Кристина Димитри е една од нашите најубави пејачки која долго време е интересна за јавноста. Таа често присуствува во разни емисии и секојпат открива нешто ново за себе.
На прашањето кој ѝ помага за обврските околу детето, со оглед на тоа што таа има ангажмани во професијата, Кристина ја истакна помошта од нејзиното семејството, особено мајка ѝ, која му е како втора мајка на Давид.
-Брат ми и син ми се како другари. Позната е таа конекција со вујче. Навистина сум пресреќна што имам вакво семејство кое во сè ме поддржува, сподели во една прилика Кристина.
Кристина Димитриевска постојано изненадува со својот изглед, знае да ги „раскомоти” нејзините обожаватели, а претставува модна икона за многу девојки по тоа како се облекува, гледајќи по големиот број на лајкови кои ги собира од нив.
Кристина во една прилика за Женски Магазин зборуваше за тоа како ѝ поминува еден обичен ден и раскажа со кого ја поминува ноќта.
-Денот ми започнува со гушкање со мојот син… Нашата мала утринска идила е нешто без кое не поминува утрото. Моето кафе го пијам заедно со син ми.
И тоа е мојата омилена дестинација за првото кафе (покрај него). Се разбира тој ми прави друштво, појадува „Чоколино“.
Мојот син е мојата главна мотивација, моето семејство и можеби уште една личност (се смее). Последното активирање во денот ми е теретаната после сите обврски… Вечерта ја поминувам со моето семејство. А ноќта..? (се смее)“, изјавила Кристина.
– Јас си правам инает со своето огледало, секогаш сакам да направам подобро и се такмичам со самата себе.
Бидејќи кога се такмичиш со некој друг, ти стагнираш, бидејќи не се пратиш себеси и свокјата работа.
Ова е професија во којашто долго ќе бидам. Во претходните некако си го достигнав својот максимум, направив сѐ што сакам, и сега додека не го направам во оваа професија, нема да застанам“, рече Кристина во емисијата „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски.
Потоа Димитриевски ги искоментира критиките на нејзина сметка и рече дека јавноста на почетокот не била воодушевена од незините вокални спосбности, затоа што им паднала вилицата од нејзиниот физички изглед.
– Пред сѐ поздрав до мојата професорка Наташа Миха. Навистина многу ја сакам и многу ми помогна. Што се однесува до моите вокални способности, ако не постоеле не би правела кариера.
Не сум лу да да правам нешто, ако не сметам дека во тоа можам да напраам успех“, одговори Кристина.
Таа рече дека на неа е сѐ природно. „Гра дите се мои, а ако еден ден се решам да ставам нешто на мене, зошто да не. Јас преферирам да го одржувам природното“, рече таа за својот изглед.
Потоа, се искоментира нејзината креација на Макфест за која Кристина рече дека таа креација открива, но го покрива тоа што треба. Кажа и дека со Саша Ковачевиќ се блиски пријатели и е посебен.
Даниел Кајмакоски, бившиот на Кристина ги изненади своите обожаватели кога објави стори со својата сакана чие има се уште не сака да го открие.
Имено, пејачот објави убави вести, дека се оженил со својата сакана, на кое пишува „штотуку венчани“.
За својата сакана, тој неодамна на Инстаграм напиша „Ти си сѐ она што некогаш сум го барал. Ти благодарам што ме туркаш кон тоа да ги остварам сопствените соништа секој ден“.
На оваа слика, искоментирала Ружа, мајката на Даниел, која на Инстаграм е потпишана како la_vie_en_rose_kajmakoska
-Љубени мои“, напишала Ружа Кајмакоска, што многу кажува за нејзиниот однос со идната снаа.
Кристина Димитри истиот ден објави слика од кревет, сѐ уште поспана, а до неа лежеше синчето Давид кој ѝ е сѐ на светот. Давид на фотографијата спие, а Кристина ужива во овие мали мигови кои немаат цена.
Со тоа таа сака да каже дека Давид ѝ е најважниот човек на светот и покрај сѐ што се случува таа ќе биде покрај него.