Јутјуберот Лазаров во последно време ги проверува социјалните случаи од „Срце на дланка“. На почетокот беше кај Тале, а сега го разреши случајот на Цене Маџуни која пред некое време ја сподели нејзината тажна животна приказна.
-Сега сакам да ви ја претставам новата приказна која е многу пострашна. Сакам институциите да се вклучат и да ја истражат цела оваа работа.
-Во приказната која ја емитуваа „Срце на дланка“ се појавува Цене Маџуни. Цене Маџуни е жена која живее во населба Точила, Прилеп.
Од својата 15 година одлучува да стапи во брак, а во емисијата го нема името на таткото. Според нејзините зборови во емисијата, таа е ќерка единка која животот го минува во стан од 20 м2.
Цене од неуспешниот брак раѓа 2 сина, во емисијата вели дека се викаат Емил и Далибор. Емил има 13 години, а за Далибор не ни открива колку години има, освен дека е воено лице.
Во емисијата се вели дека тој поради излив на к рв во мозокот, тој е во несвесна состојба и е во болница во Хрватска.
Инаку, живеат со нејзината неподвижна мајка која се вика Драгица Чортаноска. Живеат со пензијата на бабата која е 12.000, а во месецот им остануваат само 2000 денари. Веднаш на почетокот на емисијата, вели дека остануваат гладни и заспиваат со празен стомак.
Уште потешко им е дека плаќаат кирија, проблем им се долговите од извршителите. Во емисијата се кажува дека Цене има 50 години.
Потоа, Цене вели дека во станот каде што се снима емисијата живее од дете и е стан на мајка ѝ, а на почетокот вели дека плаќаат кирија.
Мажот на Цене, ја напушта кога се раѓа Емил, односно пред 13 години. Нејзиното објаснување е дека скитник и одел по жена. Оттогаш таа вели дека живее со мајка ѝ. За Далибор вели дека пред да се разболи, работел.
Исто така и Емил имал срцеви проблеми. Мајката на Цене вели дека само посакува да оздрави Далибор, а го нема видено повеќе од 3 години.
Сега би сакал да ви кажам како е вистинската приказна. Она што го работев изминативе 7 дена. Сите информации кои ќе ви ги кажам сега се проверени и моите извори тоа ми го потврдија, рече Лазаров.
Цене Маџуни е родена во Прилеп, родена 1977 година. Според приказната која ја кажува во „Срце на дланка“ таа се омажила на 15 години, таткото не го кажува. Таткото се вика Фират Маџуни или со прекар Нуни.
Најголемиот проблем е тоа што таа вели дека има 2 сина, Далибор и Емил. Таа во емисијата не кажува колку години има Далибор. Она што сакам сега да ви го кажам е 100% сигурно.
Првиот брак на Цене Маџуни е со Сашо Чортаноски. Велам Чортаноски, затоа што тоа презиме е на Драгица Чортаноска, односно на нејзината мајка. Во тој момент и Цене е Чортановска. Таа во тој брак ја има ќерката која што нема да ја именувам и е родена во 1997 година.
Тоа е првото дете дете на Цене Маџуни и таа ја раѓа на 20 години, моментално нејзината ќерка има 25 години. Со тоа се докажува дека таа нема брак на 15 години со Фират.
Потоа, таа е со Сашо во брак негде до 2007/8 година во која што се разведува, а човекот пред 5 години по чинува. Тогаш се запознава со Фират Маџуни и со него го добива синот Емил.
Најголем проблем во оваа приказна е синот Далибор. Во самата емисија се вели дека Далибор е воено лице, моментално се лечи во Хрватска.
Верувајте ми дека секаде проверив, многу луѓе им се јавив, насекаде истражив и ниту еден човек, Далибор не го познава.
Таа вели дека Далибор е првото нејзино дете со Фират и е многу повозрасно од Емил. Откако ги дознав сите овие информации, сум запрепастен. Исто така Цене вели дека има 50 години, а со тоа што е родена во 77-ма, има 45 години.
Oдлучив да ѝ се јавам на Цене, отидовме во Прилеп и земавме изјава, рече Лазаров, а потоа во неговата емисија ја покажа Цене, која за својот син Далибор рече дека работел во МВР во Скопје.
Лазаров ја праша во која болница е во Хрватска, а Цене рече дека не знае, не била таму. Исто така, рече дека и Далибор има 36 години.
-Далибор заврши средно, во Скопје, тој на 18 години си замина во Скопје, започна Цене за Далибор. Средно заврши за полиција. Емил исто така има проблеми со срцето. Некогаш му прескокнува, некогаш има гушење и стегање јако во градите.
За сопругот, Цене рече дека се оставени, но не се официјално разведени. Лазаров ја праша каков однос имал Далибор со татко му, што Цене рече дека немал добар однос и Далибор ја знаел целата ситуација.
Лазаров ја праша Цене кој е Сашо Чортаноски?
-Од првиот брак, со него имав ќерка. Таа ќерка ниту ме сака, ниту па јас сакам да ја видам, откога се омажи таму. Имав ќерка, ама сега немам фактички за мене е мр тва.
За која година е роден Далибор, Цене се збуни и рече:
-Далибор, не оти знам сега точно која година и мене веќе умот ми е земен. Имам контакт од докторот во Хрватска ама не сум го ни прашала како се вика.
После тоа Лазаров си отиде од кај Цене и ги коментираше случувањата за кои очигледно е дека приказната не е вистина.
-Според нејзиното тврдење, таа во ова интервју со мене вели дека има 47 години, иако во „Срце на дланка“ вели дека има 50. Според нејзиното тврдење, таа тогаш би го родила Далибор на 11 години. Иако моите информации се дека таа има 45 години.
Вели дека завршил средно во Скопје, а на 18 се преселил во Скопје, што исто така е контрадикторно. Уште поголем сомнеж во сѐ ова е што јас ѝ побарав слика, нема никаква слика од Далибор. Сметам дека било која мајка на светов има барем една фотографија од своето чедо.
Moите информации во Прилеп велат дека станува збор за доста проблематично семејство. Последниве неколку дена трагајќи, забележав дека на едно хуманитарно здружение на Фејсбук има фотографија од Далибор.
Се јавив на претседателот кој што се вика Горан и ја добивме оваа изјава, рече Лазаров кој добил информација дека не го познаваат Далибор, а за сликата рече дека мајката Цене ја дала на здружението.
-Овој син не постои, има зло употреба на униформа, зло употреба на идентитет, манипулација за донациии. Вакво нешто да се дозволи да се емитува на национална телевизија.
Работата во оваа приказна е тоа што јас се трудев и го барав Далибор под презимето Маџуни. Тоа презиме би потврдило дека е син на Цене. Единствена опција е доколку тој се оженил и го земал презимето на жена му.
Но, му пишав на Емил (помалиот син) да ми прати некој разговор и тој ми прати слика каде што некој пишува од профилот на брат му. Брат му му честита празници на Емил, датата е 6-ти јанури, а во целата приказна велат дека Далибор е во ко ма.
Единствено е точно дека Далибор постои, има 36 години, меѓутоа не е нејзин син. Далибор е човек кој има сериозно кри минално досие и не можам да сфатам која е поврзаноста на Далибор и ова семејство, рекол Лазаров на крајот кој по долго истражувањње ја добил оваа информација.
Целото видео може да го погледнете ОВДЕ.