Naslovna Zivot Гавазова ја покажа луксузната вила што ја изгради Јасмин во Дојран, еве...

Гавазова ја покажа луксузната вила што ја изгради Јасмин во Дојран, еве со каков поглед се буди пејачката (ФОТО)

Во една прилика, во интервју за Музика 24, Гавазова откри за нејзиното наводно несогласување со Благица Павловска.

-Се сеќавам во еден таблоид измислија приказна дека јас и Благица Павловска сме се спречкале за некоја песна ама еве сега ќе кажам дека тоа не е точно. Благица Павловска е толку добра што таа не знае да се ска-ра и да биде ло-ша.

Таа е една од малкуте луѓе добра што ги знам на овој свет, барем за мене е таква таа.

На сите само добро им направи таа, испеа толку убави песни, многу ја почитувам и морам да кажам дека таа ми беше идол кога почнував, учев од неа како треба една пејачка да се однесува на една сцена.

Таа кога излегуваше на сцена се сеќавам беше како дива… Ме потсетуваше на Тина Тарнер, рече Сузана за Благица. Сузана исто така коментираше за нејзиниот однос со Даниела Темелковска, нејзината фолк колешка.

-Со Даниела Темелковска сме во најдобри односи, таа е пред се многу добар човек, другар и се најдобро можам да кажам, многу ја сакам и да ти кажам од вас слушам дека јас и Даниела не сме во добри односи, прокоментира Сузана за Даниела.

-Јас сега се дефинирам како поп фолк пејачка, а порано како фолк пејачка. Значи порано пеев повеќе фолк песни, ново компонирани фолк песни по фестивали, а сега повеќе модерен фолк или поп фолк, како што пеат во Бугарија и Србија и ќе кажам дека тоа е најактуелна и најбарана музика во денешно време.

Се сметам за популарна бидејќи насекаде кога одам низ Македонија ме застануваат луѓето, па сакаат да се фотографираат… Тоа секако дека ми одговара и се сметам за популарна.

Гавазова постојано настапува во и надвор од Македонија, а во една прилика објави стори на Инстаграм од свадба, и тоа не било каде, туку кај фамилијата Елмас.

На неколку сториња во позадина се гледа како фудбалерот Елиф Елмас стои позади неа и игра со кренати раце, додека Сузе му пее и му игра, па и снима..

Па така, Сузе ја пееше својата песна „Бум бум“, а сите гости на свадбата играа и пееја како построени кога ќе се слушне гласот на Сузе.

Позади Сузана се гледаше Елиф Елмас кој не се одлепи од неа, со кого играа блиску еден до друг додека таа ја пее нејзината позната песна.

Сузе објави фотографија со Елиф, и напиша:

,,Најдобриот фудбалер” со што Елмас неколку пати ја сподели фотографијата со Гавазова.

-Најубава и највесела свадба кај фамилија Елмас, додаде пејачката.

Сопругот На Сузана, Јасмин се занимава со доста платена работа, со градежништво. Тој е инвеститор, и тој на социјалните мрежи објавува фотографии од проектите- становите кои ги продава, а инаку тој изгради и вила со поглед на Дојранското езеро за себе и за своите три принцези.

Пред извесно време, Јасмин објави слики од него како ужива во спа центар, и се релаксира покрај базен и напиша дека е време и тој малку да се одмори по напорната работа со градежните проекти и продажбата на станови.

Јасмин освен што проектира куќи и тоа го прави успешно низ Европа, гради куќа во Дојран за своите принцези, тој кога не работи ужива во адреналински споротови.

На една од сликите на неговиот Инста профил, Јасмин покажал како вози мотор, и тоа токму над Дојранското езеро кое му е на дланка на оваа слика.

Дали овој поглед кој го објавил е погледот близу вилата која се прави во Дојран или не, останува да видиме, но на други слики, тој покажал дека има колекција од мотори и дека ужива да вози по неасвалтирани, земјени патеки.

Пред 2 години се зборуваше дека Сузана, Јасмин и ќерките ќе уживаат во својата нова куќа и многу се среќни.

„Нов проект“, напиша тогаш Јасмин до сликите од вилата која почнуваше да се гради, а глетката е милион долари, целото Дојранско езеро на дланка!

Јасмин и Гавазова решиле да се одморат малку за празниците, па заминале во својата нова куќа во Дојран. Може да се претпостави дека куќата веќе им е изградена, а тоа дали ја средиле, останува на пејачката и сопругот да проговорат.

Во секој случај, локацијата и погледот кој го избрал Јасмин е врв, што ја покажува неговата професионалност во работата што ја работи. Гавазова го сними погледот од терасата и пред куќата се гледаше големиот двор, базен, но и целата убавина на Дојранското езеро.