Драгица Стевковска Дракче е жената која е од сите обожyвана, предобра дyша, Дракче во животот се избopи со многу лични предизвици, за кои јавноста во најголем дел знае.
Таа во секоја прилика, кога зборува за здравјето, не заборава да напомене дека секогаш кога поминувала низ пpeмpeжја во животот, се молела и Бог ги ycлишувал нејзините молитви и и’ помагал.
Драгица Стефковска-Дракче, која е Тв водител позната по својата емисија „Патот на светлината“ е во брак со Орце Стевковски Царот. Тие се 38 години заедно и имаат две ќерки и пет внучиња.
Дракче е посебно горда на нејзината ќерка Ане, која е голем љубител на животните и работи во Зоолошка градина.
„Секоја мајка си ги сака своите деца. Но кога децата ја прават ГОРДА МАЈКА тогаш мајкиното срце е полно.. Љубов кон работата и посветеност..
Говорот на срцето со ЖИВОТНИТЕ е само ЉУБОВТА кон нив.. Мојата АЛЕКСАНДРА…“, напиша Дракче деновиве и сподели слики од својата ќерка Ане.
Ане пак, неодамна преку фотографија, раскажа како со мама имаат заедничко задоволство. Како и многумина, и тие се големи љубители на слатките, на кои неможат да им одолеат!
„Ни падна шеќерот со мамче“, напиша Ане Стевковска Маневска на својот профил на социјалните мрежи и ги сподели фотографиите.
На светскиот ден на прерано родените деца, Драгица Стевковска Дракче, сподели приказна за својот живот, за која многумина не знаеја:
„Светски ден на предвремено родените деца…
….Едно од тие деца сум и јас..Родена на 7 месеци со само 950 грама.Незадоена ни со мајчино млеко..
Малечко завиткано во крпи во кошница и под селскиот шпорет со куп мачиња врз мене сум ги преживеала критичните денови на живот..
Не се радувале на моето раѓање зошто куката била во жал завиена во црно..Но Бог ми дал живот и тоа мало срценце го наполнил со многу ЉУБОВ..
Јас поинаку и незнам освен да давам БЕСКОНЕЧНА ЉУБОВ.. И СИ ЧУВАМ КУП МАЧИЊА ЗОШТО ТИЕ СЕ СИМБОЛОТ НА МОЈОТ ЖИВОТ..
На сите предвремено родени деца им посакувам долг и среќен живот…“
Неодамна, Адријана Алачки се дружеше со Дракче во нејзината емисија „Вкусот на традицијата“, и по тој повод на Фејсбук најави:
Вкусот на традицијата со нашата Драгица Стевковска Дракче, свекрвина свечена погача.. Наскоро на Алфа Тв!
Дракче пред неколку дена ан Фејсбук кажа што ѝ лежи на срце со една нејзина објава на која беше споменато срцето. Дракче со своите пријатели ја сподели следнава приказна:
– Колку ли само може човечкото срце да биде издржливо. И карпите пукаат на силни дождови ветрови и железото се топи на пламенот од огнот и вулканот избива од утробата на земјата и небото се помрачува од силните грмотевици, земјата пука под горештината на сонцето само тоа
СРЦЕТО -трпи болка, навр еди, осаменост, прогонетост, прељуба, срцето трпи болка создадени во телото и во умот и во еден миг кога нештата се посилни од се кога телото и умот неможат да го надминат сето тоа.
СРЦЕТО пука и станува бежи вотно, во к рв и заминува како парче стакло на илјада парчиња. болката на срцето не може да се мери ДРАГИЦА СТЕВКОВСКА“, стои во објавата.