Naslovna Zivot Турунџиева се прости од драга личност: Камо да можевме сите кои те...

Турунџиева се прости од драга личност: Камо да можевме сите кои те сакаме да ти дадеме по 2 години живот (ФОТО)

Сузана Турунџиева на својот Инстаграм и фејсбук споделува мудри и инспиративни мисли, кои се и интересни за нејзините следбеници.

Пејачката, водителка и писателка во 2020 година промовираше книга со наслов „Зборотерапија“ за која рече дека е разговор со нејзината душа, нејзината долгогодишна потреба по сопственото јас.

„Понекогаш медицината не е во состојба да го излечи она што љубовта може да го исцели… Биди љубов“, вели уште еден интересен статус на Сузана.

Во друга објава, таа зборуваше за своето животно искуство.

„Она што не го учевме во училиште е ИСКУСТВОТО… со луѓе, ситуации, носење на одлуки, избори… Некои лекции изгледа не можат “од прва” да се научат, па затоа животот не ретко не праќа на поправен испит…

Секоја година ми носи нов “матерјал за учење” кој подоцна станува мој благослов. Најважно што досега научив е дека:

– Ако нешто не оди, тогаш немој да форсираш… Сигурно не е за тебе!

– Почитувај ги своите и туѓите граници! – Не постои награда за трпение…

– Биди она што си, бидејќи на вистинските луѓе им е важна твојата содржина, а не амбалажата.

– Немој да тргуваш во релациите со луѓето за да не дојдеш во ситуација да се ставиш себеси на распродажба. – Кога сакаш некого, кажи, ама и покажи!

– Во ред е да тагуваш понекогаш.. – Простувај секогаш кога можеш..“, напиша Сузана. А сега, таа напиша срцепарателни зборови за една нејзина блиска личност која вече не е меѓу нас.

– Дани, Даниела Волчева наша најсакана. Денес, според нашите христијански обичаи ти одбележавме 40 тажни денови, од денот кога те испративме.

Прости ми затоа што нема да можеме заедно да ги реализираме сите желби и планови за кои со години мечтаевме…

Прости ми затоа што немав храброст да ти признаам колку се плашам дека овој пат, нема да успееме да се исценкаме со болеста, со која ти долго и храбро се бореше, како никој досега.

Камо да можевме сите кои те сакаме да ти дадеме по 2 години живот од нашиот живот, сигурна сум дека ќе доживееше стотка.

Камо да можеше пак да ми пишеш дека по трет пат во една недела го прецвика полначот на таблетот, па да трчам да ти купам нов…

Камо да можеше да ми речеш да излезам на паркинг и да пречекам некоја пратка, од твоите омилени нарачки преку онлајн…

Камо да можеше да ми нарачаш задолжително да ти купам сендвич од Лукоил, плазма бисквити, штрудла од Св.Никола, крофни од Веро, безалкохолни коктели во сите вкусови… Камо да можеше да и нарачаш на тетка ти Блага да направи кифлички и бомбици…

Ќе ми недостига да ми раскажуваш за вината на Тиквеш, ќе ми недостига да евоцираме спомени за нашето големо и убаво племе,

за нашите постари братучеди и брат ми, кои не чуваа како зеница во окото и за нашите помали братучеди кои се распрскани по светот, ама денеска од сите страни ти дојдоа и беа заедно со нас, со солзи во очите и кнедла во грлото.

Ќе ми недостига да ми пратиш некое убаво видео со деца таленти, смешни бебиња, животни, па дури ќе ми недостига и да ми го пратиш најновото видео од Александар и Дац.

Ќе ми недостига да грицкаме интегрален чипс со гвакамоле дури гледаме Евровизија, ќе ми недостига да си ја пуштиме на глас ” А сад адио” и да заиграме… Ќе ми недостига СЕ со тебе добрино наша – најлојална во целото наше племе!

И уште нешто, Турците имаат еден збор кој ние го немаме – SENSİZLİK- кој во буквален превод значи БЕЗТЕБОСТ… Изминативе 40 дена сенсизликот ни е притиснат на најјако, а безтебоста царува.

И по не знам кој пат ќе речам дека некој, кој бил толку сакан како тебе, не може да ум ре… тој, продолжува да живее во секој од нас…

во секоја една од твојата кавадаречка екипа (златните твои другарки) и во нас, кои ти бевме скопска екипа, па заедно правиме цееела репрезентација…

Сега почи вај во мир пеперутке наша… А сад адио до следната средба. И патувај спокојно кон светлината“, стои во статусот на Сузана кој е посветен на нејзината упкоена другарка.