Naslovna Zivot Еве зошто нашата фолк дива Благица Павловска не му зборувала со години...

Еве зошто нашата фолк дива Благица Павловска не му зборувала со години на 3оки Фаци

Легендата на народната музика, Благица Павловска, во едно интервју зборуваше за почетовите не нејзината кариера, која е секако успешна и зад себе има многу хитови. Интервјуто го даде за aleksandrovaastrologija.wordpress.com

-Со оваа професија се занимавам изминативе 30 години, а не од 1992 како што знаат повеќе во јавноста. Првпат официјално се појавив на фестивалот Цветници, кој официјално се организираше од МРТВ, но пеев и пред тоа, со тоа што додека беше Екс Југославија, пеев на повеќе простори од нашата држава, пеев на запад, во Германија, Европа итн.

-Во мојава кариера, од 1992 год. многу работи осознав, од она што не го знаев. Верував во Бог и порано, меѓутоа не знаев и не ја осознавав вистината.

Да веруваш не е исто како и да го почувствуваш тоа, да ги почувствуваш и добрите и лошите страни на животот и на луѓето околу себе.

Од моето лично искуство и мојата работа, запознав голем број на добри и голем број на лоши луѓе што значи дека по некој природен процес, мојот организам и мојот ум се бори да ги елиминира негативните а да ги задржи позитивните страни за да можам да опстојувам.

Значи опстојувањето на една личност како што сме ние во јавниот живот, имаме разноразни препреки, што вака гледано со голо око некој може да не ги види. Оној што сака да ти наштети може да ти наш-тети и на поинаков начин.

Со самото пеење јас сум во друга димензија. Тоа е на едно повисоко ниво. Високите битија кои ме водат во мојот живот за да го остварам она што треба да го остварам и е по Божја промисла.

Благица е позната како храбра жена, која во животот се соочила со доста предизвици, убави и неубави, па така и неодамнешната интервенција на десната рака ја надминала со позитивна мисла.

После опе рацијата, Благица закрепнала, па во емисијата на Трајче Толевски се појавила како подмладена. Трајче објавил слики со Благица и вака ја опишал:

„Убавина што трае“- вака Толевски ги опишал фотографиите со своите колешки меѓу кои е и Благица, и бил во право за овој опис.

Според пишувањата на медиумите, Благица прво беше мажена за човек од Србија, а потоа за Саше, Македонец кој живееше во Италија, и се венчаа на многу необично место, во зат вор додека тој ја издржуваше каз ната.

Како што пишуваат медиумите тогаш, Саше се вратил во Македонија и живеел со Благица, но таа откако дознала дека ја изневерува, и нашла доказ за тоа- смс пораки од други жени, го оставила.

Потоа, таа пред пет години изјави дека конечно ѝ се погодил третиот маж, Тале, но и со него се раздели и му се посвети на својот духовен мир.

-Среќна сум што го најдов својот мир покрај човекот на мојот живот – мојата сродна душа. Едно е многу важно во животот, кога човек ќе ги надмине оние физички побуди од ст раст кои немаат значење и не ти го полнат срцето.

По последниот бродолом кој ми се случи на приватен план, решив да направам пауза и да се посветам на самата себе, да си ја смирам душата и едноставно да се излечам.

И тогаш, најспонтано се заљубив, во човекот кој во моментов седи со мене и ми го храни срцето.

Ова не е една од тие љубови кои брзо се палат и гаснат. Во оваа врска имам силна духовна поврзаност, љубов и почит, а тоа е најважно”, не пропушташе да каже фолк-пејачката Благица Павловска за својата љубов Тале.

Зоки Фаци овие денови ги коментираше актуелните случувања и зборуваше за естрадните новинари. По тој повод раскажа интересна случка со Благица Павловска, каде што поентата беше да каже како работи новинарството.

-Ќе ви раскажам една интересна сторија во врска со Благица Павловска, нашата фолк дива. Јас дознав дека се разведува и точно на датата на разводот ја чекав пред скопски суд со камера.

Му викам на снимателот: „Уклучи одма камера,“ а таа искача од такси, јас ја прашувам, дали се разведува, зошто е пред суд, таа ми вика: „ Што ти е гајле.“

Тука се расправаме и доаѓа Саше, нејзиниот тогашен маж, викам „Саше, дали се разведувате“, а тој вика: „Да, не ми купи џип, не ми дава пари и ќе ја откачам.

И тоа дечки одеше на главните вести на А1 телевизија. Ова беше дента, ударна вест, Благица Павловска се разведува. И јас добив награда. После долги години со Благица не зборев, рече Зоки кој сега најверојатно е во добри односи со Благица.