Naslovna Zivot Cаботно изненадување за фановите – Антониа е тpудна, доби пpстен и наскоро...

Cаботно изненадување за фановите – Антониа е тpудна, доби пpстен и наскоро ќе стане мајка (ФОТО)

Популарната пејачка Антониа Гиговска денеска го прославува својот 22 роденден, а на својот профил на Инстаграм ја шокираше јавноста со нејзината објава.

Ако ја следите редовно на социјалните мрежи, се чини дека Антониа Гиговска има настапи постојано.

Младата пејачка која се истакна како еден од нашите најдобри женски вокали, изминатово лето успеа да одмори кратко, но музиката е она што го окупира речиси нејзиниот цел ден.

Антониа за кусо време стана една од највлијателните на Инстаграм, а во разговорот за Женски магазин неодамна, откри каква е кога е без шминка и кога не е на настап, и раскажа дека е многу чувствутелна на негативните коментари од луѓето кои не ја познаваат.

Пред неколку месеци, заврши љубовната бајка помеѓу пејачката Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов, фронтменот на групата „Либеро бенд“, која траеше неколку години.

Парот наводно пријателски се разделил, без расправии, без лоши зборови, односно се договориле да останат само пријатели.

Во кулоарите се зборуваше дека Антониа го изневерила Иван со негов најдобар другар Роберт, а сега се покажува дека тоа било вистина.

За Женски магазин тогаш, Антониа раскажала за крајот на љубовта со Иван, но исто така таа кажала и за тоа што научила од него.

-Иван е човек кој што ме научил на многу работи, човек кој што многу ми помогнал и човек со кој сум пораснала и сум научила да сакам.

Одлучивме да ставиме крај и не би сакала да зборувам повеќе за тоа затоа што не чувствувам потреба после сè и сешто што напишаа (секакви клевети и невистини) да зборувам јавно и да им овозможам насмевки на лицата.

Затоа што само јас и Иван сме во тоа, никој друг. Ние сме во најдобри односи и мислам дека тука треба да се стави крај на приказната, му посакувам сè најубаво во животот“, изјавила Антониа.

Поминав низ многу убави и лоши моменти па и од лошите и од добрите извлеков по нешто поучно. Затоа живееме и за тоа сме сите родени, секогаш ќе има нешто лошо и нешто добро, ама како викаат- секое лошо за добро е“, рекла во Женски магазин оваа пејачка.

Во изјава за Бекстејџ, Иван на прашањето на новинарката дали е точно дека Антониа го изневерила со неговиот најдобар другар Роберт, за што пишувал порталот Вистина и дали е тоа причината за раскинувањето, тој одговори:

-Тоа е портал кој има добри информации и пишале тоа што пишале. Јас нема да потврдам, бидејќи не сакам да се мешам во ничија среќа. Ако е тоа така, им посакувам се најдобро.

Јас не сум злопамтило, ние и понатаму се следиме на Инстаграм и со Антониа и со Роберт. Јас се познавамн со родителите на Антониа и со родителите на Роберт и навистина не би сакал да правам никакви проблеми.

Новинарката го праша што повеќе го боли, дали изневерувањето на најдобриот другар или на девојката, на што Иван повторно одгвори дипломатски, дека не сака да коментира и дека се договориле со Антониа тоа да остане меѓу нив.

Денес, на изненадување на сите, младата пејачка откри дека наскоро ќе се оствари во улогата на мајка…

Имено, Гиговска сподели фотографија од ултразвукот и напиша неколку емотивни зборови…

„Долго време се криевме од вас, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа. Малечко мое, од сега секој роденден ќе го славиме заедно.

Среќен роденден на мене и погодете кој ќе стане мајка. Со душа те чекаме“ – стои во објавата на Антониа…

Покрај веста дека е во блажена состојба, Антониа откри и кој е таткото на бебето. Тоа е музичарот кој е во нејзиниот бенд, Роберт Спасенцовски, со кого таа е во љубовна врска неколку месеци…