Naslovna Zivot Елена Велевска се сликаше со многу важен човек на Флорида – Јанко...

Елена Велевска се сликаше со многу важен човек на Флорида – Јанко „Јади Бурек“ ја објави сликата (ФОТО)

Елена Велевска е една од нашите најпознати и најквалитетни фолк изведувачи, која има завидна кариера веќе долги години.

Во едно постаро интервју, Елена Велевска има кажано што правела таа додека нејзините другарки изглегувале и бркале симпатии.

-Јас без да знаат моите родители одев во ресторани кои работат со музика во живо и сакав да гледам како се работи,кои песни се пеат,запишував и ги учев песните кои беа актуелни.

Така музичарите го забележаа мојот интерес кон музиката и имав простор да испеам некоја песна.

Упорноста и истрајноста ме донесоа овде каде што сум“; рекла Елена која е добра пријателка со доста колеги од есрадата

Во едно друго интервју, пејачката откри дека го запознала сопругот на турнеја во Австралија во 2002 година, како и дека запознавањето било љубов на прв поглед.

Сопружниците никогаш не направиле свадба, но тоа не го спречило Марјан да се врати во Македонија, како би можеле да бидат заедно.

Но нивната идила не траеше многу долго, тие се разведоа, а нивните три деца Софија, Марко и Калија живеат во Охрид со нивниот татко.

„Многу е потешко сега нашето гледање со децата бидејќи тие се во Охрид, јас сум во Прилеп. Ете така се одлучи, но не е ништо завршено со нашето судење.

Можеби така е најдобро за да не се прават стресови за децата, тие пораснаа во Охрид. Со мојот сопруг секогаш ја гледаме најдобрата страна за нив.

Јас и тој не сме во прашање, многу подобро функционираме разведени отколку во брак. Секогаш ќе гледаме за нивно добро.

Ние имаме три деца, треба да останеме во добри односи отколку да се нарушуваат односите. Има многу поважни животи, отколку мојот и неговиот“, вели Велевска.

Таа вели дека секој слободен момент го користи за да го помине со своите деца. Како што истакна нејзината ќерка Софија веќе е навлезена во музичките води.

„Таа сега беше на еден натпревар и освои второ место. Исто така беше избрана и за мисица на тој натпревар. Многу бев горда на наградите кои ги донесе.

Моментално работиме на тоа да оди на часови по музичко, кај неа постои талентот, а Бог таков талент дава еднаш на 100 години.

Таа е поталентирана од мене. Ќе гледам секој слободен талент да го насочам кон нејзе бидејќи навистина вреди да се инвестира во децата, иднината ја гледам во нив“, вели пејачката.

Елена Велевска, најчесто е прв избор за семејни веселби и слични манифестации, а често патува во дијаспората каде што ги полни клубовите и арените.

Во моментов, Велевска е на турнеја во Америка, кај нашите Македонци. Беше во Њу Џерси, а сега е на Флорида.

Во саботата, Елена Велевска одржа концерт во црквата во Тарпон Спрингс, во близина на Тампа Флорида. Оние кои биле, велат дека си поминале прекрасно, убаво ги забавувала.

Се чини дека Велевска го продолжува својот престој во сончевата Флорида, каде преку целата година има летни температури.

Вчера, познатиот водител Јанко Илковски, објави слика од Велевска, заедно со сопственикот на ТВ Сонце, еден од најбогатите и најважните Македонци во Америка, Ѓорѓија Џорџ Атанасовски, кој живее на источниот дел од Флорида, во градот Ормонд.