Многумина би ѝ позавиделе на Вера на среќата и на позитивниот став.
Вера често објавува стори од нејзиното работно место, Канал 5 телевизија. Во една прилика објави стори во 6 наутро, на изгрејсонце, а Вера, како и нејзините колеги кои водат утринска програма, треба рано да стане.
Поранешната мисица добро знае што им треба да на гледачите за добро утро, и секоја чест за тоа како се дотерува секое сабајле и ги воодушевува поспаните ликови зад екраните.
Имено водителката Вера секогаш изгледа стокмено без разлика дали е пред камерите или на друго место.
Таа обраќа внимание и на најмалите детали, а како што викаат „Убавината се крие во малите работи”, се чини дека нашата водителка навистина знае да го примени тоа на себе.
-На секоја жена ѝ годи кога добива комплименти, не сум ни јас исклучок. Чест и задоволство е, но и голема одговорност, многу погледи вперени, очекувања, многу девојки, жени кои гледаат пример во мене, а и како мајка и децата исто така гледаат, не е воопшто лесно, но е животен предизвик.
-Во текот на една работна недела се трудам трипати да практикувам физичка активност која вклучува вежбање, пешачење во природа, одење во спа-центар, да посетам козметички салон каде што се опуштам со масажа, истовремено со нанесување пакувања со алги, кои многу ми помагаат за кожата…
Сите тие активности се трудам да ги завршам до 16 часот за во попладневните часови да им се посветам на децата, изјави Вера за Слободен Печат.
Вера инаку често оди и на разни настани, покрај јавната работа, и притоа снима и прави реклами за некои производи за лице или облека.
Така и во една прилика неодамна, Вера присуствуваше на еден настан, а на сликата ги покажа слабите нозе и краткиот фустан. Всушност, Вера во рака држеше ливче на кое имаше напишано:
„Без пот, нема бериќет,“ на што Вера искрено си кажува како си ја одржува својата линија.
Познатиот фитнес тренер Мирко Петровски објавил стори од Вера Мештеровиќ како вежба во неговата теретана „Project Fit“.
Кога ќе ја погледнат сите Вера како посветено вежба, сигурно дека ќе посакаат и тие, Вера во вакво издание навистина мотивира.
Во интервју со Машки Магазин, Вера кажа што е таа всушност по професија, а нашата убава мисица и водителка даде искрени одговори на многу теми, а меѓу нив и за мажите.
-Кога се Македонките во прашање, дипломираната менаџерка за царина и шпедиција – Вера Мештеровиќ, која работи и како телевизиска водителка, ги поседува буквално сите карактеристики, без исклучок“, пишува во Машки Магазин.
Ја прашале: Кои машки атрибути Ви се најпривлечни? Физичките (телесните), умствените? На што не можете да одолеете?“, а Вера пак одговорила:
-И едното и другото. Сакам кога е комплетно. Малку е неблагодарно вака поставено прашањето и лесно може да се извади од контекст, но веќе кога треба да кажам – ми значат и двете работи.
Вера, кога ја прашале која е тајната на успешниот, среќен брак или љубовна врска рекла дека толерантноста има особена важност.
„Да, толерантноста, почитта, балансот, прифаќањето, разбирањето,а не менувањето од страна на партнерот“, изјавила Мештеровиќ која има две деца од бракот со фудбалерот Игор Кралевски, со кој се разведе пред неколку години.
Исто така, на прашањето кои квалитети ги бара во мажите, таа рекла:
Се разбира, самодовербата, заштитничкиот однос во права насока. Да биде вистински животен сопатник, сродна душа, неговата благородност е особено важна ,да биде сѐ – и другар, пријател и љубовник и потпора и мотивација, и во добро и во лошо- изјавила Вера.
Вера Мештеровиќ деновиве ужива во убавините на Тоскана, Италија и постојано објавува слики од местата кои ги посетува. На сликите може да се види дека водителката е ептен освежена и супер ѝ доаѓа одморот.
Но, она што е интересно е тоа што Вера на фотографиите кои ги објавува е облечена поразлично од тоа каква што ја гледаме во Канал 5, каде постојано носи фустани и сукњи.
Вера објавила слика во многу опуштено издание каде изгледа многу природно, ваква ја немаме видено досега, но во секој случај, водителката што ѝ да облече на себе, ѝ стои супер.