Naslovna Zivot Илина раскажа како ѝ е во Тенеси: Студентскиот живот и не е...

Илина раскажа како ѝ е во Тенеси: Студентскиот живот и не е толку лош (ФОТО)

Илина Арсова е позната македонска алпинистка, која со успех го заврши исклучителниот алпинистички подвиг „Седум врвови“, искачувајќи се на сите седум највисоки врвови на седумте континенти, и стана првата Македонка која успеа да ја комплетира оваа листа.

Но, тоа не е нејзиниот единствен успех – таа листа е многу подолга и се протега во разни сфери од животот – таа е дипломиран ликовен уметник (во класата на Рубенс Корубин и Јован Шумковски).

Потоа, таа е магистер по јазици (Филолошки факултет „Блаже Конески“), магистер по бизнис и меѓународна трговија (Универзитет Орлеан, Франција), дипломиран туристички работник (Факултет за туризам Охрид), туристички водич, ски-инструктор, планинарски спасител, објави Слободен печат во една прилика.

-Би рекла тоа е комбинација од повеќе спортови, вештини и практични искуства. На пример во совладување на стрмен терен на голема височина, планинарот, алпинистот, се организира во експедициска група каде задачите се делат во тимот.

Секој член треба да биде психофизички подготвен за поминување на таков терен и да биде изложен на екстремни температури и ризик.

Треба да владее техники за качување карпа и мраз, работа со јажиња и извлекување од глечер, укажување на прва помош за себеси, партнерот или опремата, но да има познаваања и од метерологија, геоморфологија, топографија и ориентација.

Со секој искачен врв се повеќе се згрозувам од насоката во која се движи човештвото особено во урбаните средини со наметнат прекумерен конзумеризам.

Се воодушевувам на едноставноста на животот на локалното население кое живее во пазувите на планините како и оние рурални средини кај нас, каде вистинските вредности сѐ уште се донекаде зачувани.

Секојпат сум среќна кога сум на планина, иако тоа не е синоним на „пријатно“. Секојпат е студено и напорно, но токму тоа ме потхранува во мисијата за поместување на сопствените граници.

Сепак ако треба да издвојам чувството беше незаборавно на Еверест, Денали и на Антарктикот, а и планината Ама Даблам, која ми е една од омилените, но и вулканите во јужна Америка, всушност ги има многу.

– Благодарение на моите родители кои ни ја всадиле љубовта кон природата, уште од мала падините на Водно беа мојата комфор зона.

Потоа следеше извидништвото каде истото се потврди и секако екстремните спортови кои доста рано станаа неразделен дел од моето постоење.

(На 14 години посетував обука за падобранство, на 16 почнав да летам со параглајдер, а некаде од 20-тата почнав со качување карпи и повисоки планини)“, рече таа во Фешнел за своите почетоци.

– Моите социјални мрежи секогаш биле отворени и транспарентно го прикажувале мојот креативен, професионален, па и приватен живот. Тоа е одраз на мојата личност, без многу тајни.

Немало што да кријам, бидејќи освен повремено прекршување на 7-мата Божја заповед (Не прави прељуба, з.н.), други гревови речиси и да немало или барем јас така чувствувам.

За Женски Магазин, Илина раскажала и како живее во Америка и што и е всушност најважно како личност.

-Кога не сум на факултет одам да качувам карпи, пливам, пешачам, посетувам изложби и музеи или излегувам со пријатели.

Но, имам и доста работа за факултет. Обемни домашни задачи како и оценување и организирање на часовите што ги предавам.

Сепак, мојот номадски живот кој досега не се променил, веројатно нема ни сега. Така што патувањата ми се сè уште приоритет. На пример, сè уште немам автомобил, користам позајмен телефон, живеам во навистина мало студио.

Сепак секое слободно време и заштеда ја користам за патување на место каде што не сум била“, изјавила Илина во ова интервју.

Илина го покажа малото студио каде што живее и се гледа дека ептен топ си го има средено, да ѝ биде флексибилно и комотно. Всушност, Илина објави видео само што се разбудила и сите ги потсети да извежбаат во кревет, вежбата ножички.

Потоа, објавила слика од тоа што најчесто појадува, а на чинијата можеше да се видат само здрави намирници. Во описот на фотографијата Илина додаде: „Студентскиот живот и не е толку лош.“

Илина објавила и слика од самата себе на која има напишано мудри зборови на англиски:

-Понекогаш сѐ се сведува на отпуштање и да ти биде забавно.