Антониа Гиговска е доста актуелна овие денови. Прво, нашата пејачка токму на денот на својот роденден објави дека е бремена и дека чека бебе со нејзиниот дечко, Роберт Спасенцовски.
Тој е инаку музичар и свири во нејзиниот бенд, а медиумите напишаа дека е другар на нејзиниот поранешен дечко, Иван Јованов кој е истоп така музичар.
Антониа од Копаоник, каде што е на зимовање се огласи со убавата вест и ја покажа снимката од ултразвукот.
Потоа, таа го покажа и прстенот, имено, Роберт ја запросил на ова познато туристичко место, и рече дека тој самиот го бирал ова парче накит за својата сакана.
Пејачот Боби Спасенцовски, кој е иден свекор на Антониа Гиговска е многу среќен што ќе стане дедо, а неговата сопруга Весна, баба. Спасенцовски вели дека бил многу изненаден кога неговиот син Роберт кој е исто така музичар и Антониа му ја соопштиле убавата вест.
– Кога ми ги соопштија убавите вести занемев од радост. Не знаев што да кажам на почеток, испушив една цигара, ми требаше време да ги средам емоциите. Потоа ги гушнав, им честитав.
Цел ден ни се јавуваат луѓе да ни честитаат, јас не знам што да кажам, збунети сме, и многу сме среќни.
И јас се оженив млад како и Роберт, на иста возраст, и мислам дека така и треба да биде, да оди по тој ред. И многу е подобро кога младите се решаваат да станат родители на помлади години.
Јас ќе бидам млад дедо, и како помлад ќе можам повеќе да го чувам внучето“, изјавил Спасенцовски кој има 47 години за Женски магазин, а инаку и тој е познат пејач.
Потоа, Антониа е актуелна по својата нова песна, а се вика Хабиби, и ја пее во дует со Пајак. Таа е број 1 на тренддинг заедно со Пајак, и на стори на Инста многу познати ја шернаа оваа песна како поддршка.
– Малку авантура, малку љубов, малку стрес. Заради тие очи паѓам ја на гр ев. На моите рани ти си единиот лек. Горат чувства, а ти ги топиш као лед.
А ноќва ме спушташ и креваш од дно и се тоа ти го правиш намерно…, кажува оваа нова песна А инаку ја има напишано Христијан Настески- Пајак- музика и текст и аранжман Иван Јованов- Iwayo.
– Детето право освежување бидејќи го слушаат моите деца го слушаме од поодамна само најубави зборови.И ма надеж за Македонската музика млади деца нов стил ново време,ДНК она што го направи можат и Македонски изведувачи да полнат сали.
Тука треба Министерство за култура, Музичка академија и самата држава да застане да помогне ,да се донесат закони за 70 посто да се слуша мак музика радијата да ги плаќаат тие што ги пуштаат.
Сепак респект за Пајак“, вели еден коментар под песната.
Но, за бременоста на Антониа и за веста која ја соопшти дека е верена, имаше разни коментари на социјалните мрежи, повеќе или помалку убави, а во одбрана на Антониа се јави и Миа Костова, нашата позната инфлуенсерка и водителка.
– Денес со првото кафе ги читам порталите, коментариве и сите болести кои ви излегуваат на површина по повод една убава вест ко што е бременоста на Антониа Гиговска.
Си велам, каква среќа што пред 11 години кога останав бремена немаше портали вака, а богами немаше ни актиевн Инстаграм, инаку сигурно во состојбавата во која бев, во најмала рака ќе пиев апчиња за смирување.
Вас Господ не ви помага, не па кампањи против гово на ом раза. Чудо е како самите се трпите, така гна сни и несреќни“, напишала Миа Костова на Инста стори, а на ова Антониа одговорила:
-Мајка ми нон стоп ми вика дека мајка издржува се“, напишала Антониа која го споделила сторито на Миа кое го напишала како поддршка на нашата позната пејачка.