Naslovna Zivot Тој знаеше многу порано – Иван „Либеро“, поранешниот на Антониа се огласи...

Тој знаеше многу порано – Иван „Либеро“, поранешниот на Антониа се огласи уште пред три месеци

Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска, завчера ги изненади фановите и јавноста, со објавата на својот профил на социјалните мрежи, дека е бремена.

Таа објави фотографии од ехо, кои покажаа дека е во блажена состојба, а притоа, за првпат, Антониа проговори и кој е татко на детето:

Долго време се криевме од вас, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа. Малечко мое, од сега секој роденден ќе го славиме заедно.

Среќен роденден на мене и погодете кој ќе стане мајка! Со душа те чекаме, стои во објавата на Антониа.

Покрај веста дека е во блажена состојба, Антониа откри и кој е таткото на бебето. Станува збор за музичар кој е во нејзиниот бенд, Роберт Спасенцовски, со кого е во љубовна врска неколку месеци.

Антониа Гиговска во октомври минатата година, по протекувањето на информацијата дека раскинале со Иван „Либеро“, за наш портал изјави:

„Одлучивме да ставиме крај и не би сакала да зборувам повеќе за тоа затоа што не чувствувам потреба после сè и сешто што напишаа (секакви клевети и невистини) да зборувам јавно и да им овозможам насмевки на лицата. Затоа што само јас и Иван сме во тоа, никој друг.

Ние сме во најдобри односи и мислам дека тука треба да се стави крај на приказната, му посакувам сè најубаво во животот“, изјавила Антониа.

Потоа, медиумте пишуваа дека трето лице е причината за нивното раскинување, а тоа е неговиот најдобар другар Роберт, а на оваа тема, Иван „Либеро“ проговори уште пред три месеци, за естрадниот магазин Бекстејџ.

На прашањето на новинарката дали е точно дека Антониа го изневерила со неговиот најдобар другар Роберт, за што пишувал порталот Вистина и дали е тоа причината за раскинувањето, Иван одговори:

-Тоа е портал кој има добри информации и пишале тоа што пишале.

Јас нема да потврдам, бидејќи не сакам да се мешам во ничија среќа. Ако е тоа така, им посакувам се најдобро.

Јас не сум злопамтило, ние и понатаму се следиме на Инстаграм и со Антониа и со Роберт.

Јас се познавамн со родителите на Антониа и со родителите на Роберт и навистина не би сакал да правам никакви проблеми.

Новинарката го праша што повеќе го боли, дали изневерувањето на најдобриот другар или на девојката, на што Иван повторно одгвори дипломатски, дека не сака да коментира и дека се договориле со Антониа тоа да остане меѓу нив.

Проселедете го интервјуто за Бекстејџ на Иван ТУКА