Naslovna Zivot Чека бебе со саканот ама не сакаат да се венчаат од оваа...

Чека бебе со саканот ама не сакаат да се венчаат од оваа причина- Еве во каква бајка живее нашата убава водителка Марија

Водителката Марија Петровска, која веќе осма година живее во Словенија и нејзиниот партнер , Михаел Сказа, на пролет ќе станат родители. Марија, која беше заштитен знак на ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“ е во седмиот месец од бременоста и очекува син.

Љубовта која функциононираше на далечина во 2015 ја однесе во Словенија, а сега и покрај тоа што наскоро ќе стане мајка, убавата Марија води прилично активен живот и никако не се откажува од високите потпетици.

Од Цеље, каде што работеше и живееше изминативе години, таа и Михаел кој е стоматолог се преселија во Марибор.

Во своето родно Тетово, каде што ѝ е срцето, редовно доаѓа, како и во Скопје, кај своите пријатели, а објави Женски магазин.

-Веќе половина година живееме во Марибор. За преселбата во „престолнината на Штајерска” се одлучивме затоа што е поголем град и има повеќе луѓе и случувања, но првенствено затоа што Михаел е од Марибор и повеќето пријатели и негови роднини ни се тука.

Сепак повеќето денови сè уште ги поминуваме во Цеље, затоа што и двајцата таму работиме. Михаел веќе 16 години е раководител на едукативниот центар во „Интердент“.

Jас од август од предминатата работам во „Кинезика“ – фирма која се занимава со развој, производство и продажба на козметика и додатоци во исхраната.

Поточно сум раководител на одделението за маркетинг и односи со јавност на нивниот бренд „Butters“.

Што се однесува до промените, веројатно Михаел би знаел подобро да одговори…Јас не забележувам некои драстични промени (освен очигледните физички).

Се чувствувам одлично, немав и сè уште немам никакви мачнини ниту драстични промени во расположението…

Немам посебни желби, кога е исхраната во прашање. Останувам активна и сèуште поминувам по мининум 10 часа дневно во високи потпетици.Можеби малку почесто плачам на филмови, ама тоа е нормално, нели?

А инаку, нема кој не ја памети Марија Петровска, една од водителките и новинарки на „Бекстејџ“, Марија беше една од најзгодните (и уште е), и најспособни наши водителки.

Немаше настан да не помине без Марија, шарматната тетовчанка. Таа беше дел од сите промоции, концерти а одеше и на спортски натпревари и на светски познати настани, а еден од нив е и филмскиот фестивал во Кан.

Марија беше водителка и на радискиот фестивал во Скопје, каде што се избираа на најпопуларнитре радио хитови.

Марија сега обајви слики како ужива во убавата Словенија која е снежна и сликите се вистинска идила. Убавата тетовчанка споделила фотка на која се истакнува нејзиното трудничко стомаче.

А на друга слика, таа е сликана со својот сакан Михаил, во Марибор, како го бакнува и како заедно ги градат Снешко. А во истото интервју за Женски магазин, Марија прозборе дека таа и Михаил всушност не се венчани.

– Искрено во моментов не планираме венчавка. Знаеме дека и двајцата евентуално сакаме да се венчаме и да го направиме и тој чекор, ама не сметам дека заради тоа нашата врска би била посериозна или поцврста.

За жал живееме во време кога многу млади стапуваат во брак пребрзо или поради погрешни причини и тоа често резултира со разделба.

Ние сме заедно веќе 13 години, од кои 6 години одржувавме врска на далечина, а 7 години живееме задно..

Сметам дека нашата врска преживеала многу и многупати досега во пракса ја докажала својата цврстина.

Ако не постои љубов, компромис и меѓусебно разбирање, ниту еден потпис не е доволен за да се одржи една врска“, изјави Марија.