Даниел Кајмакоски еден од ретките пејачи кој со својот глас успеа да ја импресионира публиката во Македонија и Балканот, откако победи на натпреварот Икс фактор.
-Се чувствувам фантастично и среќен сум. Верував дека можам да победам, иако конкуренцијата беше јака. Секој од супер финалистите имаше подеднаква шанса за победа.
Цел живот го чекав овој миг и сметам дека ова е само вовед во нешто убаво. Моите родители се многу горди на мене и драго ми е што тие се среќни – рече задоволно Кајмакоски по оваа победа.
Во неколку наврати, нашиот познат пејач Даниел Кајмакоски има кажано дека е многу горд на своето семејство.
Неговиот татко, Павле Кајмакоски е исто така музички талентиран, и тој со својата хармоника има настапувано на многу свадби и веселби на нашинците во Австрија, каде Кајмакоски се преселени пред многу години.
Мајката на Даниел, сопругата на Пвле се вика Ружа, а Даниел за мајка си исто така има кажано дека му е голема поддршпка. Кога тој победи на Икс фактор во Белград, неговите дошле од Виена да го бодрат својот син.
Ружа е инаку учителка во градинка, и според сликите на нејзиниот Фејсбук профил, таа е многу весела жена и е активен член на забавите на македонските друштва во Австрија.
Повеќето слики и се со сопругот Павле, но и со веселото друштво кога правеле ѓезмиња и дружби со нашинците.
Нејзините три сина се голема нејзина гордост, Даниел инаку има уште двајца браќа, Далибор и Филип.
Кога Даниел од Австрија се врати во Македонија и почна да гради регионална кариера, Далибор остана во Австрија и има работено во компанија за транспорт и во ланец познати маркети.
Пред шест години, од Виена, тој се преселил во Индијана, САД. Далибор му е голема поддршка на својот брат. Најмалиот нивен брат Филип, кој е 13 години помлад од Даниел и тој исто така многу си личи со своите браќа.
Филип се уште живее во Виена и се занимава со музика исто како и неговиот брат. Филип на Инстаграм објавува кавери од познати екс-ју пејачи кои одлично ги пее, а објави и селфи со нивната мајка.
Даниел е во моментов во Србија, Далибор во Америка, а Филип во Австрија.
Даниел измиунатово лето објави неколку слики дека е на море, а на сликите можеше да се забележи дека е очигледно многу среќен и расположен.
Потоа, следуваше фотографија на која Даниел седи, а до него се гледаат женски нозе што може да значи дека пејачот повторно се заљубил и е во врска.
Потоа, ја покажа својата сакана, и објави слики со неа од Свети Наум со овие зборови:
– Преку 30 години го посетувам ова место и сеусте е иста молитва и иста зелба како за мене и мојте најблиски, така и за сите луѓе на овој свет..
Господе дај ни здравје, мир, љубов и повејке време со оние кои најмногу ги сакаме. Ви ја праćам сета љубов од ова свето место“, објави Кајмакоски. Потоа, Даниел се пофали дека девојка му му донела слатко кученце како изненадување.
Даниел сношти објавил стори со својата сакана чие има се уште не сака да го открие. Имено, пејачот објави убави вести, дека се оженил со својата сакана, на кое пишува „штотуку венчани“.
За својата сакана, тој неодамна на Инстаграм напиша „Ти си сѐ она што некогаш сум го барал. Ти благодарам што ме туркаш кон тоа да ги остварам сопствените соништа секој ден“.
На оваа слика, искоментирала Ружа, мајката на Даниел, која на Инстаграм е потпишана како la_vie_en_rose_kajmakoska
-Љубени мои“, напишала Ружа Кајмакоска, што многу кажува за нејзиниот однос со идната снаа.
Најверојатно, Даниел веќе ги има запознаено родителите со неа, а ако нема, тоа сигурно ќе се случи после овој благослов што за нивната љубов го даде неговата мајка. Нека е честито!