Naslovna Zivot Еве зошто Аки Рахимовски не успеа да ја прегрне мајка си за...

Еве зошто Аки Рахимовски не успеа да ја прегрне мајка си за последен пат, болен тргнал да ја види..

Аки Рахимовски, пејач на групата Парни ваљак од Загреб на 22 јануари во 2022 година засекогаш го напушти овој свет. За загубата на легендарниот скопјанец Аки Рахимовски беше објавено на официјалните страници на Парни ваљак.

„За малку нежност на сѐ ќе се согласам, за малку нежност за да можам да заспијам“, се стихови од негова песна со кои официјалната страница на Парни ваљак се простува од Аки Рахимовски.

Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но набрзо неговото семејство се пресели во Скопје, каде тој ја започна својата рок кариера, а подоцна, благодарение на неговиот вонсериски глас, го презеде микрофонот во Парни ваљак.

Уште на седумгодишна возраст започнал да учи музика – клавир, а како тинејџер ќе биде дел од неколку рок и поп состави во Скопје, како во Крвни браќа и Тор.

Во 1975 година се запознава со гитаристот и композитор Хусени Хасанефедиќ – Хус и Јурица Паѓен, заедно ја формираа групата Парни валјак, која набрзо ќе стане конкуренција на тогаш неприкосновената Бијело дугме.

Со Парни ваљак со децении ќе ги освојува срцата на публиката, со оваа група ќе сними десетици албуми продадени во стотици илјаден тираж и ќе има стотици и стотици концерти во поранешна Југославија и надвор од земјата. Веста за упокојувањето на познатиот пејач ја потврди неговиот менаџер.

– Му се слоши утринава и веднаш беше однесе во болница во Ново Место. Пред еден час ми се јавија дека се упокоил, но сè уште не ја знаеме причината – изјави неговиот менаџер Дамир Осредечки за медиумите.

Пријател на Аки Рахимовски, фронтменот на групата „Парни ваљак“, изјавил дека пејачот строго ја чува својата приватност.

Во февруари во 2020 година, една од најактуелните теми е веста дека Аки Рахимовски на 65 години доби ќерка со мистериозната Словенка Барбара која има 37 години. Тие двајца три месеци успеале да ја кријат веста за породувањето.

„Ако може Мик Џегер на 74 години, зошто да не може и Аки“, вели неговиот пријател и член на „Парни ваљак“ Хусеин Хасанефендиќ Хус.

Веста за медиумите прв ја пренесе RTL Exclusive, кој прва отиде во Словенија, каде живее Барбара, да разговара со неа и со Аки. За жал, парот во тој момент не бил дома, но успеале да ја најдат мајката на Барбара, која ја потврдила среќната вест.

Познато е дека Аки Рахимовски е од Скопје и израснал во Шуто Оризари. Кога доаѓал во Македонија, прво одел да ја посети неговата мајка. Тој има изјавено дека уште до мал работел тешка физичка работа за да преживеат.

Инаку, и негиовиот син Кристијан е музичар, а хрватсјките медиуми пишуваа дека тој и синот не се во добри односи, но Аки никогаш не искоментира ништо а неговиот однос со синот.

Синот на Аки Рахимовски, музичарот Кристијан Рахимовски, откри што се крие зад приказната дека тој и неговиот татко се во кавга. Наследникот на фронтменот на групата Парни ваљак изјави дека двајцата никогаш немале врска татко-син, дека често го запоставувал поради неговиот настап и дека се уште не ja запознал своjata полу- сестра Антонија.

Додека Аки го ажурира материјалот и повторно ужива во шармот на родителството со ќерката што неодамна ја доби со 27 години помладата партнерка Барбара, неговиот син од првиот брак откри каков е нивниот однос.

– Никогаш не сум го осудил татко ми. Многупати имавме несогласувања за некои работи, но бевме доволно искрени во тие несогласувања за да не лажеме – започна Кристијан за „РТЛ ексклузив“ и откри дека се уште не ја запознал својата полусестра, а тоа е помалку важно:

– Раѓањето на дете е убава работа. Да се ​​биде среќен е исто така убава работа. Татко ми има 65 години, но на крајот, кога ќе се повлече линија, најважно е да е среќен. Се уште не сум ја запознал Антонија, но ќе ја запознаам.

Ќе дојдам во Словенија. Сè се случи доста брзо, така што не е голема работа, важно е детето да е живо и здраво, татко ми да е среќен и неговата партнерка. Не можам да сторам ништо околу тоа. Сè што можам да кажам е да оставиме животот да продолжи.

Кристијан се осврна и на врската со неговиот татко, кој се развел од мајка му кога имал три години и рекол дека тие двајца никогаш немале класичен однос татко-син.

– Мојот однос со татко ми не беше тежок. Затоа што никогаш немавме таков однос меѓу класичен татко и син, со оглед на тоа што тој како голема ѕвезда на овие простори припаѓа на онаа генерација која свири 200 од 350 дена во годината.

Всушност, никогаш не успеавме да изградиме врска. Кога си мал тоа не го разбираш, а бидејќи долги години се занимавам со музика, колку стареам, толку повеќе разбирам некои работи.

Но, повторно, тоа не е изговор да не се менуваат некои работи, бидејќи мислам дека секогаш можете да го направите кога сакате. Но, јас не сум тој што сега треба да му суди на татко ми – вели тој. Бидејќи и самиот е татко, Кристијан вели дека, за разлика од Аки, повеќе внимава на своите деца.

На 30 април во Скопје се упкои Ана, мајката на музичарот Аки Рахимовски. Веста на Фејсбук ја објави нивната кума од Скопје, новинарката Мирјана Василева. Василева на Фејсбук напиша дека Ана сега конечно е крај својот син, кој се упокои на 22 јануари годинава во Ново место, Словенија.

„Патувај во божјата светлила тетка Ана, сигурно ќе те дочека синот Аки Рахимовски, почивај во мир“, напиша Василева. За Женски магзин таа раскажа дека Ана се упокоила во домот за стари лица каде што претстојувала последниот период од својот живот.

Но, она што исто така Всилева го раскажала пред неколку месевци, е дека до самиот крај не знаела дека нејзиниот син се упкоил пред неа.

До последно, тетка Ана не знаеше дека Аки е поч-инат, си замина без да знае дека синот си замина пред неа. Не беше добра со здравјето, и медицинскиот персонал решил да не ѝ создава дополнителни стресови.

Аки, пред да поч-ине требаше да дојде во Скопје, да ја види својата болна мајка, беа многу поврзани. Му беа вградени четири стента на срцето, и мислам дека сè уште не беше подготвен за патување.

Но, кога од Скопје му јавија дека мајка му не е добра, тој реши веднаш да дојде. За жал, еден ден пред да допатува до Скопје, Аки се упокои. Мајка му се подготвуваше за таа средба, но не дочека да си го види синот“, раскажала неговата кума.