Naslovna Zivot Радосна вест во домот на најубавиот актерски пар – Бурак и Фахрије...

Радосна вест во домот на најубавиот актерски пар – Бурак и Фахрије по вторпат станаа родители (ФОТО)

Бурак Озцивит, популарниот турски актер кој не ги остава рамнодушни жените стана познат од серијата „Сулејман величествениот“, во која се прослави со улогата на Бали бег.

Тој и денес важи за еден од најдобрите фраери и најголемите шмекери меѓу турските актери. Токму затоа и не треба да чуди што и неговиот стил е пример на многу мажи во Турција. Тој е во брак со убавата Фахрије, која исто се смета за една од најубавите жени во Турција.

Најголемиот заводник меѓу турските актери, Бурак ги вознемири сите женски срца со веста дека повеќе не му цветаат рози во бракот со убавата Фахрије.

Наводно, актерката многу тешко го доживеала упокојувањето на својот татко и долго време потоа не можела да излезе од депресија, а нејзиниот сопруг Бурак инсистирал да се обрати за помош на психолог.

Според медиумите, Фахрије одбила, а Бурак се налутил.

Покрај тоа, медиумите беа преплавени со приказни за Бурак дека ја изневерува, што ги поттикна дополнителните гласини дека на повидок е развод.

Се чини дека ништо од тоа не е вистина или парот успеал да ги остави зад себе сите свои разлики.

За тоа сведочат неодамнешните семејни слики на кои се гледаат како уживаат на прекрасна тераса заедно со малото синче, а пред некое време, како што пренесуваат медиумите, двајцата прославиле годишнина од бракот.

Неодамна на Инстаграм си разменија пораки во кои си се обраќаа со „госпоѓа Фахрије“ и „господин Бурак“, што на многумина им беше исклучително симпатично, иако темата беше од рекламен карактер.

Се појави и веста дека сопругата на Бурак ја напуштила куќата. Сите кои го сакаат згодниот маж кој се прослави со улогата на Бали-Бег останаа шокирани знаејќи дека Фахрије е бремена со нивното второ дете.

Меѓутоа, Бурак ја демантираше оваа вест, објавувајќи слика со својата убава сопруга. Со неа напиша и кратка порака: „Не бидете глупави! Оставете нè на мира!”

Приказната започна со гласини дека Фахрије поминала низ многу тежок период со сопругот, откако нејзиниот син Каран и таа се разболела од ко рона виру сот.

Расправиите со Бурак наводно ескалирале кога убавата актерка за време на расправија го кренала гласот кон свекрвата, а потоа ја напуштила куќата.

Сепак, ништо од тоа не е точно, бидејќи Фахрије и нејзиниот тригодишен син биле сместени во приватна клиника во Бодрум, каде сите биле на семеен одмор.

Дури по излегувањето од болница почнало нивното домашно лекување.

Заклучокот е дека засега нема зошто да си отиде Фахрије, а камоли да го напушти семејниот дом. Таа ја објави и истата слика како нејзиниот сопруг, со негов коментар да ги остави на мира.

Да потсетиме, Бурак и Фахрије се запознале во 2013 година, а се венчале четири години подоцна.

Бурак и Фахрије го добија вториот син, на почетокот на оваа година. Тие на почетокот на јули 2022 година објавија дека нивниот двегодишен син Каран наскоро ќе стане постар брат, а веста за раѓањето сѐ уште не ја потврдиле.

Бали Бег и неговата сопруга го нарекле својот втор син Керем, како што пренесуваат медиумите во Босфор, Фахрије се породила на 18 јануари.

Бурак и Фахрије на крајот на минатата година на Инстаграм споделија неколку семејни фотографии на кои во преден план е трудничкиот стомак на убавата актерка.

Бурак и Фахрије се во брак пет години, а често ги следеле приказни за несогласувања и проблеми, се споменувало и неверство.

Се зборуваше дека Бурак се зближил со 45-годишната актерка Тара Рид, но покрај сѐ парот секојпат ги демантира овие наводи со љубовните слики и коментарите кои си ги објавуваат.

Имено, пред само 2 седмици, Бурак објавил слика од неговата сопруга каде во преден план се истакнува трудничкиот стомак и ја опишал со зборовите „Како вода.“