. Гре ота е ако некој го тврди спротивното.
Сведоци сме биле на голем број акции, каде од нас зависеле многу работи, акции кои завршувале успешно за само неколку часа.
Е сега, жал ми е што не многу кај нас е развиена, онаа спиритуална интелигенција, која работи на зголемување на колективната свест кај луѓето. Кај нас, прво нешто треба да се случи, за да се разбудиме, а никако не ни текнува да превенираме. Тоа ми пречи“, додаде Маркоски.
Познатиот водител е инаку оптимист и има изјавено: Верувам дека во секоја ситуација, секој човек треба да ја гледа позитивната намера.
Верувам дека и оние луѓе кои не прават добро, сакаат помош“, рече Ване, а во еден свој статус на Фејсбук тој раскажа и откри нешто мошне интересно за себе:
-И јас порано “мудрував”, па и навре дував по коментари. Нервозен знаев да закачам статус каде не внимавав дали некого ќе повр едам со тоа. Знаеле да ме стават во круг каде озборувале или биле лицем ерни, не дека и сега не им успева, ама важно е да кренеш рачна на време.
Знам како се осеќав и живеев тогаш, знам каков ми е квалитетот на животот сег. Од оваа перспектива, навистина знам колку е тажен животот на тие што сеат омр аза и зл оба.
Тоа се навистина тажни луѓенца, иако навидум не изгледаат така. Не сакаат и они, едноставно животот им мава кло ци, бидејќи сами си се местат за така“, кажа Ване.
Тој сега објави свој став за луѓето кои се болни од цист-ична фиброза, и долго време се борат да ја добијат потребната терапија.
-Следам што им се прави на пациентите со цист ична фибро за. Кој игнорантски став од Министерство за здравство, став кој со право ме тера да мислам дека таму не работат луѓе со срце и чувства…
Не знам дали тие луѓе таму кои се занимаваат со тендерски процедури се во состојба здраво- разумски да размислуваат и дали воопшто се способни да ја извршуваат функцијата?
Друга логика за целата оваа животна тор тура што им ја прават на луѓево, не гледам, навистина. Еве ако грешам, поправете ме…. Само ни остана да ви кажеме ЗАСРАМЕТЕ СЕ, ама штом не ви е важен животот на човекот, ни ова нема да допре до вас.
Ние останатите штета и жално е што сме тивки и сé правиме како да не е доведен нечиј живот во прашање, бидејќи еден ден сите може да молиме за лек во 21 век, во држава која вели дека е модерна“, напиша Ване.