Naslovna Zivot Отворен базен и костим за капење среде јануари- Викторија Лоба со сопругот...

Отворен базен и костим за капење среде јануари- Викторија Лоба со сопругот си го живее животот (ФОТО)

Таа во е хороскоп Вага која секогаш ја гледа светлината во секоја ситуација. Од грешките ги прифаќа само поуките. Својата кариера ја започна на детскиот Евросонг.

Шармантна и мила, секогаш украсена со својата насмевка Викторија Лоба открила дека нејзината мајка е животен темел на кој секогаш се потпира. Сподели дека го подготвува својот најнов албум и несебично се предава на своите фанови.

Со една од своите песни со наслов „Дојди“ таа порача: „Сакам девојките да не се плашат да ги кажат своите желби и ставови, а пред сè никогаш да не ја кријат својата природа, својата вистинска личност зошто сите сме прекрасни и уникатни на свој начин.

– Сфатив дека музиката ќе биде мојата професија и мојот живот, кога за прв пат настапив на големата сцена на детската Евровизија во Копенхаген во 2003 година. Не постои посовршено чувство од таа магична енергија која ја давам и примам назад, како фидбек од публиката.

Тоа е мојата храна, верувам моите колеги го имаат искусено тоа чувство, после кое нема назад“, кажала Викторија во Женски магазин во една прилика, а потоа додала:

Мојата основна цел во животот е да сум секогаш среќна и слободна да го правам тоа што ме прави радосна. Секогаш се трудам сите проблеми да ги прифатам со позитивни емоции и да ги решам така.

Животот ме научи да не се разочарувам, туку да си давам шанса и да се поправам за која било грешка.

Ако ме прашувате за моите цели на професионален план, секако работам секојдневно на тоа.

Мојот албум веќе е 80% готов и во блиска иднина сакам да направам голем концерт за сите мои пријатели и фанови и да им ја презентирам мојата нова музика.

Мама ми е се! Ме советува и се секира многу за мене, јас се трудам да не и создавам дополнителни грижи. Знаете некогаш мајка може да биде и твојата сродна душа, ја обожавам!“, рекла Лоба.

– Најмоќната женска личност за мене е кралицата Елизабета Втора, која многу млада и неискусна на свои 27 години мораше да го преземе тронот на својот по чинат татко, кралот Џорџ Петти и достојно да го води кралството, да се откаже од сите свои желби во полза на својата мисија и титула.

А доколку мислиме на женската убавина како вид на моќ, секогаш најмоќна за мене ќе остане Грејс Кели“, изјавила оваа руска убавица која минатото лето се омажи за својот долгогодишен дечко Ѓорѓи.

Минатата година беше најубава од многу причини, најмногу поради тоа што беше година на свадби во нејзиното семејство.

Таа и Ѓорѓи прво организираа романтична венчавка во црквата Свети Јован Канео во Охрид, потоа и свадба во Скопје, каде што Лоба запеа песни од нејзината родна земја, Русија, специјално за пријателите.

Во Охрид се омажи и нејзината мајка Татјана, за која убавата пејачка вели дека ѝ е најдобар пријател.

-Многу топли нежни чувства ми буди сеќавањето на венчавката, додека свадбата беше многу весела, но ми помина во еден здив. Сè, беше одлично така како што сум посакувала, би рекла свадба за мерак.

Мајка ми имаше интимна, но сепак неверојатна свадба и секако јас бев една од деверушите затоа што ние не само што сме мајка и ќерка, ние сме најдобрите другарки.

– Мајка ми ми има дадено многу совети, но тоа не е она што ми останува во сеќавање, сите имаме свој пат и секако дека ги вреднувам советите, но можам да кажам дека некогаш сум доста тврдоглава.

Тоа што е највредното што сум го добила од неа е нејзината бескрајна љубов, топлината на нејзината прегратка. Е тоа е тоа што не може да се објасни со зборови зошто премногу величествено! Една е мајка!“, изјавила Викторија неодамна во Женски магазин.

Лоба објави нови слики на Инста на кои се гледа како со сопругот си го живее животот. Нашата убавица е сега на одмор, и збуни со сликите од скијање, на потоа од базен, каде што е во купаќи, а позади неа се гледа море.

Викторија не кажа каде точно одмара, само се ознали дека е на едно посебно место, а со неа и со Ѓорѓи се како што може да се види на сликите и нивните миленици.

Како тазе младенци, Викторија и Ѓорѓи уживаат и во гастроносмки специјалитети, но сепак, од сите слики најмноу привлекува онаа каде што е во базен.