Naslovna Zivot Пред да го стори ова, Дани морала да побара дозвола од својот...

Пред да го стори ова, Дани морала да побара дозвола од својот син Лазар- пејачката објави необична приказна (ФОТО)

Дани Димитровска, рокерката со уникатен стил е интересна појава на нашата естрада уште од почетокот на нејзината музичка кариера.

Дани е позната по многу хитови, интересен стајлинг, таа е мајка на Лазар, но никогаш јавно не зборува за својот приватен живот, всушност, многу ретко.

-Имам здраво неконвенционално семејство, сочинето од партнер, син, брат, снаа, внуци и родители кои безизмерно ги обожувам.

Живеам во мир и среќата ми е избор. Ниеден од нив не се занимава со јавна професија ниту има желба за себе истакнување.

Го почитувам нивното единствено право на интима. Мојот партнер и син ги знаете со име и презиме, но која боја им е омилена, дали сакаат кулинарство, кој број на патики носат или што им е хоби се прашања за кои не се троши медиум кој има за цел да инспирира“, рече таа во интервју за Женски магазин.

Потоа, го спомена својот партнер, поранешниот кошаркар Весел кој е сопственик на едно скопско кафуле и за него сосема кусо рече: Со години живеам во хармонија со својот партнер во заедништво.

Дани секогаш има интересни пораки за споделување, било на своите Инстаграм профили, или во своите песни. Во една песна, Дани порача: „Јас не живеам за другите“.

Токму затоа, пејачката е толку своја и по малку бунтовна. Дани е мајка на Лазар кој има 22 години и студира во Холандија, а таа неодамна беше да го посети.

Дани гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител и рече дека има идеи каде би сакала да изведе сопствен концерт, но се уште не може да ги реализира идеите, затоа што не се знае кога на музичарите ќе им бидат дозволени настапите.

– Јас би закажала уште вчера, меѓутоа не одат баш така работите, зашто не знаеме кога се ова ќе се отвори. Имам еден сингл се вика „Без нас“, на Весна Малинова е, меѓутоа од технички причини видеото се уште не е готово“, рече Дани за својата музика.

Потоа, зборуваше за својот син Лазар, кој е веќе возрасен, а Дани коментираше на прашањата за тоа каква мајка е и каков однос има со својот син.

-Јас ги почитувам сите слободи на секој човек, вклучувајќи го тука и мојот син. Сум пробувала да инспирирам, никогаш да влијаам, меѓутоа тој со музика нема апсолутно никаква допирна точка, освен тоа што мајка му е музичар и ништо повеќе од тоа.

Сака музика, гитарата ја потсвирнува, меѓутоа никогаш не сакал да нурне длабоко во тој свет, веќе си е во некој свој. Јас тоа го почитувам, функционира супер. На факултет е, во Холандија, и тоа е тоа.

Секогаш за се, што и да одлучи дека сака да направи, јас никогаш нема да кажам дека тоа не треба и не смее“, рече Дани и одговори на прашањето дали Лазар коментира за нејзината јавна работа, за она што го сработила и за нејзиниот стил во јавноста.

Секогаш коментира, добро сепак е возрасен, и баш ми е некој вид на гласот на младоста, значи од генерација кои сега влагаат во овој возрасен свет.

Коментира скоро секогаш, посебно на Инстаграм знае во инбокс да ми напише: Мамо, тргни ја сликава!

Дани на социјалните мрежи објави слика со својот син Лазар, за кој рече дека прво требало да побара дозвола дали да се објави. Таа на овој начин ја раскажа приказната за синот:

Јас: Може оваа слика да ја ставам на инстаграм? Лазе: Да Јас: Фала, мајкин. Лазе: Ништо бе мамо, уживај. И така, чудни некои времиња…“, стои во описот на фотографијата на гордата мајка со својот син.