Јован Јованов е еден од нашитре најпознати музичари. Тој е пејач и композитор, а музичаката кариера ја започна со групата „Магија“ и хитот кој се вика исто како групата.
-Првите стихови ги напишав кога имав 10 години. Од тогаш музиката и компонирањето ми станаа моја прва љубов. Од 16 години веќе почнав да заработувам и живеам од музика. Од тогаш љубовта ми стана работа.
Тоа беа годините кога со групата „Магија“ постигнав популарност, доживеав успех кој не беше секојдневен за моите врсници.
Животот ми се смени комплетно. Учев и работев. Одев на часови а одев и на состаноци. Имав визија и план и го правев тоа што го сакав.
Додека студирав го отворив и моето прво студио за создавање и снимање на песни. Бев најмлад кантавтор што победил на Макфест во 1998 година и најмлад композитор што ја претставувал Македонија на Избор за песна на Евровизија во 2004, со песна во изведба на Тоше Проески.
Започнав и соло кариера но, 90% од моето творештво беше за други изведувачи.
Уметноста кон создавањето на музика со модерниот звук беше мојот приоритет“, изјави тој во интервју за mojzbordotcom.wordpress.com
-Отворив и продуценска куќа и бев менаџер на Слаткаристика, Next Time, Елвир Мекиќ, Тони Зен и други. Огранизирав преку 30 концерти на познати Балкански Sвезди.
Со тек на време осетив дека повеќе сум насочен на бизнис а не на музика. Се повеќе се одалечував од мојот сон и мојата мисија. Тоа и беше една од големите причини зошто пресеков се.
Ги затворив моите две фирми и решив да заминам и да се посветам на тоа што најмногу го сакам. Во 2014 заминав во Холивуд да учам за саунд инжинер. Сакав да го усовршам моето знаење и да го запознаат правиот музички бизнис.
После една година живење и студирање во Холивуд во 2015 година добив иселенична виза за Канада и се преселив во Торонто.
Тука работам исто што и работев во Македонија. Имам свое студио за снимање и миксање на песни, создавам музика, аранжман (продукција). Работам со канадски артисти. Посветен сум максимално на ова подрачје и фокусиран да постигнам поголем успех.
Во исто време сиве овие години создавам конекции за наскоро да се префрлам со живеење и работа во Холивуд. Тоа е мојата желба од дете и работам на тоа“, изјави Јован во истото интервју.
Тој објави слика на Фејсбук каде што се гледа дека животот во Канада баш му годи, но она што може да се забележи е неверојатно, дека Јован е младолик и изгледа речиси исто како во времето кога беше во групата „Магија“.
– Што да ти кажам, не се променило многу од денот кога заминав. Нормално дека ќе недостасуваат многу луѓе, пријатели, роднини, но треба да живееш за себе и за тоа што те прави среќен. Јас одамна не гледав голема перспектива за мојата професијата.
Иако имав многу успеси, никогаш не бев задоволен од тоа колку заработувам. Знаев дека можам многу повеќе. Така што во ниту еден момент не се покајав. Откако живеев во Холивуд а после тоа во Торонто искрено, се каам што и порано не сум заминал“, кажа Јован во еедно претходно интервју за Женски магазин.
Потоа раскажа за тоа што го поврзуваа со политиката, и партијата која тогаш беше на власт на овој начин, и како забраниле да оди на Евровизија:
– Кога ќе се сетам, по 2011 година и последната моја „Евровизија“, многу анти владини медиуми беа негативно насочени кон мене, и ја тру еја јавноста, дека мене тогашната власт ми помага да освојам награди или да одам на „Евровизија“.
Еден таков медиум во тоа време беше А1 Телевизија, во периодот од 2009 до 2011. А таквите негативни коментари ниту на ВМРО- ДПМНЕ не им одговараа. Така што да, од кабинетот на поранешниот Премиер Груевски, на директорот на МРТ му беше кажано, дека јас веќе никако не смеам да одам на „Евровизија“ како автор.
Во 2013 година, кога требаше Есма Реџепова да оди заедно со Влатко Лозановски, г-ѓа Есма сакаше јас да бидам композитор на нивната песна.
Ама директорот на МТВ во нејзината куќа на Кале, и ја соопшти директивата од Владата, дека јас не смеам да одам повеќе на Евровизија.
Па кога ќе се сетам и во 2009 година кога победија „Некст Тајм“, една наша „дива“, таа година исто плачеше кај тогашниот Премиер, дека јас сум ги наместил да победат на фестивалот.
Па дури и на седница на Владата паднало муабет за мене пред сите министри. Веројатно немале попаметна работа. Па после пишував допис до премиерот и јас да ја кажам мојата страна. А што имав јас од тоа, ако победат „Некс Тајм?“.
Па немаше ниту парични награди ниту било какви стимулации во тоа време. Дека сум еден од трите автори? Па дечките беа млади, талентирани, публика ги обожаваше. Ама тоа е.
Ми беше криво што и некои колеги од естрадата, секој мој успех на било кој фестивал во периодот од 2006 до 2013 година го поврзуваа токму со тоа, дека мене некој се ми помага. Веројатно тоа им беше утеха за нивниот неуспех.
Јас имав доста успеси и пред ВМРО-ДПМНЕ да биде на власт. Во 2005 година освоив на „Макфест“ и прва и втора награда во исто време, во 2004 бев на Евровизија со Тоше Проески.
Во 2003 на „Макфест“ 3 награда, во 2001 на Скопскиот фестивал втора награда, во 1998 на „Макфест“ прва награда и уште десетина други награди во тој период со групата „Магија“. Така што, има нешто што не може никој да го оспори, а тоа се делата“, кажал Јованов.
Сега, тој ужива во Португалија, и објави слики од Лисабон. На сликите се гледа дека физички не е сменет и дека фго задржал истиот изглед од времето кога беше актиевн во музиката во Македонија.