Naslovna Zivot Иван од Либеро бенд оваа убавица ја сакаше пред Гиговска, но и...

Иван од Либеро бенд оваа убавица ја сакаше пред Гиговска, но и таа се омажи (ФОТО)

Антониа Гиговска е една од нашите најпопуларни и најдобри пејачки, но и инфлуенсерки. На Инстаграм има речиси 88 илјади следбеници, и често рекламира различни производи.

Антониа својата кариера ја градеше полека но сигурно. Почна со фестивали надвор од Македонија на кои добиваше бројни награди.

Потоа стана популарна со учеството на „Пинк ѕвездички“, па на домашните фестивали и на крајот сними повеќе свои песни.

Антониа пееше и во мјузиклот „Тајно моја“, посветен на Тоше Проески. Таа ја играше главната женска улога. За своето учество во „Пинк ѕвездички“, Антиниа еднаш изјави:

„Па искрено јас не се замарам многу со тие работи, заради тоа што мислам дека кој и да победи, прегледите и она што го знае публиката, како и она што се зборува по завршувањето на ова шоу е многу поважно од победата.

Не секогаш победува оној кој публиката сака да победи или кој што навистина заслужува да победи“, рече пејачката во „Хаштаг“.

„Покрај моите родители, најголема поддршка имав од Иван, поради тоа што тој е во таа фела. Тој е музичар, тој знае најдобро да ми каже, во финалето негов предлог беше да ги пеам ‘Proud’ и ‘I’ll never love again’, со тоа што за ‘I’ll never love again“.

Премногу ми помогна за тоа како да ја изведам.“, рече Антониа за својот дечко. Антониа на социјалните мрежи, а и во медиумите отворено зборуваше за сегаа веќе поранешниот дечкп Иван Јованов кој е исто така музичар, пејачот на „Либеро бенд“.

Во една прилика, Гиговска и Иван имаат изјавено дека поради разликата во годините (Иван е 10 години постар) на почетокот од врската имале проблеми, но тие потоа биле надминати.

Во октомври минатата година Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов, фронтменот на групата „Либеро бенд“ раскинаа.

Според информациите на „Убавина и здравје“, парот наводно пријателски се разделил, без расправии, без лоши зборови, односно се договориле да останат само пријатели.

Да, вистина е дека Иван и Антониа не се повеќе заедно. Но, она што е најважно што тие останаа во добри односи. Не верувам дека ќе се дружат и ќе пијат зеадно кафиња после се, но важно останаа во „ок“ односи, потврди нивни заеднички пријател за магазинот.

За Женски магазин, Антониа раскажа за крајот на љубовта со Иван, но и за тоа што научила од него.

„Иван е човек кој што ме научил на многу работи, човек кој што многу ми помогнал и човек со кој сум пораснала и сум научила да сакам.

Одлучивме да ставиме крај и не би сакала да зборувам повеќе за тоа затоа што не чувствувам потреба после сè и сешто што напишаа (секакви клевети и невистини) да зборувам јавно и да им овозможам насмевки на лицата.

Затоа што само јас и Иван сме во тоа, никој друг. Ние сме во најдобри односи и мислам дека тука треба да се стави крај на приказната, му посакувам сè најубаво во животот“, изјави Антониа.

Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со нејзиниот колега Иван Јованов, минатиот викенд објави дека е бремена. Имено Антониа во саботата го слави својот 22-ри роденден во Копаоник заедно со нејзниот партнер, музичарот Роберт Спасенцовски.

Роберт познат под прекарот Џокер, е дел од нејзниот бенд, и сме ги виделе на доста заеднички видеа на социјалните мрежи. Покрај тоа тој е и долгогодишен пријател и со поранешното момче на Антониа, Иван, судејќи по нивните заеднички фотографии и видеа.

Инаку, Иван од Либеро бенд, сега е сингл. Пред Антониа, тој беше во врска со водителката Јана Серафимова која се омажи за Горан Петровски.

Јана прво беше во ТВ 24, а потоа во Сител а сега води спортска емисија на Телма.

Јана е една од оние убавици за кои рекоа дека ќе го разубави македонското спортско новинарство, и навистина е така.

Откако Јана се омажи, а Антониа објави дека е пред мажење, очекуваме дека и Иван наскоро ќе изненади со убави вести поврзани со љубовта.