Naslovna Magazin На најпознатата водителка од „Гранд“ и велеле дека е полничка, па кажа...

На најпознатата водителка од „Гранд“ и велеле дека е полничка, па кажа од што се откажала за да им ги „затне“ устите

Сања Кужет изгледа исклучително слабо на телевизија, па многумина се прашуваат колку е висока и колку тежи, но најважно од сѐ како ѝ успева да изгледа вака добро?

Сања Кужет важи за една од најубавите жени на ТВ екранот, а адут ѝ се негуваните лице и коса, но и исклучително витката линија.

Водителката Сања Кужет редовно предизвикува експло зија од комплименти кога се појавува во студиото на музичкото талент шоу „Ѕвезде Гранда“.

Членовите на жирито и корисниците на социјалните мрежи, велат дека „изгледа подобро од сите кандидати“, како и дека „со својата убавина и харизма секогаш го засенува целото студио“.

Водителката Сања Кужет важи за една од најатрактивните јавни личности на сцената.

По долгогодишно водителско искуство, Сања Кужет реши да се испроба во нов бизнис и лансираше своја линија на висококвалитетни ладно, цедени и детоксикациски сокови наречена „Реликсир“.

По тој повод, водителката направи промоција во Белград на која присуствуваа голем број нејзини колеги, но и членови на жирито на „Ѕвезда Гранда“.

Речиси без шминка, во опуштено издание, на промоцијата се појавија Светлана Цеца Ражнатовиќ, како и Ѓорѓе Давид, додека Александар Милиќ дојде во придружба на сопругата.

Поддршка не изостанаа ниту Сузана Јовановиќ, Ана Бекута и Војо Недељковиќ кои ја имаа улогата на водители на овој настан.

Соковите за детоксикација ,,Relixir” потекнуваат од желбата на Сања да го сподели своето долгогодишно искуство со сите кои сакаат да стекнат здрави животни навики кои ќе придонесат за квалитетот на нивниот живот, но и за нивниот изглед.

– Ништо не дојде преку ноќ, една животна приказна се смени во моментот кога по вторпат се реализирав како мајка и кога

сфатив дека не само што можам да се потпрам на младоста и генетиката, туку морам да направам нешто добро за своето тело и за себе, изјавила Сања.

Најголемо внимание привлече како водителка на натпреварот „Ѕвезде Гранда“, а кога во 2016 година отиде на породилно, сите се прашуваа дали паузата ќе ѝ наштети на кариерата.

Кога се вратила на сцената, се испоставило дека публиката не ја заборавила. Покрај старите, верни фанови, таа доби и нови, а жените беа воодушевени од нејзината линија. За само шест месеци успеала да се ослободи од сиот „вишок“, пишува „Убава и среќна.“

Сања вели дека во бременоста се здебелила 18 килограми. Некои коментираат дека е „ништо“, бидејќи други се дебелеат и до 30 килограми, други предупредуваат дека и тоа е многу и дека трудниците не треба да се здебелат повеќе од 10 до 14 килограми.

„Јас сум висока жена, така што тој вишок убаво се распределува“, објасни водителката во една прилика. Сања е висока 175 сантиметри, а за време на бременоста стигнала до 79 килограми.

За да се справи со вишокот килограми, водителката применила едноставен рецепт.

„Првото нешто што се откажав беше тоа прекрасно, топло печиво, кое толку многу го сакав. Верувајте ми, полесно ќе го поминеме работниот ден без јаглехидрати, бидејќи тие влијаат на нашиот сон.

Кога ќе се ослободите од сѐ што ви пречи на вашето здравје, ќе видите дека тоа поволно ќе влијае и на вашиот изглед“, вели Сања.

Таа целосно престанала да јаде леб. „Општо земено, јас не внесувам јаглехидрати, бидејќи тие само нѐ отекуваат“, објаснува таа. Наместо слатки јаде само овошје, а максимум се јагоди со шлаг.

-Активно играм тенис и тоа многу ми помага да останам слаба. Тој спорт е мојата љубов од моите млади денови, но порано немав време да му се посветам. Благодарение на тенисот имам повеќе енергија за вежбање и да бидам во добра форма“, изјави Сања Кужет.

Гордата мајка на две момчиња минатата година успеа да истрча полумаратон. „Благодарам на моето семејство, пријателите, колегите што ме поддржаа во моето прво искуство на Белградскиот маратон.

Им благодарам на тркачите кои ме бодреа кога беше најтешко. Што ќе смислам следно“, изјави Сања во тоа време.