Naslovna Zivot Адријана и Ирена во ептен заносно издание, а Благоја Грујовски горд меѓу...

Адријана и Ирена во ептен заносно издание, а Благоја Грујовски горд меѓу нив двете- вакви не сме ги виделе досега (ФОТО)

-Нема никогаш да ја заборавам изјавата на Ведат Башаран, личен готвач на Бил Клинтон, кој беше гостин на Гастромак и изјави: Не можете да подготвувате школки и ракови како тие готвачи кои се родени на море или на океан.

Тоа се учи во текот на работата како готвач и мора се да знаете, но кога ќе одите на натпревари покажете му на светот тоа што е ваше, лично, ваш идентитет, македонско но спакувано во модерен дизајн, задржувајќи го вкусот.

Нашите готвачи се подготвени на сѐ, и интернационална кујна и секако македонска“, изјави во едно интервју Адријана Алачки, позната пејачка и гастрономски експерт за здружението Гастромак, чиј претседател е таа, а често одат на натпревари.

– Долго време работев на сите континенти како презентер на македонската музика, фолклор и одржувам часови по готвење, правев комплетна промоција за Македонија. Готвењето отсекогаш беше моја пасија.

Растев во семејство каде што готвењето и семејните ручеци беа секојдневен ритуал.

Така што сето ова дојде како последица од една чиста љубов кон кујната, но не само како храна, туку се задржувам на таа наша пребогата традиција и историја поврзана со нашите специјалитети“.

Ова го изјави Адријана за нејзината љубов кон готвењето, која е вече докажана а ја гледаме во емисијата „Вкусот на традицијата“ долги години по ред.

И како што е познато таа напиша Македонски традицонален готвач.

– Првите 200 емисии беа направени по рецептите од македонскиот традиционален готвач. Многу ретко се случуваше нешто да не се погоди, но „Вкусот на традицијата“ е емисија посветена на домашното готвење и е од народот за народот.

Тоа верувам на сите им се случува, зависи од расположението, моменталното чувство и од други компоненти Готвењето за најмилите е љубов и ништо друго. Но, веќе работите се менуваат, доаѓаат следните генерации кои стануваат подобри мајстори во кујната од мене.

Секој натпревар има свои правила, пропозиции и програма. Гастромак строго се придржува на правилата и категориите на натпреварот.

Нашите шефови имаат долготрајни подготовки, и многу често се придржуваат на идејата да ги користат македонските производи, македонски специјалитети, но во модерен дизајн.

Токму и еден од натпреварите во Струмица, светските судии го препорачуваа тој момент, примената на традиционалната кујна во натпреварот, но со модерен дизајн. Велат: „вие најдобро ја познавате вашата кујна и тоа треба да го негувате“.

Проект на кој таа посветено и со љубов работи е емисија на „Алфа“, наречена ВЕЗИЛКА, заедно со колегите Ирена Спировска и Благоја Грујовски.

-Проектот ВЕЗИЛКА, телевизија АЛФА планираше да го започне уште минатата порано но поради пандемијата беше ставен во мирување.

Свесни бевме дека во ТВ етерот недостига емисија од тој тип и сакавме на гледачите да им понудиме квалитетна музичко-фолклорно шоу кое ќе ги промовира убавините и традиционалните вредности на Македонија, но моравме да чекаме погоден момент за тоа.

Во јуни во 2021 година почнавме со подготовките и во јули започнавме со емитување на емисијата во неделен термин со почеток од 12 часот.

ВЕЗИЛКА за многу кратко време стана популарна и стекна одличен рејтинг, па уште во првиот месец од нејзиното емитување успеа да стане најгледаната емисија не само на АЛФА туку воопшто во ТВ етерот.

Што потврдува дека не згрешивме што го започнавме проектот во летниот период додека најчесто сите одмораат“, рече Ирена Спировска за овој проект.

Адријана на својата Фејсбук страница објави слики од снимањето на новата емисија „Везилка“, која била посветена на скопската општона Петровец. Па така, и таа и Ирена се на сликата во ептен заносно издание.

Адријана има тесен долг фустан, а Ирена фустан кој по малку и го открива деколтето, а меѓу нив, Благоја Грујовски горд на своите убави колешки, и мора да признаеме дека во вакво издание досега не сме го виделе.