Велешанката Нона (Ноне) Неделковска која македонската јавност ја запозна преку натпреварот за музички таленти „Идол“ веќе долги години не се занимава со музика бидејќи ужива во работата на брод и бројните патувања низ светот.
Поранешната пејачка веќе со години живее далеку од својот роден град и ужива во новиот начин на живот и работата на брод. Велес е вистинскиот дом на пејачката, градот каде живее нејзиното семејство.
Изминативе месеци Ноне ги искористи да помине квалитетно време во својот роден со своите стари пријатели и секако домашните, и повторно замина на брод.
Ноне веќе долги години прави совршен спој меѓу работата и задоволтвото, па секој работен ден на Ноне изгледа како совршениот летен одмор.
Минатата година, велешанката уживаше во Куба, споделувајќи фотографии од доживувањата во главниот град на најголемата островска земја во групата на Големите Антили, објави Еспресо.мк
Ноне потоа беше во Хавана, во најголемиот на Карибите каде се изгледа како времето да застанало.
Поранешната пејачка сподели прекасни фотографии, не пропуштајќи прилика да се фотографира во еден од прекрасните кубанските олдтајмери.
Убавата пејачка која остана запаметена по нејзиното учество во регионалинот музички натрпевар „Идол“ се врати во Македонија, на одмор во септември минатата година.
Таа веќе 10 години работи на бродови кои крстарат на повеќе дестинации. Публиката на „Пиволенд“ на Плоштадот Македонија минатата година со аплауз ја поздрави, додека седеше на едно од ВИП местата со пријатели.
Водителот на настанот Димитар Атанасовски меѓу првите ја забележа и ја поздрави пред публиката.
-Ноне се вратила во Македонија, да ја поздравиме со еден голем аплауз“, рече Атанасовски, по што Ноне изненадено стана и ѝ мафна на публиката. „Мафтај како англиската кралица“, рече Димитар на шега потоа.
Со Ноне кратко дала кратка изјава за Женски магазин по настапот на ДНК, за време на настапот на Игор Џамбазов. Воопшто не се сменила од времето кога настапуваше на домашните фестивали.
-Ме изненади кога Димитар ме поздрави. Ќе пропаднев во земја, непријатно ми беше“, рекла Ноне тогаш. Ја прашале за тој феномен, како кај публиката и во медиумите е уште актуелна, а долго време не се занимава професионално со музика.
-Не знам, често се чудам и јас како ме паметат луѓето. Немам планови да ѝ се вратам на музиката засега. Дојдов дома, во Велес, да одморам, и за еден месец се враќам на брод. Ќе одиме на Карибите“, рекла Ноне во септември минатата година.
Ноне сега пак си ужива секаде низ светот, и додека кај анс е зима, таа објави летна слика, какo ужива на Барбадос. И така, нашата шарматна пејачка предизвика пак внимание со оваа објава.
Сликана е во бикини кои и се ептен погодени како модел, и го покажуваат она што Ноне има да го покаже, а тоа е нејзиното бујно деколте. Плус, си ужива со убаво кафенце со шлаг, а на сликата е истакната и нејзината тетоважа.