Naslovna Zivot Круме Спасовски се подмлади во друштво на оваа наша згодна водителка, а...

Круме Спасовски се подмлади во друштво на оваа наша згодна водителка, а еве каква приказна откри за својата сопруга Зага

Тој е голема фолк- легенда и има испеано многу песни, но секако негово обележје беше и остана песната „Чудна жена беше Вера“. Станува збор за Круме Спасовски.

„Чудна жена беше Вера“, е секако песна која и денес се пее на сите прослави и веселби. Токму со оваа песна која е негова лична карта започна разговорот во едно интервју со Круме, за ТВ Сител.

– Морам да кажам дека „Чудна жена беше Вера“ беше снимена во 1974 година, за Радио телевизија Белград затоа што кај нас уште тогаш немаше таква продукција. Инаку продуцент на песната беше Александар Сариевски.

Тогаш се снимаа плочи, „Чудна жена беше Вера“ беше од Б страна, од А страна ја ставив „Тешко ти е сам сине мој“, една прекрасна песна за која се надевав дека таа песна всушнст ќе биде и хит. Меѓутоа, само што излезе плочата, песнава народот веќе си ја засака.

Откако стана хит на неделата, оттогаш не можам да се спасам. „Чуда жена беше Вера“ и крај, рече Круме.

Тој кога ја снимил песната имал 30 години, а на сцената е 52 години, од 1969 година, и има голем опус на песни снимени во македонското радио.

Потоа рече дека многу се дружи со неговите колеги Атина Апсотолова, Вики Среброва, и дека секоја нивна дружба завршува со песна. „Ние на друг начин и не знаеме да се дружиме.

Се разбира дека и дружбата и алкохолот, и смеата и вицот допринесува да имаш едно убаво расположение. Оти, со секого и не можеш да го правиш тоа.

А, инаку сум многу задоволен од младиве пејачи. Во вашата телевизија имаме снимано „Мерак меана“, навистина, секој од младиве пејачи ќе дојде да ме испоштува, да се поздрави со мене, ќе ме праша како било во минатото, тоа и ме одржува да бидам меѓу нив дури и помлад“.

Потоа се сети на една турнеја на која бил со своите драги колеги, а дел од нив за жал веќе не се меѓу нас. „Се сеќавам на една турнеја ви 1992 година, а бевме јас, Петранка Костадинова, Наум Петрески и Гоце Николовски.

Можете да замислите, четири различни гласа, четворица коишто сите имаме хитови. Јас секогаш настапував со „Чудна жена беше Вера“ кајшто навистина, публиката била на нозе.

Петранка со „Кирјана вино продава“, што да ти кажам. Гоце Николовски со „Бисер балкански“. Само што ќе го слушнеа тоа, како пчели.

Сите в раце, не можеш да му видиш на некој 20 долари. Не, или 50 или 100. Наум со онаа неговата „Жал за Деспина“ и што да ти кажам? Значи, таква турнеја, таков дружење, и додуше, бевме и финансиски добро натоварени“, раскажа Спасовски.

Потоа раскажа за неговите колеги од бивша Југославија и дека имал чест да ја претставува Македонија во Ваљево, на средбите на КУД Абрашевиќ. На таа средба имав чест да се дружам со Ѓорѓе Маријановиќ, со Тозовац, со Тома Здравковиќ…

Јас меѓу нив најмлад, како марка 300 бетон, здрвен, млад пејач пред нив, а овие знаеш дека се ламји. Меѓутоа, бев прекрасно примен, и со Тозовац до самиот негов крај се слушавме“, рече Круме.

-Во Германија имам настапувано повеќе отколку во Скопје, нашите граѓани кои живееја во Германија имаа голем интерес за нашите песни, особено за патриотските. Понекогаш, остануваав таму и по 2-3 месеци“, раскажа познатот пејач.

Живеам во Горно Коњари, јас сум таму и роден, уште пред да одам во пензија таму си направив куќичка. Знаете, секој каде што е роден, таму и му е мило.

Таму сме со баба Зага заедно. Инаку, и ќерката и синот си имаат свои домови, кога се слободни доаѓаатк, така да, имам прекрасно семејство.

Имам доста голем голем двор и имам простор и за бавча, одгледувам прасиња, кокошки, мисирки, се имам во дворот.

Тие работи кога ќе си ги средам, слободното време го користам на Пчиња, оти тука ми е реката. Ми доаѓаат колеги, пријатели, се дружиме, таму ми е порелаксирано.

Мене веќе не ми е ни место во градот. Свој на своето сум таму и ништо не е поубаво“, рече Круме.

Јас сум во внуците многу малку, и со нив се однесувам како да ми се другари. Додека баба Зага, таа е за нив експерт, со неа најмногу контактираат, и ќе ми каже: Утре и доаѓа тој и тој внук на гости“, кажа Круме за своето семејство.

-Песната „Еј Заге носам чалгии“ ја снимив за Лешок фестивалот. Песната навистина е наменска, меѓутоа малку е незгодно човек да се фали од својата сопруга. Но, мојата жена навистина заслува. Да не беше Зага, немаше да бидам она што сум денес на естрадата“, додаде тој за сопругата.

На новата слиак која е објавена на неговиот Фејсбук профил, тој е со Ирена Спировска и со Благоја Грујовски, од снимањето на емисијата „Везилка“, а Круме бил таму гостин.

Се гледа дека одлично се држи нашата фолк легенда, и покрај Баже Грујовски и оваа наша згопдан водителка тој изгледа уште помладо, секоја чест.