Зошто толкава жестина и негативизам, во коментарите на социјалните мрежи, е прашањето кое многумина си го поставуваат.
Последен пример за ваков примитивизам, беше веста за пејачката Антониа Гиговска, која викендов објави дека е бремена.
Младата пејачка која се истакна како еден од нашите најдобри женски вокали, за за кусо време стана една од највлијателните на Инстаграм.
Пред неколку месеци, заврши љубовната бајка помеѓу пејачката Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов, фронтменот на групата „Либеро бенд“, која траеше неколку години.
Парот наводно пријателски се разделил, без расправии, без лоши зборови, односно се договориле да останат само пријатели.
Во кулоарите се зборуваше дека Антониа го изневерила Иван со негов најдобар другар Роберт, а сега се покажува дека тоа било вистина.
Сепак, разделбата меѓу Иван и Антониа заврши на пријателски начин и тие двајцата, до денешен ден, немаат кажано лош збор еден за друг.
Но тоа не е така со „дежурните коментатори“ на Фејс и Инста, кои нели, се знаат и се најморалните луѓе на Светот!
Во разговор за Женски магазин неодамна, Антониа Гиговска раскажа дека е многу чувствутелна на негативните коментари од луѓето кои не ја познаваат.
Како и не би била, тоа е млада девојка на 22 години, а многумина кои ја коментираат имаа деца на таа возраст. Токму за сите нив, во статус на социјалните мрежи, порака упати познатиот боди-билдер, Тоше Зафиров:
„Да се дрзнеш да пишуваш коментари за некое девојче што останало бремено ,да коментираш за нејзиниот свршеник притоа не познавајчи ги и двајцата е ДНО НАД ДНОТО =МИЗЕРИЈА .
Во кое општество живееме ние каква поука им даваме на младите ние ?
Да седиш дома или на работа и да коментираш неќиј живот СТРАМНО .
Се додека самите не почнеме да се менуваме како личности се повеќе ќе тониме и пропаѓаме во апатија.
Како би ви било за вашето дете некој така да коментира ,лично за вас или некој ваш најблизок ТОГАШ ЌЕ ВЕ ЗДОБОЛИ ЌЕ ВЕ ЧЕПНЕ КАЈ ШТО СИЛНО ПЕЧЕ ,ГОРИ.
Гледајте си ја вашата работа ,вашиот живот ,гледајте ги позитивните страни на животот ,гледајте ги убавините што ви ги овозможил животот не само седите на тастатура и кукате.
КОГА ЌЕ СТАНЕТЕ НАУТРО ПРВО НЕШТО Е ШТО ТРЕБЕ ДА СЕ ЗАБЛАГОДАРИТЕ НА ГОСПОД ШТО ВИ ДАЛ УШТЕ ЕДЕН ДЕН ЗА ЖИВЕЕЊЕ НО ТОЈ ДЕН ИСКОРИСТИТЕГО ЗА НЕШТО УБАВО А НЕ ЗА ЦРНИЛА ОКОЛУ ВАС .
КАКВИ ТИ СЕ МИСЛИТЕ ТАКОВ ТИ Е ЖИВОТОТ ЗАТОА НЕМОЈ ДА СЕ ТРУЕТЕ СО НЕГАТИВНОСТИ И НЕМОЈ ДА СЕ ГРИЖЕТЕ ТОЛКУ МНОГУ ЗА ДРУГИ ЖИВОТИ“, напиша познатиот бодибилдер, на својот профил на социјалните мрежи.
Се надеваме дека овие зборови ќе бидат поука за многумина, да размислат и да помислат, како би им било, кога некој би го коментирал нивното дете!