Македонскиот фолк пеја Зоран Ванев, веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија. Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет.
Претходно за „Фокус“, тој изјави дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.
-Мојата ординација се наоѓа на самата железничка станица во Шлирен – Цирих, Швајцарија.
Дипломирав на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих, и сум првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за природна медицина, која е призната во целиот свет.
Како и во сите установи на државно ниво во Швајцарија, за која секој пациент кој во здравственото осигурување има Алтернативна медицина, му се враќаат парите назад во согласност со процентуалноста која ја има склучено во самото здравствено осигурување.
Воедно мојата фирма е и сертифицирана за здравствени осигурувања, така да во секоја смисла компетентноста ја имам во целост’’ – раскажа Ванев, во разговор за „Фокус“ пред неколку години.
народот го засака откако ја испеа познатата „Ангела, Ангела“, која и денес се пее на сите веселби, кај нас и во целата дијаспора.
Ванев во едно интервју зборуваше токму за песните кои како што рече го вивнале во музичкото небо.
Освен во Македонија, тој градеше кариера и во Србија, и така за него дозна и публиката од целиот Балкан.
-Од македонските песни ќе ја издвојам Ангела која беше вистински бум, песна која ме подигна во небото, тогаш уште кога бев дечко од 21-22 години. После тоа дојде Ако бевме заедно, Душо моја жал ми е…
Има доста добри песни кои што можеби треба еден ден да ги обновам, а од Интернационалната музика Јужна пруга, остави голема трага и до ден денес се пушта низ цел свет каде што се слуша балканска музика.
Каде и да одам луѓето до ден денес ги пеат, тоа е навистина еден печат на еден пејач дека знае да одбере и отпее песна.-истакна познатиот пејач, за гледачите на ИН ТВ.
Зоран Ванев во последно време постира слики од својата гордост, својот син, кој е на добар пат да стане познат ракометар. Имено, Ник Ванев тренира ракомет и е најдобар стрелец во тимот.
Пејачот на својот профил на социјалните мрежи, објави неколку фотографии од синот кој го носи дресот на клубот за кој тренира и напиша дека е најдобар стрелец, а по објавата се нижеа честитки за неговиот успех.
Последните објави на Ванев се врзани строго за неговиот бизнис, за производите со кои лечи. По она што се гледа, работата на Ванев изгледа дека одлично му оди.
Од витамини и суплементи, масти за кожа, гел за вени, сето ова го има во асортиманот на пејачот, а под објавите секогаш добива пофалби дека нуди одлични производи кои помагаат.
Ванев на Фејсбук минатото лето објави фотографии кои ги нарече: „Доме, сладок доме“. Нашиот пејач по долги години во Швајцарија, се вратил во Македонија, и тоа во својот роден град, Штип.
Според сликите што ги објавил, тој како да е во некое летувалиште, а не во Штип. Ванев се разладуваше во луксузна куќа, крај базен и се гледа дека доста вложил во својот дом и сега ужива во него.
Ванев, кој како што напишавме погоре долги години живее во Швајцарија, сега замина за Австралија. Со видео на својот Фејсбук профил, тој се јави и објасни за што станува збор.
Еве, јас се јавувам од аеродромот од Цирих, на пат за Австралија, и сакам да најавам два спектакуларни концерти кои не смеете да ги пропуштите. Значи, кој ова ќе го пропушти, ја пропуштил целата ’23 година“, рекол Ванев.
Потоа тој ги најавил неговите два конецерти, едниот на 25 јануари во Сиднеј, а другиот, на 27 јануари во Мелбурн. Ванев се обратил на српски јазик, поради тоа што тој е познат и на српската публика.
Потоа се обратил и на македонски јазик, но со интересен акцент кој потсетува на сроскиот јазик: И, еве за крај за моите Македонци за кои знам дека многу сакаат дружби и веселби.
Да ги поздравам, да им посакам Среќна нова ’23 година, да им пожелам се најдобро во животот, и се надевам дека ќе се видиме на 25 во Мелбурн во Лукс клуб, 27, Мелбурн во домашен ноќен клуб во Сиднеј. Ќе биде лудо и незаборавно, рекол Ванев.