Ирена Спасовска во последно време стана инфлуенсерка, по теркот на светските и на балканските ѕвезди од нејзината фела. Сите тие, сега заработуваат на овој начин.
Во времето кога пејачите слабо настапуваа, таа на Фејсбук рекламираше разни производи кои ги консумира и во кои ужива. Станува збор за здрави напитоци, салони за убавина, ресторани, салон за мебел, па дури и кломпи.
Во јавноста, сè уште е актуелна нејзината врска со новинарот Орце Гелевски која заврши пред речиси четири години.
-Јас не прозборев туку бев испровоцирана што после четири години беспотребно се вртеа прикаски на одредени портали и решив да ставам крај на тие пишувања. Не го гледам често.
Ако ни се вкрстат патиштата на паркинг бидејќи блиску живееме и толку. Дали верувам во пријателства?
Јас верувам повеќе во коректен однос после завршена приказна, но за жал тука мислам дека жените се посилни, бар мене не ми претставува проблем, бидејќи сè ми е добро преџвакано и расчистено со самата себе. Обично се вели кој е иницијатор за разделба, тој подобро поминува.
Па, сега..тоа е. Би сакала оваа тема да се затвори и да не се врти по порталите веќе“, рече Ирена неодамна во Женски Магазин.
Снеже Велков во својата нова емисија „Нешто конретно“ во која беше гостинка и Ирена Спировска, ја праша дали верува дека сите имаме некоја своја половина во животот, и што е со оние кои не ја бараат, туку чекаат самата да си дојде.
-Па добро, јас не сум баш активна на тоа поле. И само за љубовта, би сакала да кажам дека овој пат ќе почекам. Ако треба да дојде, ќе дојде. Ако се појави некој што мисли дека може да ме освои, нека повели.
И нормално ние сме тие- жените кои имаме доста додворувачи, но ако сметам дека е тој вистинскиот, секако дека ќе му дадам знак. Па да, не сум баш многу активна на тоа поле, морам да кажам.
-А, она другото што вели- пушти го едниот да си отиде, а ако бил за тебе ќе се врати. Ти го пушти тој едниот да си отиде, рече Снеже и тука најверојатно мислела на Орце Гелевски.
А Ирена на ова одговори: Па, јас обично тој едниот што го пуштам, не сакам ни да ми се врати. Значи, не чекам. Ако бил мој немало ни да го пуштам. Затоа го пуштам, и нека си го најде некој друг.
Ако е нешто вредно, ќе го задржам за себе, ако не е, го пуштам и нека оди“, одговори Ирена Спасовска во емисијата со Снеже Велков, „Нешто конкретно“.
Потоа покрај раскинување и разделби, Ирена зборувала и за посреќни теми, а тоа е всушност што бара таа кај еден маж. Да потсетиме, Ирена неодамна јавно изјави дека би се мажела по втортпат.
Спасовска во жири комисијата на новото македонско талент шоу, во најавата за емисијата која се одржа пред некое време, Ирена на еден кандидат му рече:
-Ако по вторпат се мажам, да ми пееш на свадба и тоа да ми ја отпееш оваа песна, му рече Ирена на кандидатот.
Во секој случај, Ирена размислува за оваа можност и сега знаеме дека пејачката би си го дала срцето по вторпат.
Таа за тоа што бара кај партнерот јасно одговори што мора да прави за неа, односно што би ѝ годело.
-Koга имаме добар партнер, духовит партнер, значи лицето ќе ни биде весело, секогаш насмеано. И уште ако ни каже „Еве ви 100 евра, па отидете си малку на масажа.
Да си направите една убава масажичка, едно убаво третманче, па лицето ќе ни блеска, изјавила Спасовска, што значи дека кај неа секогаш врската е каузална, така да што ќе ѝ понуди партнерот, таа последично ќе му возвраќа со убавина и насмевка.
Краткото видео од изјавата на Ирена Спасовска може да го погледнете ОВДЕ.