Naslovna Zivot Реалноста е многу поинаква од тоа што го гледаме на слики: Агнеса...

Реалноста е многу поинаква од тоа што го гледаме на слики: Агнеса објави како се „поти“ во теретана, затоа е толку згодна (ВИДЕО)

Агнеса Органџиева во едно од своите интервјуа за Репортер рече дека не очекувала оти последните две години толку ќе се пишува за неа и за поранешниот сопруг, поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски.

Таа го привлекува вниманието каде и да се појави, но и со објавите на социјалните мрежи. Јавноста почна да зборува за неа во времето на коро ната, кога среде разводот нејзиниот поранешен маж ја спомена во статус на Фејсбук.

„Луѓето беа затворени дома и тоа им дојде како шпанска серија. Ама, мило ми е што добив голема поддршка од жените, а некои од нив ми кажаа и дека после мене и тие собрале храброст за да се разведат.

Сите сакаат да живеат среќно, никој не сака да е во брак кај што сте како брат и сестра“, вели Агнеса за „Репортер“.

Во најтешкиот период најмногу ѝ помогнале ќерките Вивиен и Тифани, со кои е многу блиска. Вивиен, која ја родила на 20 години, сега е на студии во Словенија, па се слушаат секој ден на видео-повик.

„На почетокот многу плачев, ѝ се јавував по 3-4 пати на ден, ама ми олеснуваше кога ќе ја видев насмеана. За секоја мајка тоа е најважно“, искрена е таа.

Со ќерката Тифани, таа раскажала за змијата Раја, кралски питон, која им е домашен миленик.

За тоа кој ѝ го дал името Агнеса, во какви односи е денес со поранешниот маж и дали тој ѝ се извини за јавните навреди, како дозна за неговиот статус, но и за мажите што се плашат да ѝ пријдат…

Потоа, колку им попушта на ќерките, па ја убедиле дома да чуваат змија, каква мајка е, но и каква е кога ќе седне во кафеана, таа раскажала во ова интервју.

Во однос на тоа како дознала за статусот на Орданоски во кој тој ја нараче фотошоп барбика, таа рекла: „Ми се јави поголемата ќерка, само ми рече: Мамо, не отварај кај тато на Фејсбук, пиша нешто, да не се изнервираш.

Нормално дека отворив, и почна… Не очекував такво нешто од него, до вчера заедно сме спиеле, иста спална сме делеле, сега он нешто да менува, да кажува нешто што не е нели?

Првиот момент се навредив, после 3 дена се навикнуваш, и си тераш така. Коментарите не ме погодија во ниту еден момент, премногу сум ментално јака, не дозоволувам коментарите да влијаат за мене.

Приватно сум многу нормална, посветена мајка на двете деца. Знам дека поинаку ме доживуваат ама тоа е сега“, рече Агнеса во за Репортер.

Агнеса последниов период има нов „занает“, професија – инфлуенсерство.

Органџиева се приклучи во семејството на многу жени во светот и неколку кај нас, кои од својата убавина, преку рекламирање на прозиводи, успеваат да заработуваат добри пари преку социјалните мрежи.

Храна, чевли, облека, козметика – додека седите лежејќи во удобна фотелја или среќно шетате во природа, некои од производите се изборен дел од нивната придружба.

Колку и да изгледа зборот инфлуенсер како нематеријален, денес тие заработуваат многу повеќе од луѓе кои се занимаваат со други професии.

Агнеса на Инстаграм брои повеќе од 100 илјади следбеници, и речиси сите објави ѝ се „спонозрски“ тоест речиси на секоја таа рекламра или модни додатоци, чанти, чевли, козметика, угостителски објекти.

На Агнеса очигледно дека ѝ тргна инфлуенсерскиот бизнис и топ заработува.

Агнеса на поновите слика кои ги објавува се забележува дека е доста ослабена последниве месеци. Особено тоа се забележува во пределот на струкот кој ѝ е доста стеснет, но и кај колковите е поширока, а нозете ѝ се слаби.

Сепак иако можеме да ја забележиме само трансформацијата, очигледно Агнеса напорно работела за да го добие посакуваниот изглед, а тоа го покажа на најновото видео кое го објави од теретана како се поти.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ.