Времињата во кои живееме се напнати и стре сни, постојано се рекламираат нови брендови, насилно ти прикажуваат што треба да правиш.
И да сакаш да отидеш да живееш во колиба во шума, не можеш, затоа што колиба не се рекламира.
Се рекламираат станчиња на 17. кат со поглед на друга зграда, вели музичарот и најдобриот гитарист на Балканот, Влатко Стефановски, споредувајќи ја денешницата со времето во кое тој како млад преку рокенролот го менуваше живеењето кон подобро, а ова го објави Независен весник во една прилика.
Со човек од негов калибар не мора да има посебен повод за разговор.
Секоја средба со него е инспиративна, пријатна и на крајот станувате побогат за уште неколку скалила. Такво приближно е и чувството кога ја слушате неговата музика.
– Имам количина песни што можам сам да ги изведам, за кои не ми треба оркестар или бенд. Тоа се песни што можам доволно богато да ги отсвирам самиот.
Користам педали што ми помагаат да ја имам основната хармонија и основниот ритам, но сепак некои нумери бараат аранжман и не можеш сам да ги свириш.
Овие што не бараат аранжман за среќа се нумери што се доволно заокружени и сами по себе се доволни, не им треба китење за да бидат добри.
Во македонската музика сретнуваме многу песни на кои не им е потребно тоа китење, кои може да се отсвират со минимум изразни средства, а да звучат максимално богато.
Самата музика носи една меланхолија, емоција на која не ѝ требаат помошни средства.
Сретнувам многу умни и образовани млади луѓе, кои знаат што зборуваат и знаат што прават. Инаку, зборот интелектуалец ми е нејасен, што точно значи тоа? Дали значи мислечки човек или образован човек?
Дали значи човек со докторска дисертација или значи овчар со просветлен дух? Дали е тоа човек што прочитал многу книги или направил многу убави дела?
Има една екипа луѓе што себеси се сметаат за интелектуалци, а се многу залежани, салонски интелектуалци.
Тоа се оние што само критикуваат и ништо повеќе. Скептичен сум кон нив. За мене интелектуалци се мислечки луѓе, кои нешто создаваат и со таа нивна креација ја помрднуваат напред целата средина и цивилизација во која живеат.
Такви луѓе ме интересираат. Инаку, критичка мисла имало секогаш и секогаш ќе има кон сѐ.. А, имало и креативна мисла“, рече во интервју во една прилика Стефановски и додаде:
– Вреди да се напише книга и да се спомене се од тоа време. Тоа беа пионерски времиња на рокенролот, прво се боревме со естаблишментот на нашите родители кој беше прилично конзервативен.
Општо гледано, беше конзервативна средина, а ние пуштавме и фарбавме коси, дупнувавме уши, стававме нитни по нашите тексас-облеки и изгледавме многу радикално и застрашувачки кон конзервативната средина.
Во тоа време во училиштата на класен час нѐ проверуваа дали сме добро потстрижени, ако директорот смета дека не си, те враќа назад на бербер.
Во такви времиња правевме рок-бендови, купувавме опрема, правевме опрема, се снаоѓавме, организиравме игранки, свирки, имаше голем ентузијазам и огромна енергија.
Ние не сонувавме да бидеме богати, ние сонувавме да имаме бенд и да свириме. Сега децата гледаат како да купат стан, автомобил, да се добро облечени, тоа го сакаат сите, затоа што времето е такво.
Стефановски во 2017 година доживеа и многу тешки моменти на приватен план губејќи ја својата сопруга која се упокои впо тешко боле дување. Тој вели дека нема зборови со кои може да ги искаже чувствата, но се обидува преку работа и музика да продолжи да функционира.
– Се обидувам преку музика да кажам како се чувствувам. Што и да кажам, ќе биде недоволно кажано.
Имав исклучително тежок период, се чудам како продолжив да функционирам, но тоа морам да го правам и поради моите деца и поради обврските што си ги имам зададено уште од минатото.
Тука гледам лек и спас за сето она што ми се случуваше“, кажал Стефановски во ова интервју. Познато е дека тој има две деца, синот Јан свири со него во триото со кое настапува насекаде а со нив свири и Иван Кукиќ, синот на Ленче и на Горан Кукиќ.
А има и ќерка која се вика Ана. Влатко објавил на Инстаграм своја слика со ќерката од Даблин, од Ирска.
На неа може да се забележи дека Ана е убава млада дама и многу доста наликува на својата упкоена мајка, а Влатко е горд татко, на неа и на нејзиниот брат.
А инаку, во една прилика, хрватскиот портал Т портал објави фотографија од Влатко и од неговата упокоена сопруга, и интервју со него, кои можете да ги видите ОВДЕ.