Минатата година, на почетокот од ноември во Филхармонија се одржа концерт во чест на упокоениот композитор, „Омаж на маестро Александар Џамбазов“, кој го организираше СОКОМ во рамките на Денови на македонска музика.
-Тој беше Џим Кери за тоа време. Овде не сме дојдени да го жалиме Џамбазов, туку да ја славиме неговата музика“, рече Игор Џамбазов за својот машки родител, како што го нарекуваше секогаш.
Актерот нагласи дека ја одбил поканата да запее. „Неме да личеше да пеев јас со Филхармонија. Во некој друг живот“, рече Игор и раскажа приказна за својот Маестро, а објави Женски магазин.
– Тој многу сакаше да прави расолница. Ми се чини дека цело Козле мирисаше кога ја преточуваше. Еден ден, заѕвони телефонот, се јави Славе Димитров за да ги проверат песните од „Златно славејче“.
Имаше 19 песнички на тој фестивал. Додека ги проверија сите, истече цела расолница од четврти спрат. Анче тогаш му рече дека тоа му е последно правење дома“, раскажа Игор Џамбазов.
– Дедо ми Петре, кога ќе се скараа со Џамбаз, знаеше да ми каже дека сум убав на него, а талентиран за музика на мајка ми“, рече тој низ насмевка.
Потоа, објасни зошто неговиот татко имал апсолутен слух и прочита приказна која му ја напишал и посветил.
„Една вечер ми се јави во 11.30 навечер и ми се пожали дека нема Интернет, но има Фејсбук“, е една од приказните кои Игор со радост ги кажа за својот маестро.
-Пресреќен сум што татко ми Џамбаз навистина се гордееше со мене, и со се она што успеав да го направам.
Но најмногу се радуваше на мојата одлука да го променам стилот на животот, повеќе да се сакам себе си од другите, и така да ги фрлам на буниште сите лоши филмови од приватниот живот во кои ја играв главнта улога.
Ми недостасува маестрото. Многу.. Неговиот дух, и неговата неверојатна љубов кон мене и сестра ми Тања, кон мајка ми Анче, кон музиката, и воопшто кон животот. Мојот свет одамна не е само мој. Инстаграмот е виновен за тоа.
Јас сум еден од ретките што ги споделува сите моменти од животот, онака какви што навистина се.
А не некој нестварен и нереален свет, во кој ништо не е онака како што изгледа. Мојот свет сега е Илина. И Дојран. И љубовта. И блузот. И здравјето“, кажа Иготр во истиот медиум во интервју пред неколку месеци.
Речиси 30 години, Тања Џамбазова, сестрата на Игор Џамбазов, ќерката на познатиот музичар Александар Џамбазов не живее во Македонија. Таа патува насекаде низ светот, а неодамна беше во Македонија.
-Игор е неуморен, прави, а не зборува. Не е доволно да ти даде господ талент, треба нешто да се направи со тоа. И зад книги, и зад музика и шоуа стои многу работа, големи истражувања, читања и мислења. Тој се качува и паѓа, но не го запира.
Мозокот му врие со идеи, со мисли, но ги става во ноти, на хартија, на сцена, на телевизија. Мојот брат е генијалец во секаква смисла, а најфасцинантно и апсурдно е што е скромен и кроток.
Игор никогаш не се однесувал ниту замислувам дека е нешто поважен од другите. Има приземјување на громобран. А најмногу го почитувам поради тоа што живее искрено со себе и со тоа што го прави среќен.“
Во една прилика, Игор на свој оригинален начин ѝ го честиташе роденденот на својата мила сестра. Џамбазов вака напиша на Инстаграм:
-Кога пред 30 години си замина од дома, сфатив дека Македонија е премала за тебе. Сега тоа го мислам и за светот.
Среќен ти роденден, систер!
Вчера пак Игпр Џамбазов сподели стара, црно – бела фотографија, на која се дедо му Петре, баба му Нада, тој и сестра му Тања.