Naslovna Zivot Се надмина себе со оваа слика – еве зошто Лила целата свети...

Се надмина себе со оваа слика – еве зошто Лила целата свети (ФОТО)

Нашата позната водителка на квизот „Се или нешто“ и инфлуенсерка Лила Филиповска јавно проговори за еден од најтешките моменти во нејзиниот живот, загубата на нејзиниот татко Милан.

Таа за порталот „Женски магазин” во една прилика истакна дека тој бил горд на нејзиното факултетско образование и поради тоа што го остварила својот сон. Тој бил нејзина ѕвезда-водилка, човек за пример и столб во семејството.

„Функциониравме како најдобри другари, а најмногу се радувавме на заедничките прошетки. Беше остар и директен, но секогаш реален во излагањата”, рекла Лила.

Нему му бил дијагностициран кан-цер, но дури во поодмината фаза. Иако бил дисциплиниран пациент, кој редовно одел на прегледи, на крајот не успеал да ја победи теш ката болест. Лила додала дека татко ѝ Милан се упокоил од кан цер.

„Времето поминува, но болката не се намалува. Сè е исто, само се навикнуваш. Татко ми секогаш ни нагласуваше дека здравјето е најважно”, изјавила Лила.

А инаку, новинарот Зоки Фаци во своите сториња наИнста секогаш отворено кажуива што мисли, а птед некилку месеци тој зборуваше за својата добра пријателка Лила Филиповска.

Зоки Фаци искрено се обрати на стори на Инста и раскажа приказна за здравјето на Лила, нешто што досега не е познато во јавноста. Тој во обраќањето напомена дека нашата позната водителка носи перика.

– Дечки јас немам твитер, ама некои од вас ми праќаат во инбокс коментари поврзани со мојата драга пријателка Лила Филиповска, и стварно да ви се из нае… на сите све живо и диво што имате.

Зошто мора Лила да ви каже зошто носи перика? Зошто мора да ви каже низ се што помина оваа година, низ пеколот, и зошто мора да ви каже какви здравствени проблеми има? Да даде Господ, се што таа помина да поминете пута три!

Еве, најискрено ви кажувам. Не го кажувам ова од злоба, туку го кажувам од бес. Затоа што сте себични говеда, затоа што сте луѓе без чувства, затоа што сте луѓе и нација клошарска, нискобуџетна…

Според ова што Василевски го кажува, алудира дека нашата позната водителка најверојатно се борела со потешко заболување. Лила во неколку наврати потоа рече дека 2022 ѝ била тешка година.

– Заслуживме ваква насмевка од срце и јас и Рагнар. Заслуживме да и се насмееме и да ја испратиме старата година. Година која ми одржа незаборавна лекција…која скапо ме чинеше, ама истовремено сум и многу благодарна за искуството за кој не бев подготвена.

Ама нели “храбрите ги прати среќата” па излегов посилна и помудра! Затоа сакам што побрзо да си оди, доста и беше!

Она што ми е најбитно од се и во оваа година ми е да сум здрава и жива и да бидам опкружена само со позитивни луѓе , луѓе кои ме инспирираат и го будат најдоброто во мене.

Истото ви го посакувам и Вам драги пријатели … благодарам на вашата поддршка и критика на сета љубов што ми ја давате затоа што ако Ве нема Вас и јас не би била тоа што сум…

Имајте најсреќна нова година….Ве сакам …и во годинава што следува бидете ми живи и здрави…Ваша Лила“, напиша Лила на 31 декември минатата година на Инстаграм, додека позираше со својот мачор во нејзиниот дом.

Лила објави една своја ептен атрактивна слика на Инстаграм, на која е облечена само во бело боди. Нашата згодна водителка со оваа фотка упати и интересна порака која гласи:

– Она што го мразат во тебе, во нив недостасува! Продолжи да светиш“, напишала Лила на англиски јазик и веднаш добила коментари како на пример: Продолжи да светиш, на светот му треба твојата светлина.