Naslovna Zivot Прво беше Слепче, па Дојран, Џамбазов пак избега од Скопје, еве на...

Прво беше Слепче, па Дојран, Џамбазов пак избега од Скопје, еве на кое место е сега (ФОТО)

Актерот Игор Џамбазов еден и единствен, секогаш интересен за јавноста, која секако, сака да го знае и неговиот приватен живот.

Во едно интервју за Независен, кое е објавено за време на пандемијата, Игор Џамбазов зборувал за многу теми.

На пример, зборувал за љубовта на прв поглед, кој е генијалецот во неговото семејство, зошто ништо во животот не може да не промени толку бргу како стравот.

Потоа, зошто на луѓето им е преку глава од лажни и самопрогласени херои, за кои ѕвезди пишува текстови за новите албуми, можно ли е театар онлајн, и кои две неостварени желби сака да му се исполнат…

На прашањето: Зошто се самоизолиравте во Дојран, Игор тогаш откри се за неговата љуво кон ова место, поточно за Сретеново, како дел од Дојран.

– Затоа што среќата е во Сретеново. Сигурно не би се самоизолирал во Дупени, Подм очани или Куратица… хахаха…тука сум затоа што тоа беше љубов на прв поглед.

Затоа што е мирно, спокојно катче во кое се чувствуваш како да си на друга планета на која ова короно-зло се уште не пристигнало. Сретеново е мојот егзил, мојата последна животна станица.

Кога моите најблиски ќе ми го постават истово ова прашање, како од пушка им одговарам:

„Затоа што тука и да сакаш да се заразиш од кор она, нема од кого..“ Изолиран си меѓу другото и од сите нонсенси, апсурди, притисоци, лажни вести и останати глупости.

Часовите тука поминуваат многу поудобно од кое било друго место кај нас. Денот како да треа цела недела. И имаш време буквално за се. И за прошетки, и за дружба со моите дојрански пријатели.

Но, исто така имам време на претек и за себе, моите мисли, идеи, стихови, песни…сето тоа овде оди како подмачкано. На мојата топ листа на најкреативни места на планетава, Сретеново е во убедливо водство.

-Најмногу се слушаме со врапчињата, ластовиците, галебите, кормораните, жабите, се слушаме секојдневно со ветерот кој во овие краишта како да не застанува, како да работи на норма.

Искрено, се слушам само со најблиските, а комуницирам со стотици, илјадници луѓе преку мојот Инстаграм профил. Не заборавајте дека јас сум најпознатата машка инфлуенсерка кај нас…хехехехе…“, рекол Џамбазов.

Потоа, тој раскажал и за неговата сестра, Тања Џамбазова: „ И таа како да заврши со своето талкање низ животот. Ги менуваше градовите, дrжавите, континентите и конечно се скраси во Сан Франциско.

Подалеку од тоа нема. Од Сретеново до Сан Франциско има околу 10.600 километри. Редовно се слушаме и гледаме со помош на камерчето во нашите мобилни телефони.

Среќен сум што во последно време почна почесто да доаѓа.

Нејзините посети траат по само неколку дена, затоа што капитализмот толку и дозволува. Работи многу, но сепак и ден-денес го живее она за кое што сонуваше. Таа е дефинитивно генијалецот во нашето семејство. Во споредба со неа, ние сме забавачиња…

На прашањето: Имате ли неостварена желба во животот, Игор Џамбазов во ова интервју за Независен, одговорил вака:

-Имам многу. Ама ќе Ви кажам само една. Да останам здрав. И физички и ментално. И ако може фудбалската репрезентација да игра на Европско првенство. Скромно нели? И остварливо. Чувај се, мој народе!“

Сега, кога Илина Арсова, неговата прва најголема љубов е на докторски студии во Америка, а тој е во Скопје и работи на разни проекти, тие двајца жалат што не се во Дојран каде што нивната љубовна приказна и започна.

За Џамбазов е познато дека повеќе сака времето да го поминува надвор од Скопје. Па таак, во еден период од својот живот, тој доста време претстојуваше во селото Слепче.

Кажа дека таму најубаво се чувствува, а потоа на ред дојде Дојран како што напишавме погоре, каде што всушност се зближи со Илина Арсова и тау започнува нивната њубвона приказна. А сега, Џамбазов е на сосема ново место.

Тој објави слика од Стрезовце, село во Општина Старо Нагоричане, близу Куманово и напиша: Пролет во Стрезовце, сликан покрај една брвнара, која (не се зна, но се можно со Игор), можеби еден ден ќе стане негов нов дом.