Иван Јованов е познат како добар пејач и фронтмен на популарната македонска поп-група „Либеро бенд“. Иван зад себе реди големи успеси веќе долги години, а за неговото студирање и кариерата во една прилика за „Вечер прес“ изјави:
-Интересно е што јас сум инструменталист и во средно музичко завршив виола. Кога со дечките од бендот планиравме да почнеме да свириме само ги известивме нашите ближни.
Кај моите родители реакцијата беше запрепастувачка, бидејќи татко ми планираше да ме прати да студирам гудачки инструменти во Виена, а јас се решив да основам бенд.
Нивни зборови беа: Бенд? Ајде да видиме… Но, секогаш постоеше вербата во исправноста на сопствените одлуки, меѓу која е и оваа моја да се запишам на Европски универзитет – Скопје.
Што се однесува, пак, до бендот, внатрешната интуиција и претходната консултација со успешни музичари, беа оние кои нè донесоа таму каде што сме сега, изјавил Иван за популарниот бенд Либеро.
-Се решив да студирам Економија – менаџмент, можеби малку e познато, но сите мислат дека професијата пејач е сведена само на пеење. Всушност, кога функционирате во бенд многу е важно да знаете да поставите систем, и ние сме фирма и сите имаме сопствени одговорности и индивидуални цели.
Колку подобро сте организиран толку полесно, пофокусирано, побрзо ќе ги постигнете сопствените цели, додал Иван во ова интервју.
Во едно интервју кај Никола во „Жешко столче“, Иван зборуваше за својата работа, но и за свјот приватен живот, додека беше уште со Антониа во врска.
Пејачот откри дека сега откако нема свадби поради пандемијата, тој и неговите колеги од бендот се снашле секој на свој начин.
– Јас работам во фирмата каде што работи и татко ѝ и драго ми е што можам да помогнам“, откри Иван, и рече дека едвај чека да им се врати на свирките.
Потоа, тој го одговори прашањето на водителот: Дали го привлекуваат познати жени?
– Сите девојки од минатото, не ми биле познати, како што е Антониа сега, како што сум нашол нешто што сум барал цел живот.
Антониа е посебна, пред тоа јас бев со минатата девојка уште пред да биде таа водителка.
Тоа не ми влијае толку да е позната жена“, рече Иван и додаде дека Антониа со неговите обожавателки се справува најдобро на свет.
-Подобар пејач од неа нема, и јас и ден-денес кога пеам пред неа имам трема“, рече Иван.
Антониа Гиговска во октомври минатата година, по протекувањето на информацијата дека раскинале со Иван „Либеро“, за наш портал изјави:
„Одлучивме да ставиме крај и не би сакала да зборувам повеќе за тоа затоа што не чувствувам потреба после сè и сешто што напишаа (секакви клевети и невистини) да зборувам јавно и да им овозможам насмевки на лицата. Затоа што само јас и Иван сме во тоа, никој друг.
Потоа, медиумте пишуваа дека трето лице е причината за нивното раскинување, а тоа е неговиот најдобар другар Роберт, а на оваа тема, Иван „Либеро“ проговори уште пред три месеци, за естрадниот магазин Бекстејџ.
На прашањето на новинарката дали е точно дека Антониа го изневерила со неговиот најдобар другар Роберт, за што пишувал порталот Вистина и дали е тоа причината за раскинувањето, Иван одговори:
-Тоа е портал кој има добри информации и пишале тоа што пишале.
Јас нема да потврдам, бидејќи не сакам да се мешам во ничија среќа. Ако е тоа така, им посакувам сѐ најдобро, изјавил Иван, а неговата поранешна Антониа пред неколку дена објави дека е во блажена состојба.
Иван Јованов моментално е во центарот на медиумите откога одекна веста дека Антониа чека дете со друг. Секако, Иван уште нема проговорено, а најверојатно нема ни да проговори за оваа ситуација, освен што со чиста душа им посака на Антониа и неговиот најдобар другар сѐ најдобро, пред 3 месеци во „Бекстејџ“.
На неговата последна објава од пред еден ден Иван објавил фотографија на која привлече многу женски погледи. За тоа докажува коментарот на извесен познаник или пријател на Иван кој вели:
-Кога ми е досадно, отворам лајкови кај тебе и правам избор за мис Македонија и аднувам до 100та придружничка, што значи дека Иван има многу лајкови од понежната страна, а очигледно дека жените му се потпикуваат поради шармантниот изглед.
На ова Иван вратил со смеење и напишал: „Секогаш си имал конструктивен коментар.“