Naslovna Zivot Откриени детали за новата сопруга на Даниел Кајмакоски, со што се занимава...

Откриени детали за новата сопруга на Даниел Кајмакоски, со што се занимава оваа убавица? (ФОТО)

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски отсекогаш бил искрен кога станува збор за неговиот приватен живот.

Јавноста ја проследи целата драма со неговата поранешна сопруга, манекенката Кристина Димитриевска, но се чини дека македонскиот победник во музичкото натпреварување Икс-фактор сѐ уште верува во искрена љубов.

„Ти си сѐ она што некогаш сум го барал. Ти благодарам што ме туркаш кон тоа да ги остварам сопствените соништа секој ден“, напиша пејачот на Инстаграм неодамна за својата нова партнерка.

-Во моето срце отсекогаш сум се занимавал со пеење и музика. Од секогаш сум ја чувствувал таа љубов и потреба да запеам, па можеби и затоа никогаш не сум имал план “б” во животот.

Но, во животот не секогаш сè оди по план – секогаш има позитивни и негативни изненадувања, а негативните се секогаш одлична прилика да научиме нешто и да се вратиме на вистинскиот пат.“, рече во една прилика Даниел Кајмакоски, првиот победник на шоуто Икс Фактор.

Тој во интервјуто за bidizelen.org понатаму откри: Пред да се појавам на Икс Фактор работев како инсталатер на градилиште што за мене беше преубаво искуство.

Почнав од нула, бев самоук, научив многу за таа професија, но и за себеси. Почнав како помошник, но при крајот на моето работно искуство веќе бев десна рака на сопственикот на фирмата и имав преку 150 луѓе за кои бев лично одговорен.

Активно присуствував во планирање на проекти и нивната изградба, што разбуди еден инстинкт во мене, а тоа беше снаодливоста и желбата за секојдневно учење. Сфатив дека сум способен за многу повеќе од што мислев!

На крај, сепак ѝ се вратив на музиката, но тоа што го научив на градилиштата ми ги зацврсти карактерот, дисциплината и посветеноста, и понатаму ми помогна да се снаоѓам многу полесно и во светот на музиката.

Со оваа порака сакам на сите да им кажам дека за да го дознаеш својот личен вистински пат мораш да ги совладаш секојдневните предизвици и да дознаеш кој си“, рече пејачот.

Кајмакоски во 2015 година, се ожени со Кристина Димитријевска, позната манекенка и Мис Балкан. Но љубовта кратко траеше, па се разведува по три години брак, а на оваа тема Даниел проговори само еднаш и во таа прилика кажа:

Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете.

Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители“. Кристина пак, освен што е во модниот свет е и пејачка.

Кајмакоски целосно се тргна од социјалните мрежи кога се разведе од Кристина, па освен што сите знаеја за него дека е во Србија, ништо повеќе немаше никој слушнато за пејачот.

После долго време, Кајмакоски објави слики на Инстаграм, како позира, а всушност фокусот на фотографијата е упатен кон неговата коса, која што ја тагирал на фотографиите.

,,Колку сме се разубавеле”, ,,Фалиш во Струга”, се само дел од коментарите под сликата на Кајмакоски. тој изминатиов викенд се ожени со неговата сакана, а до сликите од венчавакањето Даниел ѝ порача:

„Те сакам, не само поради тоа што си, туку и поради тоа што сум јас кога сум со тебе. Ти благодарам што ја донесе најдобрата верзија од мене“, пишува во објавата.

Откако се ожени, Даниел прво објави стори, а потоа и слики од венчавањето. А на едно стори објави и две кафиња, со две колачиња во вид на срце, што значи дека навистина „слатко“ му поминуваат првите брачни денови.

А под сликите од венчавањето во матична служба, тие добиле безброј честитки и многу пријатели им посакале љубов и долг и среќен живот. Кајмакоски уште не откри како се вика неговата нова сопруга.

Но, една од честитките ја открива нејзината професија.“ Најсреќни да сте ми драги мои. Само радост и убавини да ве следат. Од срце, искрени честитки. Колешката ми е прекрасна.

Гушни ја Даниел од мене. И среќата и сјајот во очите ви ги гледам. Е тоа е тоа“, пишува во коментарот од пријателката Мими. Ако влезете на нејзиниот Фејсбук профил ќе видите дека таа е медицинско лице..

Ова значи дека сопругата на Даниел која таа ја нарекла колешка најверојатно се занимава со истата професија, медицината.