Naslovna Zivot Зоки Фаци ѝ прокоментира на Антониа за бременоста со другар му на...

Зоки Фаци ѝ прокоментира на Антониа за бременоста со другар му на Иван: Паметна е малата, си го одбрала…

Зоки – Фаци е наш познат естраден новинар, кој своја авторска емисија имаше на поранешната А1 телевизија, а особено беше активен и на пропаднатата 1ТВ, на Бојан Јовановски, со кого беа и приватно пријатели.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред сѐ од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Естрадниот новинар и ТВ водител нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми.

Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.

Добро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар.

-Да ви кажам искрено, да ми кажеше некој дека ќе го работам ова што го работам денес немаше да му верувам.

Кога завршив факултет отидов до зоолошка градина да волонтирам, убаво почна се, но со еден оглас во весникот Вест, каде што бараа ветеринар да пишува за животни ми се промени животот. И така започна сѐ.

Премногу сум емотивен, немам ништо заедничко со тоа што го работам. Пред сѐ ми е семејството, на второ место ми се животните, а потоа природата.

Кога сум дома читам книги, гледам Анимал Планет и Дискавери“, рече тој.

Неодамна во интервјуто со Стефан Лазаров на Јутјуб, тој кажа: „Маркетинг и ПР, работам во „Ми каса“, работам на Инстаграм, свашта правам.

За време на пандемијата, Фаци не само што ја напушти нашата држава, туку го напушти и континентот и замина далеку, во арапскиот свет.

Имено тој уживаше во Обединетите Арапски Емирати. Ниту ситуацијата со вирусот не го спречи Зоки Фаци да замине преку границите. Тој на својот профил на Инстаграм секојдневно објавуваше во каква убавина ужива.

Откако ги спакува куферите и тоа во поголем број и ја напушти Македонија, па со лет од Софија замина во арапскиот свет едноставно го споделуваше секој момент од престојот во Дубаи.

Зоки Фаци на Инстаграм постојано објавуваше што прави, фотографии и видеа од плажа, од хотелска соба, од шопинг, од ресторани, како шета.

Нормално, тој со своите објави предизвика големо внимание, па има многу реакции од своите фанови и пријатели.

Зоки Фаци е познат по тоа што секогаш ги коментира најновите случувања во нашата земја и отворено зборува за сѐ, без влакна на јазикот.

Па, така и денеска тој проговори за пејачката Антониа Гиговска која објави дека е бремена.

Да потсетиме, се зборуваше дека Антониа го изневерила Иван со негов најдобар другар Роберт, а сега се покажува дека тоа било вистина.

За Женски Магазин, Антониа раскажала за крајот на љубовта со Иван, но исто така таа кажала и за тоа што научила од него.

-Иван е човек кој што ме научил на многу работи, човек кој што многу ми помогнал и човек со кој сум пораснала и сум научила да сакам.

Во изјава за Бекстејџ, Иван на прашањето на новинарката дали е точно дека Антониа го изневерила со неговиот најдобар другар Роберт, за што пишувал порталот Вистина и дали е тоа причината за раскинувањето, тој одговори:

-Тоа е портал кој има добри информации и пишале тоа што пишале. Јас нема да потврдам, бидејќи не сакам да се мешам во ничија среќа. Ако е тоа така, им посакувам сѐ најдобро.

Јас не сум злопамтило, ние и понатаму се следиме на Инстаграм и со Антониа и со Роберт.

Новинарката го праша што повеќе го боли, дали изневерувањето на најдобриот другар или на девојката, на што Иван повторно одгвори дипломатски, дека не сака да коментира и дека се договориле со Антониа тоа да остане меѓу нив.

Зоки Фаци на своето стори објави видео на кое проговори за блажената состојба на Антониа, но и за изневерувањето:

-И како што разбрав, денеска нацијата ја потресе Антониа Гиговска која е бремена и денеска ѝ е роденден. Да ѝ честитаме роденден, ем трудничка, ем се верила со нивниот заеднички пријател, односно со бившиот другар на нејзиното момче, музичарот од „Либеро бенд.“

Јас не знам што се мачела, боље да си направеле едно тројче, двајцата фраери се топ, она е бомба, има да биде мачке лу дило. Паметна е малата, си го одбрала поголемиот, рече Зоки.