Naslovna Zivot Стојне ја освојува Америка- ова е единствената љубовна приказна што се рашири...

Стојне ја освојува Америка- ова е единствената љубовна приказна што се рашири за неа, еве што кажа на таа тема

Фолк пејачката Стојне Николова е млада и успешна дама, која ја сака и ја негува македонската народна песна. Со музика започнала да се занимава уште од тинејџерските денови, својата прва авторска песна ја снимила на 16 години.

Таа во една прилика направи обработка на народната песна „Крушево абер пристигна“,за која Стојне вели дека и’ била вистински предизвик и дека публиката во иднина може да очекува повеќе вакви преработки од неа и од нејзиниот тим.

За Женски магазин, младата пејачка во едно интервју открила дали е сингл и што да очекуваат нејзините обожаватели од неа следно.

– Со музика почнав да се занимавам од мојата 15-годишна возраст, а веќе следната година ја снимив и мојата прва авторска песна. Растена сум со нашата убава стара традиционална песна и таа ми е во душата, а во школските денови повеќе пеев поп.

Кога би требало да изберам кој жанр го преферирам повеќе, навистина не би можела да се одлучам бидејки за мене жанрот не е битен, битно е само да е музика…без неа не можам.“

Пред пандемијата, таа ја пушти во етер преработката на старата македонска песна „Крушево абер пристигна“. На прашањето Како ја прифати публиката оваа стара македонска пес на, таа рекла:

– Јас и мојот тим сме задоволни како ја прифати публиката. За мене беше навистина предизвик најпрвин да преработам песна од доајенот Васка Илиева, а и да се работи на таков голем проект кој го работевме два месеци.

Во иднина планирам преработка на уште некоја убава народна песна за која сега сме во потрага“, рекла Стојне, а потоа прозборела за она што екој уметник го мотивирам, а тоа се наградите:

-Имам добиено повеќе награди во Македонија, а и во Бугарија. Ќе набројам дел: Награда за најдобар дебитант на Валандово фест 2019, Трета награда на Охрид Фест 2016, Награда за најдобра интерпретација на Пирин фолк 2017, Прва награда од публика на фолк летен хит 2019 и други.“

Стојне гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител и раскажа интересни нешта. Зборуваше за тоа колку родната Струмица ѝ недостасувала во памдемијата. Кога имаше 18 години, по чина таткото на Стојне, а таа оваа загуба тешко ја прифати.

– Јас ги имам најдобрите браќа на цел свет, јас не можам без нив и тие не можат без мене и секојдневно се слушаме.

Имав тежок период во мојот живот, кога изгубив родител, па дополнително се случи поврзаност меѓу мене и моето семејство.

Ми беше тешко да се одделам од нив. Но имам и пријатели кои ми се како семејство. Мојот менаџер Бобан и неговата сестра Билјана, ми беа поддршка.

Стојне го искоментира делот кога почнала да пее, а тоа започна кога била многу млада, се уште малолетна.

– Започнав да пеам на 15 години. За мене како млада личност на мои 15 години, но сум имала голема поддршка од моето семејство, и зато ми било лесно, како подмачкано. Без проблем ме пуштиле да пеам, не се противеле, боидејќи виделе дека имам талент“, рече Стојне.

– Се уште не сум го дала својот максимим, затоа што сум многу срамежлива, јас сум девица во хороскоп“, додаде Стојне.

Стојне е ега во Америка со својот тим, и шерна слика од Чокаго, како ужива во овој град и најави дека и во февруари ќе пее низ Америка,на некоку места.

Стојне ја поврзуваа со нашиот познат музичар Бобан Мојовски- Мојсо, тоест се зборуваше дека оваа наша пејачка е во љубовна врска со својот колега.

За естрадниот магазин Бекстејџ, во една прилика, таа ја раскажа целата приказна и детално објасни како се поврзани.

– Многу од пејачките ги поврзуваат со менаџерите, со продуцентите, со нивните колеги, н не мора секогаш тоа да е така. Но, што е тука е , ние сме јавни личности, мораме да се носиме со нашата професија, на тоа сме се одлучиле, тоа го сакаме да го работиме…

Некогаш дури и не ни е пријатно да слушнеме такви работи, поготово кога тоа е невистина нели“, рече Стојне за Мојсо и додаде:

Ние првенствено сме правно споени, јас сум екслузивец во продукцијата на мојот колега, во Мојсовски продукција.

Потоа сме поврзани и морално. Многу ја почитувам и во оваа прилика ќе ја поздравам и неговата прекрасна сопруга Билјана. Имаме прекрасен однос, многу поддршка добивам од нејзе, секако и од целата негова фамилија, фамилијата на Бобан.

Сопругата на Бобан не познава нас двајца, знае ние како функционираме, исто и моите знаат како функционираме и дека сме многу блиски.

Јас можам буквално да кажам дека Бобан и неговата сопруга се мојата втора фамилија“, кажа Стојне, со што ги демантираше таквите гласини.