Naslovna Zivot Антониа доби уште едно изненадување за роденден, специјален подарок, а не е...

Антониа доби уште едно изненадување за роденден, специјален подарок, а не е од Роберт (ФОТО)

Антониа Гиговска пред извесно време објавила слики од забавата која ја организираше Бекстејџ, каде што дошла во долг тесен сребрен фустан со отвотребн грб и супер изгледала.

А Иван пак од Либеро бенд, нејзиниот бивши дечко, бил на истиот настан со неа, но на сцената.

Толку блиску, а толку далеку, Антониа и Иван не можат да се избегнат еден со друг никако- и не се знае, можеби судбината пак ќе ги спои.

Откако по четири години ја прекина врската со нејзиниот колега Иван Јованов, вели дека изминатиов период поминала низ убави и лоши моменти, но сè уште искрено верува во љубовта.

За Женски магазин, Антониа раскажа за крајот на љубовта со Иван, но и за тоа што научила од него. Гиговска, која е еден од нашите најдобри женски вокали, вели дека со пејачот на „Либеро бенд“ е во одлични односи.

-Иван е човек кој што ме научил на многу работи, човек кој што многу ми помогнал и човек со кој сум пораснала и сум научила да сакам.

Одлучивме да ставиме крај и не би сакала да зборувам повеќе за тоа затоа што не чувствувам потреба после сè и сешто што напишаа (секакви клевети и невистини) да зборувам јавно и да им овозможам насмевки на лицата. Затоа што само јас и Иван сме во тоа, никој друг.

Ние сме во најдобри односи и мислам дека тука треба да се стави крај на приказната, му посакувам сè најубаво во животот“, изјавила Антониа.

Потоа, медиумте пишуваа дека трето лице е причината за нивното раскинување, а тоа е неговиот најдобар другар Роберт, а на оваа тена, Иван говореше во Бекстејџ.

– Јас не сакам да коментар за тоа што е вистина и што не е вистина. Тоа се зборува и низ градот, тоа и мене ми го кажале многу луѓе. Јас ќе се повлечам, нема да коментирам ништо, нема да загрозам ничији пат.

Времето ќе си покаже , на секој Господ ќе му го покаже патот“, рекол Иван. „Јас не сум зломаптило, јас сум човек што остава да се случуваат работите“, рекол Иван.

Младата пејачка со своите фанови сподели две радосни вести во исто време. Имено таа и нејзиниот избраник ќе станат родители, а токму на нејзиниот роденден тој ја побарал и нејзината рака на романтично патување на Копаоник – Србија.

Пејачката на својот инстаграм профил сподели повеќе фотографии на кој е насмеана а во рацете држи слики од ултразвук на бебето.

Исто така сподели и фотографија од прстенот со кој избраникот ја побарал, како и фотографија од него иако не го означила на фотографијата.

Станува збор за роберѕ Спасенцовски, кој му е син на Боби Спасенцовски, кој е исто така пејач, а му е пријател на Иван.

И откако објави дека е бремена, да сите ѝ честотаа роденден, и ѝ посакаа лесна бременост и ѝ честитаа и свршувачка, на изненадувањата за оваа наша пејачка им немаше крај.

Имено, Антониа објави слики од изненадувањата што ги добила од хотелот каде што била сместена на Копаоник. На снимката на стори, келнерот ѝ донел торта со две свеќички- две двојки за прослава на нејзиниот 22 роденден.

Но, Антониа добила и уште еден подарок, а тоа е букет цвеќе од персоналот на хотелот, со кој се пофалија на Инста и на Фејсук стори и се пофалила пред своите следбеници.